ги почитувам, но кога тој човек упорно ми кажува дека не сум во право, само од мене, и не кинам нерви со секакви луѓе
ги почитувам туѓите мислења, сакам да слушнам што мислат и другите ама ретко ги прифаќам. инает сум и не принавам дека моето мислење е погрешно
Секако дека ги почитувам и целосно ислушувам туѓите мислења. Како што и јас сакам моето право на мислење да биде исполнето, а мислењето прифатено и ислушано !
Бла бла бла, ќе треба пак да се повторам како и другите дека секој си има право на свое мислење. Да, ама тоа само го говориме, не? Слушам туѓи мислења, да. Ценам туѓ став, исто така. Прифаќам туѓо мислење, не! Големо НЕ! Штом сум се засвонавала цврсто на моето мислење го гледам како најдобро и затоа не гледам причина зошто да прифатам туѓо.
Со текот на времето се сменив...не дозволувам некој да ми наметне свое мислење...иако го почитувам неговото! Секој за себе, но колку и да се обидува некој да ми го смени мислењето не прифаќам, цврсто си стојам на своето.
Го почитувам секое мислење, не е битно кој го кажал или какви намери имал. Чуствувам почит кон се тоа што кажал макар и непотребно. Доколку ми е од полза и е најдобро од сите мои решенија што ми паднале на ум, секако дека ќе го прифатам. Се обидувам се помалку да имам предрасуди за личноста засновани на туѓи зборови. Ги ценам и оние кои го почитувале моето, не мора да го прифатиле. Може да изкажат свој став за него, но навредливо е ако не го почитуваат. Не може сите да имаат исто гледиште, што е добро затоа што во спротивно не би напредувале.
Се разбира дека да. Ги ислушувам и го почитувам кажаното до тој степен што памтам што кажале дури и тие кога заборавиле дека некад го кажале но тука сум да ги потсетам, штета што не за секој муабет можеш да вклучиш диктафон или да го добиваш написмено да им го пастираш муабетот, коа ќе велат јок бе, не сум ја тоа, никад.. у животов мој?!? Ноуп
Почитувам, само зависи на кого. Ако приметам дека човекот е интелигентен, образуван, културен и по говорот се познава што калибар е, секако дека ќе почитувам, има што паметно да каже. Ако знам или видам дека е спротивното, секако не почитувам што има да каже? Иако и тие си имаат свои добри ставови и мислења далеку од однесувањето, но според мојата теорија однесувањето е резултат на човечките особини, карактеристики. Инаку, воглавно не слушам многу многу туѓи мислења си го гледам и градам сопственото, иако ги почитувам оние кои вредат без разлика од кого се искажани.
Голема е разликата помеѓу тоа да почитуваш нечие мислење и да се согласиш со истото. Има некои мислења што можам да ги почитувам, и такви што не ги почитувам. Имам проблеми со прифаќање на мислења кога мислам дека луѓето се дезинформирани, или имаат нејасно гледиште за работите. Не почитувам мислења што негативно влијаат на комуникацијата меѓу луѓето или се донесени на погрешно време и место. Колку и да звучи излитено, секој има право да има свое мислење. Треба да го почитуваме тоа право, не слепо да се држиме до почитување на мислењето.
Почитувам ДА, Прифаќам НЕ. Во ситуации кога некој сака да ми го наметне својот став или мислење, влегувам во дискусија и неретко расправија.
За почитување, ги почитувам сите макар и се злобни и наметливи. Ама за да применам некој совет прво гледам колку е ќарот а колку загубата, па ако ми одговара го применувам ако не... ке си најдам јас поубаво решение.
Почитувам, не може сите исто да мислиме. А дали ќе го прифатам зависи. А ако е совет ќе го ислушам, ама ретко кога ги применувам, пак по мој памет ќе направам нешто
Секако почитувам туѓи мислења, не секогаш нашите се оние "правилните", нема да ми штети ако сослушам нечие мислење. Меѓутоа и не секогаш ги прифаќам истите.