Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали почитувате туѓи мислења?

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од ozbilnazena, 12 мај 2010.

  1. cigarce

    cigarce Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2011
    Пораки:
    1.401
    Допаѓања:
    3.931
    Пол:
    Женски
    ги почитувам мислењата само на луѓето кои знам дека никогаш не би ме повредиле Мајка мИ :*
    а се останатото го слушам секако меѓутоа :x
     
  2. Saya

    Saya Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2011
    Пораки:
    1.190
    Допаѓања:
    5.554
    Јас ќе бидам искрена и ќе кажам дека не го почитувам секое мислење. Во неколку наврати досега ми се има случено некоја личност да ми стане одбивна заради некој нејзин став. Пример, никогаш нема да го почитувам мислењето на некој што оправдува насилство врз животни.

    Малку ми е безвезно да кажам „Го почитувам твоето мислење“ ако истото се коси со принципите на кои го имам изградено односот кон надворешноста. Да се поправам, дволично ми е. Добронамерни сугестии никогаш не сум одбила, знам да се спогодам, и знам да си го променам мислењето ако некој успее да ме убеди со добри аргументи. Нема ништо понижувачки во тоа, а барем во нашево општество гледам дека подобро е да се сочува „гордоста“ и да се удира со глава во ѕид, наместо да се прифати нешто што е поинакво.
     
  3. tweety88

    tweety88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    61
    Допаѓања:
    23
    Ги почитувам, но тоа не значи дека се согласувам со нив. Едноставно секој си има различен став...
     
  4. M.a.r.i.l.y.n

    M.a.r.i.l.y.n Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2011
    Пораки:
    852
    Допаѓања:
    722
    Го почитувам туѓото мислење, а воедо и туѓиот избор, бидејќи секој има право на свое мислење и свој став! Како што несакам мене да ми судат, така ни јас не им судам на другите :!: . На крај краишта, па која сум јас или пак кои се тие да се мешаат во туѓи животи?!
     
  5. creshicka

    creshicka Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    2.152
    Допаѓања:
    5.710
    Пол:
    Женски
    Само мислењата на мајка ми, татко ми, сестра ми, и дечко ми ги почитувам. Другите можат да се сликат. Своеглава сум и никого не слушам. |(
     
  6. anuskaNESTLE

    anuskaNESTLE Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.979
    Допаѓања:
    7.104
    Почитувам но не слушам, што сум наумила го правам по секоја цена.
     
  7. MoreNa-22

    MoreNa-22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јуни 2011
    Пораки:
    386
    Допаѓања:
    76
    почитувам ама не значи и дека се согласувам соо нив
     
  8. Sense

    Sense Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јули 2011
    Пораки:
    113
    Допаѓања:
    45
    Туѓи мислења во однос на мојот живот во повеќето случаеви не почитувам. Никој неможе да ти каже што е најдобро за тебе. Сакам да погрешам и да ги осетам на моја кожа последиците од таа грешка, за да не ја повторам.
    Плус :!: секое искуство е добродојдено.
    Жабе некој то збори напрај вака, напрај така-кога на крај пак ти мора да го изминеш својот пат.
     
  9. MarchelineAmaru

    MarchelineAmaru Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    2.255
    Допаѓања:
    1.343
    Многу ретко прифаќам туѓо мислење и тоа во случај да не сум определена во однос на нешто што ме засега или пак ако ми се види доволно мудро .
    Обично се раководам според сопствените ставови и желби.
     
  10. angel4e121

    angel4e121 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 август 2010
    Пораки:
    687
    Допаѓања:
    291
    Ги почитувам да,кога мислам дека се во право,но секој си има право на свое мислење :)
     
  11. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.585
    Допаѓања:
    40.012
    Пол:
    Женски
    Почитувам туѓи мислења но не секогаш се согласувам со нив.
     
  12. vlubena

    vlubena Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    767
    Допаѓања:
    627
    Ги почитувам туѓите мислења но не секогаш се согласувам со нив ;)
     
  13. Tanny

    Tanny Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2010
    Пораки:
    564
    Допаѓања:
    401
    Почитувам туги мислења, кога мислам дека се во право, но незначи дека се согласувам со нив.
     
  14. lovemebaby

    lovemebaby Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 август 2011
    Пораки:
    234
    Допаѓања:
    174
    Почитувам само искрени и добронамерни мислења,некогаш се согласувам ама некогаш не.
     
  15. XMaN

    XMaN Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.307
    Допаѓања:
    2.371
    Да, ако се издржани и добронамерни.
     
  16. Jule.Sk

    Jule.Sk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2011
    Пораки:
    1.314
    Допаѓања:
    736
    Пол:
    Женски
    Па прифаќам се во целина и ќе подразмислам кое мислење е подобро моето или туѓото полесто било туѓото но тоа се случувало бидејќи многу сум избрзала :D
     
  17. WildCherry

    WildCherry Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    1.193
    Допаѓања:
    1.172
    Да почитувам туѓи мислења но доколку се аргументски изградени и со факти поткрепени, а и да не се па на крај краева секој има право на свое милење, и секој си има начин на негово доловување.
     
  18. Hiii

    Hiii Популарен член

    Се зачлени на:
    5 април 2011
    Пораки:
    1.427
    Допаѓања:
    1.563
    Секако дека почитувам но тоа не значи дека се согласувам.Но ако моето мислење не се почитува искрено би се размислила... :)
     
  19. Lilliana

    Lilliana Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 септември 2011
    Пораки:
    20
    Допаѓања:
    57
    Ги почитувам туѓите мислења, особено од луѓе кои ги сакам и знам дека ми мислат добро.
    Но, доколку нивните мислења не се совпаѓаат со моите, а најчесто е така, тогаш не ги прифаќам.
    Ако згрешам, ќе знам дека одлуката била моја. ;)
     
  20. danniela5

    danniela5 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2011
    Пораки:
    1.308
    Допаѓања:
    881
    Пол:
    Женски
    Секако , сметам дека секој има право да си го искаже своето мислење, и должност ми е целосно да го сослушам, без да го прекинувам и слични работи. Истото го барам и кога јас се изјаснувам.
    Но иако почитувам не значи дека секое мислење треба да биде прифатено.
    Некој те советува за добро, повеќето за лошо да направиш за жал...
    Само едно ќе кажам : Господ нека ме чува од пријатели, а од непријатели можам и самата ...