Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали почитувате туѓи мислења?

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од ozbilnazena, 12 мај 2010.

  1. Sramezlivoto

    Sramezlivoto Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    268
    Допаѓања:
    100
    Секој си има право на свое мислење и го оставам да се искаже до крај, потоа јас сум на ред или се согласувам или го кажувам моето кое секогаш е во право :D
     
  2. Scar.Tissue

    Scar.Tissue Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    371
    Допаѓања:
    1.045
    Секој си има право на свое мислење.
    Но, доколку сум убедена дека моето мислење е правилно и поддржано со факти, ќе дадам се од себе да им го сменам мислењето.
    А, доколку ме убедат со факти дека грешам, тогаш јас менувам мислење.
    Што значи, сепак почитувам туѓо мислење.
     
  3. Sm.real

    Sm.real Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2011
    Пораки:
    161
    Допаѓања:
    64
    Воглавном да,се додека не се поткрепени со омаловажување и слично..И тогаш го прифаќам како мислење ама знам да вратам и јас !
     
  4. femina989

    femina989 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 мај 2011
    Пораки:
    84
    Допаѓања:
    14
    Почитувам туѓо мислење, се додека мислењето е поддржано со факти....доколку не е, си стојам само на моето :)
     
  5. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.504
    Допаѓања:
    5.576
    Почитувам до извесен степен. Не мислам дека сум баш секогаш во право т.е.знам дека не сум била иако веројатно тогаш во конкретниот моменАт сум убедена и глави сечам ко средновековен егзекутор со качулка :D , живо човече сум и кај мене доаѓа до црвено светло и испишан ерор понекогаш, верувам дека никој не е апсолутно секогаш во право и секој од нас најмалку еднаш во живот почувствувал на своја кожа изгореници од трет степен за нешто за кое не бил во право. Па, живот со бланко искуство од друга страна и не е нешто што лично преферирам и посакувам :wasntme: .

    Во однос на оние мислења од најблиските ех, баш тоа е најоштриот нож со две сечила. Знам од една страна дека по дифолт намерите им се најдобри, ама и патот до пеколот е поплочен со такви де, мислам баш нивната огромна субјективна инволвирност често им ја замаглува перцепцијата понекогаш. И факт :!: , за најблиските на сите ни се активира онаа себична мотивација и често мислејќи дека некому сугерираме нешто најдобро за него или неа, всушност го сугерираме најдоброто за ми, мајселф енд ај.

    Пак во однос на мислењата на помалку блиски персони, си имам филтер низ кој ја филтрирам нивната издржаност и давам зелено светло ако го минат тестот за квалитет. И доколку некој во недостиг на аргументи ме напаѓа персонално со лични навреди или си се смешкам и го иритирам вербално или ако ја премине границата на пристојност знам и да ги употребам неговите куршуми, инает сум и касам, овај враќам де соодветно, :P .

    Во однос на прифаќањето ја земам секоја позитивна и издржана сугестија во предвид, но пак ќе постапам на крај по мое, принцип - или по мое или по мое :D , што да правам личните искуствени борби и лузни ги ценам повеќе.
     
    На Shana и ljubam им се допаѓа ова.
  6. XMaN

    XMaN Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.307
    Допаѓања:
    2.371
    Да, посебно ако се кажани на културен начин без да ме вреѓаат а ако можам и да научам нешто од нив уште подобро :).
     
    На Shana му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Ivu4

    Ivu4 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 септември 2010
    Пораки:
    234
    Допаѓања:
    41
    Зависи кој ми кажува ако особата што ми кажува ми е мила фина,добра би го почитувала нејзиното мислење доколку не секако дека НЕ! :$ :D
     
  8. Sienna

    Sienna Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 август 2011
    Пораки:
    83
    Допаѓања:
    25
    Почитувам со тоа што ќе ги ислушам,а ги применувам ако мислам дека се добри,не наметнувам мислења ниту сакам да ми наметнуваат! :)
     
    На Shana му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Gunshine

    Gunshine Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2010
    Пораки:
    817
    Допаѓања:
    666
    Да речеме дека почитувам, на некој начин, иако не знам што се подразбира у моментов под почитување туѓо мислење...

    Како и да е, сослушувам луѓе, и да се глупи -ако, нека си уживаат во сопствената глупост, друго не им преостанува.
    Многу луѓе, многу мисли, ама некои се дискутабилни и не секогаш заслужуваат да бидат ислушани...
    И поетот сакаше да каже... не почитувам сечии мислења.
     
    На Shana му/ѝ се допаѓа ова.
  10. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.099
    Почитувам, знам дека секој е различен и секој има право да мисли и дејствува според свои убедувања, и најчесто ми е интересно да разговарам со особи со различни мислења и ставови од моите...Дали во себе ќе си речам wooow или пак отворено ќе си го искажам моето чудење не е битно...важно ќе ги ислушам и во најголем дел можам да ги разберам...
    Освен кога се работи за најблиските ми...Ако гледам дека почнале да се водат по некои ставови за кои јас мислам дека се погрешни, и плус влијаат на мојот живот, тогаш не ги оставам на мира и сум жива напаст...
     
    На Shana му/ѝ се допаѓа ова.
  11. CIA

    CIA Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2011
    Пораки:
    1.525
    Допаѓања:
    3.029
    Почитувам туѓи мислења но во зависност од тоа кој ми го кажал...ако е некоја личност која нема ни малце памет во глава нема ни да сакам да го слушнам нејзиното мислење, ако е некоја паметна личност која може да ми помогне секако дека со големо задоволство би го слушнала нејзиното мислење.
     
  12. SilverGirl

    SilverGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    64
    Допаѓања:
    7
    ги почитувам туѓите мислења, ги ислушувам до крај кој - што има да каже.

    само тоа не значи дека ги прифакам сите :!:
     
  13. LittleDevil

    LittleDevil Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јули 2011
    Пораки:
    1.701
    Допаѓања:
    1.919
    Пол:
    Женски
    Да. Почитувам. И туѓи мислења. И совети. Но само кога знам и сум свесна дека навистина грешам за нешто. И почитувам мислења само од оние кои знам дека се грижат навистина за мене. Поблиските другарки/ки, моите родители, секако, тие ми мислат секогаш најдобро.
     
  14. manja666

    manja666 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    1.144
    Допаѓања:
    17.999
    Почитувам нормално..ама ретко прифаќам .
     
  15. BlackSwan5

    BlackSwan5 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    2.765
    Допаѓања:
    3.559
    Се трудам да почитувам но секогаш мислам дека моето мислење е најправилно.Знам дека не треба така но таква сум што да правам.Дури откако ќе сфатам дека сум била грешка се извинувам.
    Но сметам дека ако некое мислење е добронамерно или исправно треба да се почитува.
     
  16. thegirl2

    thegirl2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 март 2011
    Пораки:
    155
    Допаѓања:
    39
    почитувам...но зависи не ги прифаќам секогаш :)
     
  17. BeYourself

    BeYourself Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    1.493
    Допаѓања:
    2.949
    Почитувам. Но, не значи дека истото го применувам, не сите во денешно време се искрени, но сепак го земам во предвид мислењето. :)
     
  18. TeddyS

    TeddyS Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 мај 2011
    Пораки:
    235
    Допаѓања:
    121
    Секако дека да.

    Според мене нечие мислење неможе да биде грешно.Сепак тоа е мислење..некој го смета за добро некој за лошо.

    Ај дека е офф.. тука ќе пишам дека најмногу мразам кога некој нема мислење,или го копира туѓото. Сепак искажаните мислења даваат претстава за вашиот карактер :)
     
  19. ilovehim

    ilovehim Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2011
    Пораки:
    37
    Допаѓања:
    4
    И јас почитувам,но скоро никогаш не ги прифаќам,си терам по свое,како јас си сакам и како ми е мене убаво :rofl: мајка ми се ме кара и ми вика со ваков инат како тебе,тешко дека може да се разбере некој :lol: а јас со сите се разбирам,само со неа не :rofl:
     
  20. Chocoholic

    Chocoholic Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 април 2011
    Пораки:
    747
    Допаѓања:
    988
    Апсолутно. Не значи дека секогаш се согласувам со тоа што го вели другиот, но го почитувам неговото мислење