Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали почитувате туѓи мислења?

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од ozbilnazena, 12 мај 2010.

  1. the.one

    the.one Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    564
    Допаѓања:
    797
    Почитувам туѓо мислење, сфаќам дека секој го има и не можам никако да го сменам. Но, освен ако е исто како моето, никогаш не го прифаќам.
     
  2. gothchick

    gothchick Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2011
    Пораки:
    1.598
    Допаѓања:
    1.836
    Ако е мислење од мој близок прифаќам. Ако не е, не ни слушам xD
     
  3. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Ги почитувам, иако не секогаш се согласувам со туѓите мислења.
    Не сакам некому да ги наметнувам своите ставови, знам да развијам некаква дискусија, но не по секоја цена да убедувам некого во она што јас го мислам. Одбегнувам личности кои мислат дека секогаш се во право, и напорно ми е да слушам едни исти аргументи кажани во различна форма.
     
  4. Anna-Banana

    Anna-Banana Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2011
    Пораки:
    3.895
    Допаѓања:
    4.902
    Пол:
    Женски
    Секако дека го почитувам туѓото мислење.Односно го почитувам најмногу мислењето на моите најблиски...фамилијата :D
     
  5. Justice.Girl

    Justice.Girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2011
    Пораки:
    294
    Допаѓања:
    213
    Пол:
    Женски
    Секако! :) Ги почитувам туѓите мислења и кога се слични, и кога се многу различни од моите :) Несекој има исто мислење и затоа треба да се почитуваат мислењата, но не значи дека мора секогаш да се прифатат :)
     
  6. Gluvcee

    Gluvcee Нов член

    Се зачлени на:
    29 ноември 2011
    Пораки:
    78
    Допаѓања:
    27
    Секако кога мислам дека треба да ги почитувам.
     
  7. Look

    Look Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2011
    Пораки:
    1.034
    Допаѓања:
    884
    Секако дека почитувам туѓи мислења! Многу често и барам туѓо мислење.
    Луѓе кои не почитуваат туѓи мислења ги окарактеризирувам како себични,тврдоглави и своеглави,а тоа не е добро.Не.не. :shake:

    Се додека туѓото мислење `држи вода`,го почитувам. :)
     
  8. PlaviOrkestar

    PlaviOrkestar Активен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2011
    Пораки:
    39
    Допаѓања:
    23
    Оние кои стојат на своето, ги почитувам.
    А другиве од типот "Еј Аца Лукас, шо ти е бе?! Ти нормален си??" И после слушам ја пее Нисам преживео и ќе рече "Ама не, дека друштвово ја слуша па ја знам." тоа не!
     
  9. sonce777

    sonce777 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2010
    Пораки:
    461
    Допаѓања:
    262
    Пол:
    Женски
    Да почитувам туѓи мислења и ако се корисни ги спроведувам знам да кажам ;да во право си твоето мислење е во ред''.Благодарение на некое туѓо мислење сум донела некоја исправна одлука.
    Карактерно не сум тврдоглава.
     
  10. Smileeee

    Smileeee Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2011
    Пораки:
    342
    Допаѓања:
    75
    Почитувам и се обидувам да ги разберам туѓите мислења доколку не ми се јасни :)
     
  11. danniela5

    danniela5 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2011
    Пораки:
    1.308
    Допаѓања:
    881
    Пол:
    Женски
    Почитувам, ама денес се покајав околу ова. Не заслужува да се почитува секое мислење :@
     
  12. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.800
    Знам да ислушам, ама ако не е по мое знам да влезам во дебата, и се знае муабетот, секој си држи до своето...... :lol:
    Туѓото мислење ако не те засега лично, треба да се почитува. Но сепак, доколку е исправно.
    Ако се работи за нешто што очигледно не е во ред (пр. нечие малтретирање, навредување) таквото мислење не можам да го почитувам. :x
     
  13. Oxymoron

    Oxymoron Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.394
    Допаѓања:
    12.258
    Го почитувам секое мислење. Секако, тоа не значи дека се сложувам со него. Всушност, уште подобро е ако не се сложувам со тоа мислење, па настанува дебата, и ако соговорникот има доволно силни аргументи за да го поддржи сопственото мислење, значи дека мислењето му „држи вода“, и тогаш ќе го почитувам уште повеќе.
     
  14. interesna

    interesna Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2010
    Пораки:
    1.919
    Допаѓања:
    673
    Да почитувам туѓи вкусови, мислења и ставови, без разлика дали се спротивставени или исти со моите, тоа е слободата на еден човек и нема смисла некому да ја ограничувам.

    Ма обожавам да ги слушам. Секогаш ме интересира туѓото мислење, дал негативно или не, за мене или друг, ме интересираат, само негативните никогаш не ги зимам толку при срце.
     
  15. daddys.princess

    daddys.princess Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2011
    Пораки:
    988
    Допаѓања:
    319
    почитувам туги мислења и совети али не секогаш ги применувам,секогаш е пресудно она што јас ке го одлучам на крај ,некад имам голема помош од милењата али некад не ,зашо знам дека денес не сите ти мислат добро,80 посто од пријателите се радуваат за нашите проблеми,а другите 20 не ги интересира
     
    На feferona му/ѝ се допаѓа ова.
  16. chocolate.chick

    chocolate.chick Популарен член

    Се зачлени на:
    9 ноември 2011
    Пораки:
    922
    Допаѓања:
    644
    Секако дека ги почитувам, ценам. Секој има право на свое мислење и став. :)
     
  17. firequeenn

    firequeenn Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    2.248
    Допаѓања:
    6.722
    Нормално дека почитувам туѓи мислења.

    Без разлика дали има смисла тоа што го кажува соговорникот сакам да го слушнам , да има чувство дека го слушам . А и го слушам , ретко се случува мозокот да ми е на друго место кога некој ми кажува што мисли за некоја работа oти несакам да препрашувам што рекол . :wasntme:

    Често ми се случува да исслушам нечие мислење а да не се согласувам со тоа . Кажувам јавно дека не ми се допаѓа неговото мислење, подобро него да му кажам отколку зад грб да мрчам дека мене не ми одговара нештото . И гледам да се најде компромис за одередната работа.

    Се случувало и да мислам дека јас сум во право но кога ќе ми кажат повеќе мислења од страна ја согледувам грешката па и јас го менувам мислењето . Тоа не значи дека сум лесна на карактер но знам да сум и своеглава и да мислам дека ете , само јас сум во право и никој друг. Тоа знае многупати да ми биде и грешка и после се каам за тоа . Затоа сега прашувам повеќе што мислат и другите оти се вели : ,,Повеќе глави мислат подобро од една,, :wasntme:
     
  18. ANGEL1

    ANGEL1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 декември 2011
    Пораки:
    227
    Допаѓања:
    84
    Пол:
    Женски
    Нормално е да се чуе туѓо мислење за некои работи , да се ислуша соговорникот, да се продискутира... но многу мразам кога некој упорно се труди да ти наметни некое мислење :@
     
  19. HeelsLover

    HeelsLover Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2011
    Пораки:
    565
    Допаѓања:
    655
    Пол:
    Женски
    Почитувам туѓо мислење ако ми се допадне или се сложувам ама ако е глупо е тогаш не почитувам . :geek:
     
  20. feminamk

    feminamk Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    126
    Допаѓања:
    20
    Почитувам туѓо мислење, сослушувам ама не ги следам туѓите совети..ако ми се совпадне мислењето или ако има потенцијал таа "теорија" ја почитувам..ако не држи вода..не ја рецкам.
    P.S. Највише ги почитувам советите од мама и тато..они никогаш не згрешиле во советување.:D