Во истиот момент кога ке си дојдам дома од некаде почнувам да го осекам како страно тело и страшно ме нервира,така што панично го соблакам дури и од под блузи и маички без соблакање На Facebook имаше и група која ептен одговараше на мене - That Wonderful Feeling You Get When You Take Off a Bra ! тоа е тоа, priceless
По дома ги пуштам на пасење , бидејќи сме три жени слободно може да се расцицла човек, ама кога е татко ми тука срамота е па облекувам или градник или поширока црна блуза. Највеќе ми се прави меракот после работа влегувам у соба се распиштолувам и легнувам на кревет, ма каков прслук каков бра
Поприлично сум надарена (се би дала да ми се помали) и морам да носам прслуче цело време...освен кога спијам секако
кога ќе дојдам дома веднаш го менувам градникот за беби дол или некое боди ем поопуштена ем поприбрана
Го носам цел ден, освен кога спијам (секако). А доколку го извадам преку ден, се чусвувам некако незнам.. многу ми е глупаво.. А некогаш па заборавам и спијам со него, но после не ми е удобно 24/7 во него. Исто така и јас чудно го вадам, прво го соблакам едниот ракав, па ја вадам едната прерамка, и го облакам ракавот (исто и со другата прерамка, затоа што ме нервира коа ќе ми се откачи прерамката од копчето, па сум ја свртела наопачки бла бла ) И после само го откопчувам, и наеднаш го вадам од напред. Некогаш сестра ми коа ќе ме види ќе почне да ми се смее.
ууу ме нервира неможам да се замислам по цел ден дома со градник.. прво од ко кје се вратам од излегуванје тоа го правам
Крупнички ми се цицорките и сеуште добро се држат и без градник,ама не можам бе, не можам да се шеткам по дома без градник! Единствено за спиење секогаш сум без градник,а инаку преку цел ден си носам!
24/7 сум со градник, едноставно сум се навикнала па затоа мнооогу ретко го вадам за спиење. Воопшто не ми смета.
Јас градник никогаш не носам по дома.Едноставно ми пречи а колку што имам слушано и не чини да се носи нон стоп од здраствени причини.
Јас не можам без градник. Од 12 години почнав да носам (кога почнаа да ми се приметуваат градите) и оттогаш нон-стоп носам. И за дома и за излегување и за спиење. Не ми смета воопшто и попријатно ми е со него.
за по дома никогаш не носам а не па за спиење, едноставно неможам да го поднесам, а некогаш знам и до продавница да тркнам така без градник не ми се којзнае колку големи.
Носам и тоа како.. Неможам едноставно без него... И за Спиење носам ств неможам без него... Чудно но тоа сум јас ....
Јас носам секогаш и дома и за спиење и кај да одам....а ако не носам се чувствувам некако чудно, како сите да се гледаат во мене и сл...