Да речиси секогаш и не го ни приметувам, често дури и спијам со градник. Имаше период кога се здебелив многу и во тоа време многу ми сметаше , па од врата прво градикот го вадев, па чевлите . Сега фала богу немам ни вишок кг ниту пак таков проблем. За време на бременоста и додека ја доев малата, докторите имаа поделени мислења дали треба или не да се носи градник. Што мислите?
Да, секогаш е на мене дури и спијам со него. Порано воопшто не го соблакав а сега се случува да го соблечам но ептен ретко.
Леле темава Имам поприлично големи гради, а дома никогаш не носам градник, ги пуштам на слобода, па знае да ми се случи, да заѕвони некој на врата, па трчам по градник или натнувам некој џемпер за да не ми се забележат слободните ми другарки
Зависи. Ако сум сама дома знам да си се опуштам, па имаат и дамиве право на слобода. Ама бидејќи се големки не иде така да се шеткарам надвор. И дополнително никогаш, не сум спиела по дома со градник ич не ми е јасно како можете, не ве стега??
Секогаш носам граник, некако чудно ми е без градник, ептен гола се чувствувам. Спијам со градник, ама ете се случува некогаш да го соблечам пред спиење затоа што чувствувам стегање во пределот под градите.
Неможам да го поднесам додека сум надвор а не па уште дома порано не го симнував од мене дури и си спиев со него али сеа нз што ми се деси ептен не можам да носам дури глеам и што помалце да го носам ... Ми смета
Порано носев, т.е кога го заносев, чудно ми беше да не носам и дури и со него спиев, се чудам како сум можела, имам мали гради, и сега не носам градник низ дома, идам дома и одма го соблекувам (сега чудно ми е да го носам, ми смета), а кога носам една поширока дуксерка со капа (бај д уеј со мики маус е ) ич не носам, не се познава ништо
Го соблекувам истата секунда кога влегувам во домот. За спиење па да не правиме муабет. Надвор не можам без него, дома не можам со него. Не за џабе е машки род.
Слободааааааааааааааа! Дома никако. И тоа не ја ни соблекувам маичката, туку го вадам преку неа. Не можам да дочекам. Убајни се кога ти се мафтаат по дома *џигл*џигл*.
И јас исто. За спиење не, многу ми смета. Ама инаку по цел ден си го носам, од сабајле до вечер, глупо ми е да ми се мафтаат лево - десно
Се стопли, немам обврски на факултет и почна сезоната на 24 часовно шетање без градник по дома. Градник се става исклучиво кога се излегува во диско или кога се оди на гости кај роднини, за кај другарките не се става Оставете ги да дишат !!!
Луге ве читам и се чудам, па имате ли вие дома фамилија зарем не е малку непријатно особено во лето кога носиме маички без ракави. Мене ми е несватливо особено пред машкиот дел од семејството да се шетам без градник и да ми се познаваат пупките.
Па небитно дали е поширока или потесна летно време не се носат блузи туку маици, а каква и да е таа маица сепак се познава, мислам дека прво јас би чувствувала непријатно а можам да претпоставам како би им било на останатите дома или да не зборуваме ако некој дојде сосед другар пријател итн.