Па јасно дека носам,како може така,не ми згодно пред татко ми и брат ми мислам нема логика јадиме на иста маса седнати еден спроти друг а јас без градник некако не ми е логично....јасно дека татко ми нема да ми гледа во гради како манијак но мене ми е невкусно тоа....нема по убаво да си стегнат и прибран!Посебно па во лето ноу веј!
Баш исто, зошто и немам некои растресени гради, си имам маичиња што ми се добра замена за градник да не ми се познаваат пупчињата и шибам. Носам само ако одам на работа или на некој разговор за работа, а изминатава година можам на прсти да избројам колку пати сум облекла градник
НЕ .. и неможам да носам.. ми се пафтаат натаму-наваму и баш ми е гајле.. а и нема кој посебно да ме гледа па да ги камуфлирам... СЛОБОДА ЗА ЦИ*КИТЕ !!
Да,носам и по дома . Го вадам само за туширање. Спијам со него-после секоја„блиска средба„со мм.повторно си го ставам,градникот де. Не можам да спијам без него,бидејќи ми бегаат.
Дома никогаш не носам градник поготово летно време нема шанси да се потам во нив!! Единствено кога знам дека ќе ми дојдат гости и за да не им биде незгодно си облакам.
Кога бев немажена обично по дома не носев градник, некогаш дури и на некоја мала прошетка одев така. Ама од кога се омажив градникот како да зарасна за мене. Ама бре кога си во заедница со свекор и свекрва малку е незгодно да ти ги гледа некој градите и по пупките да приметува дали ти е студено или не. Ова ви го велам од искуството на една пријателка. Си седеле во дворот летно време сите заедно а таа без прслуче. Застудело надвор и и се набабриле брадавиците, свекор и приметил, па пред сите рекол на маж и: Ајде ___ стани донеси и на женати некоја блуза да не и студи, оти и оваа што ја носи може да и се искине. А таа кога сватила зошто ке и се скине и таа што ја носи ваква станала а и си остана таква у наредните неколку дена. И затоа без градник само на спиење или кога сум сама дома понекогаш можам да си се излуксузирам.
Кога сум дома, редовно не носам градник, единствено ако не дојде некој на гости.Инаку, секогаш кога излегувам, градникот ми спаѓаво задолжителна опрема.
Да носам , обично тоа ми е градник за по дома потенок памучен послободен без потпунки , а кога излегувам носам само од оние со вградени потпунки.....
А јас пак сум слушнала дека ,додека се во раст градите кај девојчињава препорачливо е за спиење и по дома да не се носи градник - за да пораснат градите полесно,и поголеми
Кога дедо Боже би ве обдарил со гради со размери како моите, ќе сфатите дека градникот ви е побитен од пропуштање во ред во банка....кога имате дијареа Абре си го навикнав, дури ми е чудно ако не го носам. А, што се однесува за спиењето...па ако не палавеам со дечко ми, знам да заспијам со него иако во последно време практикувам сепак да го соблечам и да му откажам љубов барем во ноќните часови
Јас скоро никаде не носам, па не дома Ме нервира ,се чувствувам ко куче на синџир ,непријатно ми е кога носам градник. Досега само два ми се имаат погодено и тоа со заден дел како рамбовка,е во нив ми е удобно ! Инаку ,за некоја посвечена прилика ставам ,нормално . Си имам најдено друга алтернатива - бејби дол. Многу добра работа ,