Носам градник по дома, бидејќи имам големи гради без него не се чувствувам добро и некако страм ми е. Подобро ми е со градник, поубаво се осеќам.
Се прашувам каде ли отиде светов, но последните неколку девојки сепак ми даваат надез дека колку толку сеуште има нормален свет )) јас незнам како можете да се појавите, пред родителите така без прслук посебно сега летно време кога се носат тенки маички на прерамки. Незнам или нешто не е во ред со мене или со остатоков од женскава популација.
Носам, не ми пречи воопшто. Не го сфаќам вадењето на градникот како ослободување, баш си ги сакам градниците. Се случува и да не носам, но кога сум сама.
исто и јас по дома никогас не носам ниту пак за спиење ниту пак се срамам од моите некогаш се слушува и до продавница да појдам без градник
Речиси никогаш освен кога треба да дојде некој или да идам до продавница. Немам многу големи гради и супер ми е
Последниве два месеци не носам градник..го клавам само кога излегувамм и кај моите другарки одам без прслук сега погнам да носам бибидолче хахаха полесно ми е во него
Летно време не носам,зш имам мали гради и си носам или беби дол,или такви како горен дел бикини, на врзување,си ги имам во сите бои
Никакооооооооо, имам големи гради, и ми се потат секако во градникот, едвај го носам, не го поднесувааааааам, дома пасат трава бреееееееее хахах
Јас никогаш не сум одела по дома без прслук некако глупо ми е се ти се познава и непријатно е и за спиење си го носам
Ами шо знам,кога како...Не ми пречи којзнае колку па да неможам да го трпам. Имам и спиено со градник,порано ми се чини не го ваѓав секоја вечер. Сега да, иако не ми претставува нешто толку страшно
Јас редовно носам, ги вадам само за бањање. Мислам дека за доста важно за задржување на цврстината и формата има градникот. Ако не се носат редовно, градите надвиснуваат, слободно растат накаде сакаат и добиваат неправилна форма. Барем јас така мислам. Не дека ако не носиш нема да имаш убави гради, но и градникот има своја важна улога. Па не ги измислиле за џабе.