Дали дома носите градници? Порано, уште како помала имав големи гради и цели ми се пафтаа наваму натаму. -.- ко што рече Лакримоса ама ич неќев да носам градник, и дури и во школо го дигав нагоре, ццц. А па дома да не збориме. Одма го вадев штом ќе стигнам. Ама па за тоа сега имам стрии на градите, и ако не носам уште поише ќе ми се направат.. И што да правам, иако уште ми се незгодни со овие жициштава глупави, морам да ги носам. И вечер го носам иако не е добро да се носи, може да ти се прекршат и жиците а и за тебе не е добро незнам кај читав. Ама па ме мрзи сабајле да облакам пак, ладно ми е а и немам време, јас пет саати се местам за у школо Ај машкиве нека поделат малку од нашава мука... Чисто онака, да видат како е бар на ден. Едит: И некако сега малку од малку како што се навикнав, после бањање и вечер да е и да не искачам морам да си ставам пошто со маицата ко што ми се големи цели ми се спуштаат и ако ја ставам маицата внатре, ууу не дај боже до земја ќе ми паднат. Ах, маки маки наши.
Дали дома носите градници? Освен за туширање , секогаш носам. Не дека имам големи гради или пак не убави, ама не ми е убаво без градник.
Дали дома носите градници? Знам дека не е убаво да се носи за по дома,ама ете навикнав,не можам без прслук по дома,само пред спиење го вадам.
Дали дома носите градници? Јас се навикнав со него и сега мн ректко го вадам за спиење но и тоа ретко се случува сепак се тоа е навика
Дали дома носите градници? Јас постојано носам, значи немам големи гради, ама некако глупаво ми е без градник, и постојано носам и по дома и за спиење, како што кажа марама, освен за туширање
Дали дома носите градници? АААА не можам без него,постојано носам,онака како што велиме со една сокласничка како (немолзена кравичка сум)хихих така се чувствувам...и си спијам со него....не можам и во сон да ги гонам лево десно ....
Дали дома носите градници? Се е до навика. И јас го носев и на спиење. Не мрдав без него. Ама откако ми се појави фиброаденомот, лекарот ме советуваше да не носам градник и толку беше од навиката. Има и одвикнување нели
Дали дома носите градници? И јас порано носев постојано, ама сега не можам да ги поднесам. Посебно ми прават проблеми оние со жица - ако ги носам подолго ме боли местото меѓу градите. Без жица ретко наоѓам да купам, но имам неколку, па ги носам низ дома... понекогаш.
Дали дома носите градници? Не носам по дома, никогаш А па да спијам со него? Нема шансииииии! А и не сум надарена ич во тој поглед, не гледам зашо да го носам дома. Си уживам во комфорот
Дали дома носите градници? Секогаш различно. Некогаш знам да го заборавам да го соблечам и така по дома да го носам, а и плус ме мрзи цело време да правам облечи-соблечи, а често одам кај комшиите, а глупаво ми е без градник да одам било каде надвор од дома. Но за спиење никогаш не го носам, не можам да заспијам ако ме стега нешто околу градите.
Дали дома носите градници? Ти благодарам за исправката, знам како правилно се нарекува прслукот (градникот) но бидејки на форумов не секогаш се користат баш литературните термини па затоа прибегнав, кон термин кој сто сите ние го користиме во секојдневната комуникација. Во секој случај те благодарам и се надевам ке ми простиш што ти се обракам на “ти“ иако знам дека е правилно на некој што не ти е близок или повозрасен треба да се обракаме со “вие“ усте еднаш ти благодарам за забелешката а што се однесува до забелешката, на насловот што беше кажан од дру/а член/ка на форумов знам дека е несоодветен но сакав поблиску да ја опишам, темата за која сакам да разговараме. Во секој случај сите забелешки се добредојдени и не сум јас суетна, особа прифакам забелешки.
Дали дома носите градници? Надарена си сум за тоа,ама по дома никогаш не носам градник.Си идам од школо го слекувам и си облекувам пижами.Ова ми е фетиш.
Дали дома носите градници? Ни под точка разно. Не можам едвај го додржувам на мене додека сум надвор од дома. Најубаво е чувството кога ке го соблечете градникот. Спојлер т.е кога прслуците паѓаат се извинувам на нелитературниов израз Ме претрка срцулка... и јас одма пижами облекувам и јас имам големи гради ама си носам едно како маичка на прерамки а градник дома не доаѓа во обѕир .
Дали дома носите градници? За спиење не носам,нема шанси цела ноќ да се стегам,не ми е удобно така да спијам.Инаку по дома носам,па морам да носам некако ми е незгодно, приметливо е ако не носам.
Дали дома носите градници? леле знаци како успевате без градник, зс јас стварно не можам мислам, не дека имам претерано големи гради ама ме болат кога не го носам и при најмало движене осекам болка и како да м се тресат. и дали знаете како се викасе едно слицно на беби дол, знам дека на б почнуваше....
Дали дома носите градници? Или ако малку се возбудиш веднаш се познаваат, знам и јас го имам тој проблем, мене и така ми се големи, градите а со самото тоа и брадавиците и знам како е непријатно да се биде дома пред најблиските без градник. Без разлика на тоа што во зима се носи релативно подебела облека но сепак како што рече ти малку ако ми застуди или ако се возбудам малку одма реагираат брадавиците и непријатно ми е особено од таткоми а плус имам брат тинејџер кој е сега баш во тие луди години така да им завидувам на сите оние кои може да си шетаат без градници. И само и јас да одговорам ретко сум дома без градник освен кога сум сама дома а не ретко спијам со него некако ми е попрактично, бидејки како што реков имам големи гради па ми сметаат во спиење.
Дали дома носите градници? Носам не од некоја којзнае каква причина туку од што ме мрзи да правам соблечи-облечи и јас цела таква изгубена сум За спиење го вадам обавезно не можам да спијам така
Дали дома носите градници? Море го фрлам и некам да го видам искрено сум читала дека повеќе од 8 часа е штетно да се носи да чукниме во дрво го потикнува содавањето на рак на дојка ....но како и да е немам големи гради и живеам само со сопругот и детенцето така да се ослободувам целосно дома но како што спомнавте погоре не баш пријатно пред родители или браќа да се шета така ОПУШТЕНО