Ајде бе! И за личен избор ли за носење градник по дома, треба да се расправа, соли памет, морал и зелени? Па имав школска што никогаш не носеше, а не е да нема гради, баш онака убава големина и се и цврсти, и поубаво изгледа и посредено од некои што носат градник со чорапи и изиграваат к**ац ипол. Лично, по дома ретко носам, бидејќи живеам само со мајка ми па не ми е срам од неа фала Богу, а не ми е срам ни пред дечко ми да си носам поширока маица без градник. Глупости, како демек испадна сега носењето градник има врска со моралот, воспитувањето, к**ци-палци. Мене поголема мераклика ми е онаа која со пуш-ап во дреч боја и со чипки ги прчи на секого во фаца при разговор, отколку некоја без градник која изгледа средено.
Значи на крај испаѓа мајка ми лошо ме воспитала, а? Мамоооо!!!! Доаѓаааааај!!! Да ти прочитам нешто. Една виртуелна Сања овде вели дека лошо си ме вАспитала! Не ти е срам?! А?! Ауу се превртив од стол Да не бидам оф-топик, порано кога баба ми била девојка живееле огромна фамилија во заедница и ако тогаш не биле патријархално воспитувани (за разлика нели од она воспитување мајка ми што ми го дала ), епа не знам кога. И мислите тие носеле градници ТИЕ тогаш не носеле гаќи, камо ли градници, а не ние сега. Спојлер Да не бидам погрешно сфатена, си носам гаќи јас. Инаку ме жули работ од пантолоните
ХАхаха не не, што ти е на тебе, посрамно е дома да шеташ амн, ПАТРИЈАХАЛНО не си воспитана. надвор ако сакаш гола оди, а дома со ролка и со градник нормално. иначе и јас исто као тебе живеам само со мајка ми, и не ми е срам, но и да имав брат немаше да ми биде срам воопшто да седам по мичка, нормална затворена а не да ми искачаат, какои е на Сањче замислата. Ох мајки те се криви, дома без прслук, надовр и без маица! тоа е девојќи признајте, такви сме. Shame on you mother, shame on you Хахахах, немој вакви мслења, Сањчето ќе помисли дека одвај чекаме и без гаќи да шетаме, не само по дома, хахаа скраја да е Спојлер особено кога ми се нови и мене ме стегаат
Најчесто носам дека кај нас стално има некој на гости дојдено. Имам средни гради и стварно ми е глупо да се поздравувам со гости а иглите да ми се познаваат нанадвор. Ама се е навика кој како се навикнал, мајка ми не носи. Зависи и до градите и до тоа кој каде живее (не е исто да живееш во две соби и во кука од три спрата). Ноќно време обично нема никој сама сум кај мене в соба и или не носам градник или пак само на градник си спијам. Заклучена е вратата не влегува никој. Во студенсткиот дом секогаш сум со градник. Не сакам додека се симнувам по скали едната на 4 другата на 2 спрат да ми биде. Иако убаво изгледа градниците не се здрава работа . СМРТ ЗА ПРСЛУЦИТЕ СЛОБОДА ЗА ГРАДИТЕ
Секако ова не се однесува за тие кои што живеат само со мајка, бидејки е нормално кога сте само со мајка дома да не носите градник тоа е исто како да сте сама дома, но јас зборувам за оние семејства во кои има по 2-3 машки члена во семејството. И сите се повикувате на тоа, тој ме израснал за од него ке се срамам, ако е така тогаш зошто не шетате голи тој ве бањал ви менувал пелени зар од него ке се срамите тој веке ве видел гола нели?
Вака Сања , ова за неносењето градник по дома и за провоцирањето на машките членови од најблиското семејство ми се чини како траскање зелени круши и тоа со лопата , значи толку ми е разбирливо . Да те прашам нешто ? Нели ти се чини дека жена со градник изгледа попровокативно и попривлечно за машките очи отколку жена без него ? Па јас мислам за тоа е и градникот измислен прво и прво ,од естетски причини , за да ги подига и истакнува женските гради ... А носење градник 24 часа на ден не е ни баш здраво , ризикот од рак е зголемен тоа е јасно. А јас да си кажам за себе не обрнувам внимание дали носам или не носам градник по дома ... тебе ти препорачувам ако се сомневаш во здравата психа на твојот пубертетски напален брат или татко , тогаш дома носи си широка маица , зашто ако носиш тесна маичка прилепена за телото , а сметаш дека брат ти и татко ти се во таква психичка состојба , градникот не ти прави баш и некоја разлика ...
Е сеа попара напраи самата се вплетка! Никој не рече голи да шетеме девојче, само констатиравме дека НЕМА ништо СРАМНО и НЕМОРАЛНО да не се носи прслук!Татко ти е забога а не некој непознат со сексуални нагони кон сопствената ќерка. Е ТОА Е НЕМОРАЛНО! Мн тука се изразија дека нема ништо срамно да одат по дома без градник со поширока маица! И јас да имав брат немаше да ми биде срам! нема зашто
Вака ако твоето тврдење дека е попровокативнои да носиш прслук отколку да не носиш тогаш зошто не одош на работа, на училиште или во град без градник? А што се однесува до здравата психа на моите нема да дискутирам бидејки нема со кого, ако некој мисли дека градникот има само естетска улога и ако некоја на 20 години не ни приметува дали носи или не прслук, тогаш што да кажам. И никогаш не реков дека треба да се носи градник 24 часа бидејки има време и простор кога може да се биде и без градник, на пример ноке или кога си сама во соба итн, и како што реков во еден мој пост порано и од пушење се добива рак па сите сте ги напнале цигарите и око не ви мрда за ракот или за она што ви одговара ги почитувате истражувањата, а за она што не ви одговора не ги почитувате.
Си носам постојано оти без градник не се чувствувам комотно.Но сепак тоа си е ичен избор. Абре Сање и во оваа тема ли се најде да филозофираш и аргументираш .
Леле Сања ок. Секој со свои размислувања Не можеш сите да не убедиш да носиме прслук по дома. Некои сакаат, некои не Јас не носам. Имам пишано претходно и дома имам 3-ца машки членови Не гледам ништо срамно во тоа. Па бог да чува како можат машките да се шетаат БЕЗ маици каде стигнат, а ние да не смееме брз прслук Па на крај краева цицки се, не се светко чудо
Ако сака некој да те гледа провокативно , ќе те гледа и со градник и без него , некои жени имаат спуштени и " понемирни " гради да речеме , а некои пак понезабележливи , ете затоа се носи градник бе Сањче , а не за да се плашиш да не те манијачи некој роднина не дај Боже ... А пак тие глупости , сите мажи во нашите семејства ги направи дегенерици . Ние не им ги вадиме на маса , бе женска , што има татко ти или брат ти да гледа ти дали носиш прслук или не ? И не знаев дека градникот бил измислен со патријахална цел , таа теорија никаде не сум ја сретнала , изгледа до мене ќе да е , а ? Па не знам и ние зошто сме дошле на темава кога е и повеќе од апсурдна . И Сањич , гледам дека нема никакво фајде од понатамошни дискусии со тебе , не го разбираш она што ти е напишано .
Пред се прслукот се носи за да ти се чувствуваш посигурно и никој не рече дека се тие симбол на патриотизмот, туку дека се дел од некој кодекс како што се гаките, пантолоните, маица, сукна, фустан, итн Јас би ве прашала зошто тогаш носите гаки по дома бапнете некое прозирно сукниче и не ви требаат гаки, по дома треба да се чувствувате комотно, зарем вашиот брат, или недај боже татко ке зјапа дали вие носите гаки или не. Значи да се разбереме прслукот е потреба, и е дел од едно пристојно однесување како за се што се знае ред и место така и за тоа се знае време и место кога треба да се носи а кога не. Ако е само формалност зошто тогаш не се оди во школо или на работа без него. Се знае кој оди без него кои сакаат да привлечат внимание како што се беачки, актерки итн т.е оние што прават пари од тоа.
Е не можев да се воздржам уште овој пат да не прокоментирам Патриотизам? Јас пак не знаев дека на училиште те проверувале дали носиш или не носиш градник . И од каде знаеш која пејачка/бајачка или актерка носела градник или не носела ? Тоа да не те интересира тебе и од каде собираш такви информации ?И ако сакам и на работа нема да облечам градник , кој смее нешто да ми рече ? Каде пишува тоа дека градник (говорете македонски) мора да се носи ? Ти да не си раководител на Гестапо за градници ?
ЛЕЛЕ амн девојче, го претера и го тупиш цело време, амн! НЕ си само то тука во право, сакаш ти, не сакаш да сватиш има мн тука со сове мислење и со АРГУМЕНТИРАНИ мислења. Мешаш баби и жаби, најде и од оваа тема да делиш морал и неморал! П.с нема кодекс по дома како да се облекуваш, само за на работно место. Изгледа ти си единствената што не само што имам кодекс туку и закони за носење на градник дома. ајде како правници, да се погрижиме да направиме нацрт план за предлог закон и да го поднесеме у собрание. Ќе се усови 100 посто, и тогаш ќе видам мајките наши што не е воспитаеле порано!
Морам да искоментирам неможам...безвезално ми е воа ....@ Сања Лазања... Обидуваш се нешто да докажеш шо си нема блага веза.....Како може јас да се срамам од татко ми кога он ми ја бришел „дундата„ коа сам била мала.... цели 23 години ме гледал , ме чувал, ме пазил, и јас да се срамам пред мојте СОПСТВЕНИ родители да шетам без прслук , само по мајца...... Епа девојче ако ти не си блиска со твојте родители ако се срамеш слободно да се шеташ у широка мајца пред мајка, татко, брат.....ако мислеш дека те гледат у „градите„ тогај ....нејќам да употребам никаков збор за тоа.... Фала богу мојот татко не зјапа доле или у газо да виде дали носам гаќи или не! Спојлер Извинете за некоректните зборови ама мораше да се искажам...
Добро бе, Лазања, за тебе гради и вагина исто е? Па имаме отвори таму долу, и гаќите, ова ако не си знаела, се носат како еден вид заштита. И не за џабе ги менуваме секој ден, затоа што кога носиш пантолони нели колку толку се собира прашина, а гаќите на некој начин спречуваат таа прашина и бактерии и што ти јас знам да ти се пикнат на тоа место. Веќе не знам на кој попрост начин да ти објаснам, можда ќе треба да фатиме и да цртаме тука, ама верувај навистина се трудам и сакам да ме сфатиш. И мене и сите тука.
Не носам градник дома, а и кога излегувам со дечко ми негде и сме сами исто така не носам. Туку ај и јас да се вмешам во муабетот. Не ги прочитав сите постови оти сигурна сум ќе ме заболеше главата. Ама едно ми падна в очи, имаше напишано што ако браќата ни шетаат дома по боксерки? Па брат ми искрено секој ден скоро го гледам во боксерки, и искрено ако тебе ти се вжештува таму долу ко ќе видиш близок некој по боксерки незначи дека и на сите тоа му се случува.
Па сањалазања немој бе душо така да постапуваш со луѓево. Ако сме без прслук не носиме прозирни блузи да му се сневиди..или тоа без гаќи...каков раговор...неможеш да споредиш тоа драга со прслук. Таму си има дѕпче кое мораме да го покриеме за да не дојде во контакт со бактерии, а колку што знам јас од не носење прслук не се добива некоја бактерија. И секоја респект за хипица и за мајка и и крајно ја поддржувам дека и јас од време на време на си носам градник, особено пред мензис дека ме убиваат градите и е неподносливо. А за мајка и на хипица да не ни си помислила некој коментар дека жената сто посто работи како и мажот и во брак плус мора да ја држиш постелата топла а очите исплакнати. Хипица секоја чест на мајка ти. И ако децата се огледало на родителите, во најголем не во цел дел, хипица ,според тоа што имав чест да прочитам од тебе, мајка ти не ја утнала работава со тебе