Не. Ме нервира, едноставно не ми е комотно да седам со него. Влегувам дома и прво што правам е - пресоблекување, го џиткам што е можно подалеку. Ама, многу се нервирам кога ќе видам надвор жени, не е важна возраста, без градник. Ми делува толку распуштено и одвратно, немам коментар. Макар и за до продавница, не можам без него да излезам, а не па да шетам така расцицлена низ пола Скопје. Катастрофа невидена.
Не..Сакам дома кога сум си да си се ослободам и да си се чувствувам комотно.Не дека градникот многу ми смета али слобода си е слобода
Вака сега најискрено: Градник почнав да носам од срам дека моите гради беа (и уште се) помали од просекот. Тогаш баш влегоа во мода кинеските градници со огромни потпунки и така си ја зголемував самодовербата. Без градник бев ретко токму од таа причина, се срамев дека луѓето ќе коментираат негативно. Е како подсоздреав, отидов на плажи каде да се биде топлес не е табу видов дека јас не сум чудовиште и дека изгледам сосема нормално. Од тогаш избегнувам носење на градник, по дома никако, што од маж ми да не ќе се срамам? Летно време доколку маичката не е проѕирна и надвор се шетам без прслук. Ако е за провокација, повулгарни се гради со пушап у врат влезени ама демек во градник се! Инаку кај што живеам во моментов да се биде без градник не е казниво со закон и е мое право кое ите како планирам да го уживам до крајот на животот.
сања-лазања - читам и гледам дека ти си најкомпетитивна на темава за градници, те молам за мала помош: кои прслуци се најприкладни за наутро, кои за на пладне, а кои за навечер? во која боја да бидат и од каков материјал? друго прашање: вчера дома не носев прслуци, а тука беше и брат ми. сепак блузата се` ми покриваше и ништо не ѕиркаше. е, сега откако те прочитав место не ме држи, дали го возбудив човекот, дан направив беља?
jas prsluk non stop nosam bez nego ne mozam znam kakov da odberam za da ne me stega i da ne go osejkam na mene
Пред две години кога на гости дојде дечкото на другарката, не носев прслак. По неколку минути дружење тој ме прашува со ококорени очи: Ама кај ти се градите?
Зависи кога како...Ако ми текне ќе го соблечам ако не останува на мене... Единствено навечер гледам да го соблечам па да им дадам малку слободна на мојте "крушки" бре... а во последно време и преку ден низ дома сум си без градник
Носам доколку имам во план во текот на денот да излезам од дома, во спротивно си носам бејби дол. Е сега ако ме мрзи да се пресоблекувам тогаш градник носам цел ден
Хахах, дома носам ретко градник, кога си доаѓам од факултет едва чекам да се ослободам, цел ден се стегам и дома сакам мала комоција, да се опуштам и одморам
Ако порано не можев ни дома без градник сега со градник едвај издржувам надвор од дома па камоли дома (се чудам како сум можела да спијам со него), сега си имам едно без корпи како и да се викаат и многу убаво стои, убаво ми ги прави исто како да не носам ништо. Не е ни градник(прслук) ни бебидол измеѓу е, со тенки прерамчиња, принцип на закопчување има како градникот и интересна шара .
ме нервира не се осекам слободно а додека спиеме ако се носи могуче е да дојде да се спречи растот на градите... лошо нели
ЗАвиси каква блуза носам на тесна и прозирна градник обавезно. На некоја поширока може и така да шетам. Ама пак глупаво ми е и срам ми е без градник дома да шетам, може да дојде некој во секој момент. А некако срам ми е од татко ми и од брат ми мислам оти е некултурно да го размавтам градите по дома (а надарена сум во градите бајаги)
По дома и кога спијам не носам никогаш. Единствено кога излезам од дома или кога ми дојдат гости дома.
Порано нон стоп си го носев, и не ми сметаше. Но сега почесто почнав да практикувам навечер пред легнување да го соблечам. Едноставно си чувствувам слобода, инаку на мене ми смета. Или ако не излегувам никаде по дома си шетам без него. Но понекогаш имам потреба да го облечам па макар и по дома да го носам. Како што би рекле: Смрт за прслуците, слобода за цицките .
Прво нешто што правам коа влагам дома го соблакам. Бидејќи немам преголеми, но можам да кажам доволни гради и кога ќе го соблечам се осеќам како цел ден да сум носела камења со мене и тогаш ги фрлам . А неможам ни да замислам па и на спиење да го носам. Не ќе можам да заспијам. И бидејќи неможам на потполна слобода да ги оставам понекогаш носам и бејби дол .
леле навистина читам и се чудам како можете да седите без градник... јас значи нема шанси да седам без градник,освен кога спијам и кога сум скоро истуширана па се спремам за спиење