И јас порано носев и спиев со него. Сега носам да, пошо поголеми гради имам и глупо ми е ко крава да се шетам па дури и по дома. Е да живеев сама можда и не би носела. Сега не спијам со градник. Некако така се навикнав последнава година, ми смета.. шознам
Секогаш кога можам го одбегнувам... Најубаво ми е слободна.. и градите ми се таман, а и стегнати ми се, така да немам проблем со тоа... и надвор од дома некогаш не носам... Сепак, не сум без срам да се шетам без градник насекаде, има места и прилики кои тоа не го дозволуваат...
Не! Дома градник?-никако ! Јас неможам да издржам со градник по дома...доаѓам од град и одма вадам од мене...ме стега...сакам слобода
И јас носев.. до пред неколку години, кога ми кажаа дека нечива пријателка, постара, заболила од тоа па морала на операција не се сеќавам точно, но градникот го натега некој дел на телото или како и да е, поентата е дека е лошо да се носи долго време градник. Пуштете ги на слобода малце растресете ги!
По дома преку ден носам, незнам... некако непријатно ми е без градник... А навечер за спиење никогаш не носам.. Не ми е удобно да спијам со градник.. Ме жуља Иако некогаш знам и да го извадам и да бидам без него.. Ама ретко тоа
Не! Ги пуштам на слобода. Кај цел ден ми се стегнати во џамбо падобранци, па уште дома да ги мачам. Си носам онакво беби дол, лабаво, ептен да не ги веам лево десно, не е ни здраво за нив тоа, ама градник не носам. Ко по патики да шетам по дома, така и со градник дома би се чувстувала, како да треба некаде да одам
Никако по дома,малце слобода да осетат Исто и јас си носам беби дол по дома, незнам некако најудобно ми е така или спортски градник,без никакви жици и сл.
бидејки имам средна големина на гради носам спортски градник но понекогаш и ги пуштам на слобода . push up по дома не носам од едноставна причина- не се чувствувам убаво!!!!
Никако за по дома ,штом се вратам дома обавезно го вадам.А да и за надвор некогаш не носам кога знам дека нема да ја соблечам јакната
дома никогаш не носам, а и кога ке излезам многу ретко носам.....затвор за прслуците слобода за цицките хахахахаххахаха