Па вака имам 13 години и за моја возраст градите се ми доста големки.Сите мои другарки носат градници и дури оние кои немаа гради.Мајка ми мисли дека сум сеуште мала и од кога е најприкладно да се носи градник и еднаш слушнав дека болести се добивало ако не се носело градник.ДАј кажете ми како да и објаснам на мајка ми
Не носам градник по дома, не можам се чувствувам како оклоп да имам на мене Но знам дека и не е во ред да се носи постојано поради здравјето, штетно било,се носи само кога тоа е потребно.Додека за излегување носам обавезно, нема шанси без него :geek:
Мислам дека не постои најприкладна возраст за носење градник, сечиј развој е индивидуален, лично и јас почнав да носам од 13год, пошто и јас бев малку поразивена во однос на градниот кош од другите мои врснички, сепак мислам дека треба да поразговараш малку со мајка ти и да и објасниш дека всушност не си воопшто мала, мислам ако е така како што велиш дека имаш поприлично пораснати гради, дека едноставно ти треба градник, а не дека ќе го носиш така за кич, пошто нели сите носат ајде и јас, а ова за болест е некој мит сигурно, прв пат слушам вакво нешто. Поздрав
Не е соодветна темава за прашањето.Затоа нема одговор. И да си се вратам на темава.Никогаш не носам градник по дома,зошто да се стегам кога сум дома,не за џабе се раскомотувам по најшироката маица и најстарите хеланки за по дома. Ниту за спиење,ниту пак за по дома.Едвај надвор го трпам.
И јас го имав истиот проблем мајка ми мислеше дека сум мала за да носам градник се обидов да и објаснам дека повеќе неможам со бебидол (на физичко кога трчам и се тоа..) ама она си остануваше на тоа нејзиното дека сум мала но по некое време испаднала со некоја пријателка која била докторка и таа и објаснила дека носењето на градник во тој период е многу битен бидејќи со негова помош се оформуваат градите.. поразговарај со мајка ти објасни и..ако можеш побарај на интернет на некоја страна зошто треба да носиш градник и покажии нека прочита..
13 мала? Во седмо сите носевме, а повеќето од нас и пред тоа. Штом почнат да растат е потребен градник, па и мали биле пак е потребен. Болест не, ама за да имаш форма како што треба и oдржувани и негувани гради, набави си, време ти е.
По дома не носам градник, ниту пак додека спијам. Едно влагање дома одма го соблакам, затоа што се чувствувам по опуштено, нема потреба и дома да ме стега без врска
Не,ме стега. Мене сите градници ми се со потпунки затоа што имам мали гради,и затоа само за искачање носам
Ама тема.. Пак воведот.. Зошто некого би го интересирало кој колку време носи градник по дома и дали го вади за спиење -.-
По дома градник јас не носам зошто мислам дека нема потреба. Имам другарки што се постајано во него, дури и спијат со него но јас не сакам а и не ми е потребно тоа.
порано по дома не носев градник ама сега бидејќи сум бремена и градите ми растат а и ме болат поубаво ми е и кога по дома носам градник го вадам само за спиење..