Некогаш да, некогаш не! Еве сега не носам! Сакам слобода малку! Без градник не излегувам, но за по дома знам да си го соблечам..
И сум за и сум против, моментално го носам постојано пошто дојам и не сакам кога ке престанам да дојам да ми надвиснуваат како на 60 годишна баба.Пред да останам бремена имав кренати и црвсти гради али сум слушала многу жени кои се жалеле дека од кога престанале да дојдат им се исушиле и им надвиснале многу. .Значи од тој естетски аспект се препорачува да се носи за да си останат градите црвсти стегнати и горе да не се спуштат.Но сум слушала и друго мислење, не од доктор не се секавам точно каде дека не е добро постојано да се носи бидејки го зголемувал ризикот за рак на градите, колку има вистина во ова стварно не знам.
Дa носaм, не можaм дa се зaмислaм без грaдник. Но понекогaш (многу ретко) когa ќе се изнервирaм го вaдaм.
Па како да не носам кога имам ептен мали цицинја и се срамам кога ке се видам во огледало така рамна и затоа си носам да ми изгледаат испапчени малце хихихиххихи
мене градникот ме стега и ми го обара притисокот всушност ме дави, ме омалаксува незнам дали некој имал такво чуство ама мене ептен ми ја забавува циркулацијата без разлика дали го имам стегнато малку или многу а така ми излегуваат мозолчиња и затоа не носам градник по дома, од мака
Преку ден носам,а кога спијам не.Многу одамна и спиев со него а сега едвај чекам да го соблечам,ме нервира
НИКАКО! Едвај чекам да го соблечам. Само кога сум надвор од дома носам. Смрт за прслуците, слобода за цицките ! На спиење па ич. Како врзана би се чувствувала. А и не е убаво да се носи дома. Мајка ми ми кажала дека со носењето затегнат градник и спиењето со него се поголеми шансите за добивање рак на дојката.
Е ѕвер си нема шо хахахах како и да е,истото го мислам. Едвај чекам да соблечам прслук коа ќе дојдам од негде,веднаш ми е полесно
Постојано носам градник , и по дома и на спиење .. не можам без него , имам мали гради и не се чувствувам удобно без него .....
Уффф едвај чекам да сум без него, значи го носам ептен ептен кога морам, секое излагање од дома(не битно дали е ѓубре да фрлам,до продавница,или до град),како и секогаш кога имам гости,или татко ми кога е во дневната. Нема подобро од ова :up: