Дали дома носите градници? Обично градник не носам само за спиење. А ако сум по цел ден дома и киснам во пижами, се случува и тогаш. Инаку и дома да сум си носам, затоа што имам малку поголеми гради, па од чисто практични причини го носам. Ако се растрчам низ дома без градник на мене, ме болат
Дали дома носите градници? По дома градник? No way! Сакам да сум комотна, а и немам некои којзнае колкави гради за да морам да носам и дома. Се разбира, никогаш не сум излегла без градник од дома. Ама уште кога ќе влезам дома, одам да се пресоблечам и да го тргнам од мене. Смрт за прслуците, слобода за градите!! ----> имаше ваква група на ФБ.
Дали дома носите градници? Најчесто ги носам градниците МББ и после неколку перења се омекнуваат па слободно си спијам со нив. Никогаш не ги вадам , само за туширање. Сега од скоро две вечери една по друга спиев со еден нов градник од што ме мрзеше да го извадам и цела недела ме болеа градите. Сега преферирам да спијам без градник.
Дали дома носите градници? Носам по дома градник, ама не затоа што сакам туку затоа што морам, што да правам кога сум прсата А за спиење не носам, ми пречи градникот.
Дали дома носите градници? Крупни ми се пријателките,ама по дома избегнувам да носам градник.Нема промени на нив,уште и пркосат на гравитацијата и супер се држат,ама и ги вежбам често,па можда и затоа. Слобода за градите!!!Ајде да направиме еден масовен цицкотрес!!!
Дали дома носите градници? Ау не. Само шо ќе дојдам дома, одма го слекувам. Ми смета и ме нервира. А па да спијам со него... Нема теорија.
јас носам, секогаш, не можам без градник се чувствувам како гола да сум ))) и за спиење носам, единствено кога на мене нема градник е кога менувам и се бањам непријатно ми е чувството посебно во лето кога ми се наежени )))
и јас спаѓам во групата на тие девојки кој оддвај чекаат по пристигнувањето дома да го извадат градникот и да си ги пуштат малку на воздух и слобода. тоа подразбира и спиење без градник, по потреба ако тркнам до продавница го правам тоа без градник, летно време на одмор исто така си носам маички без градник кога се излага. ех абе јас многу сум си ги шеткала
Кажете ми вие што рековте дека дома не носите градник тоа важи и за летен перио? Мислам јас неможам зимно време а камо ли летно кога сум само со маичка на прерамки да бидам без градник. Признавам дека тоа би ми било баш онака возбудливо ама за жал немам таква храброст.
јас одвај чекам да го извадам да се опуштам малку а носам ретко кога ќе ми дојдат гости треба да ги послужам и затоа ставам градник
^^^^ Исто и јас. За чудење, и спијам со него.. Неможам кога немам градник на мене, како виснати да ми се
НЕ! Мене така ужасно ме нервира тоа грубо створење, па едвај го трпам за излегување Имам големки, и фала богу цврсти гради, па немам потреба да ме стега. Ни во лето ни зима, сега се знае на танки блузички во лето не може без него, ама најчесто не. Само ако класично одам некаде. И плус има проблем со материјалот, купувам само една фирма, форма, па да се чешам кај стасам од нив не фала. А и сум чула дека не е здраво да се носи по цел ден и ноќ, ви се чудам на тие што спиете со градник.
Секогаш.Понекогаш (често) и спијам со него. Не ми пречи мене ич,се навикнав на него и секогаш ко немам се чувствувам ко полугола.Лето,зиме,нема разлика.А градите ми се онака, ни мали ни големи,со градник или без него не ми прават мн разлика, но пуста навика, тоа е
Јас не можам без градник, постојано носам некако навикната сум цело време да носам инаку градите ми се големи, а кога не носам градник некако ми е чудно не ми е убаво чувството како да гледаат во мене сите ми се чини. Спротивно на вас девојки, јас, пак, не гледам причина зошто градникот би бил штетен да се носи постојано, имам разгледувано на нет од сериозни страни и прочитано дека нема некоја причина дека е штетно постојаното носење или пак неносењето, а пак од друга страна како што некои девојки напишаа дека не можат им смета, според мене тоа е само навика па и потреба од големината на градите, од тоа како се чувстуваме без или со градник
NEMA SANSA!!!! Jas i koga izleguvam retko nosam, epten ako treba.... i koga ke oblecam drugarkite me teraat da cestam poso nikogas ne nosam [mod-kirilica:2rcefco0][/mod-kirilica:2rcefco0]
По дома ни под разно. Првото нешто што го правам кога влегувам дома, соблекувам градник и се раскомотувам. Од секогаш така... Не можам да им се начудам на оние што спијат со него?!
Носам...а знам дека не е здраво. Порано ми се случуваше често да заспијам со градник меѓутоа последниве неколку години гледам да го вадам кога сум дома. Бидејќи најчесто носев градници со корпи, ми се има случено, во спиење како сум ја местела положбата на телото, корпата да ми се скине, железото да ми излезе од градникот и за малку да ми ја пробуши градата. Во исто време сонував како ме бодат со нож во гради, и бидејќи сум стенкала мајка ми ме разбуди (за среќа, инаку она лошото ќе ми се случеше ) Од тогаш избегнувам градници со корпи и внимавам да ги вадам пред спиење.
Не носам градник по дома, само кога сум излезена, нормално. А за спиење со градник исто така не, не сакам нешто да ме стега додека спијам, сакам да сум си олабавена, ем што не е здраво, ем што ме нервира.