Мене ме нервира вака да носам а камоли дома. Сега од како живееме со мажуленцето сами шеткам си се како си сакам. Ама градник не. Па и вие мојте мали праски треба да дишат Ако дојдат гости, зависи кој иде ако е некој како на пример, шеф од работа или некој подалечен облечам ај да не зјапа коа ке се мрдам лево десно горе доле. Ама иначе не носам
Е благодарам девојки. Ова всушност не беше за мене , моја другарка си има проблеми со мајка и. ЖЕната е да не кажам заостаната, како заостаната да не кажам. Но како и да е со зборење, по нет информации барање некако ја разубедивме и се вразуми па сега во ред е Сепак благодарам на советите и тие помогнаа
Јас по дома носам спортски градник. Ме нервираат инаку. За спиење не, тогаш се одмарам иако сум приметила можам да спијам со него. Обичен градник не носам по дома.
па околу граднициве за по дома,да ви кажам дека носам градник и по дома обавезно. за првпат почнав да носам градник од мои 14 години кога ептен ми беа малецки ама мајка ми инсистираше да ми купи и да ме заучи на носење .А веке во 18та година ми пораснаа доста . и да ви кажам совет особено за девојчињава на кои градите им се во фаза на растење ОБАВЕЗНО да си носите градници, бидејки во спротивно нема да ви бидат убави градите (цврсти и подигнати) .значи мајка ми во право била кога ме терала да носам од мала,со цел градите убаво да се оформат, инаку ако ги оставаш така лабаво ,тоа делува на опуштанје на мускулатурата и ги бидат свиснати, а јас имам по прилично големи , но супер ми се, цврсти, дигнати ради тоа носење градник цело време (освен за спиење не )
Јас носам низ дома градник,многу ретко не носам,ама се чувствувам некако неудобно и како да ми шлапат градите се чувствувам Само за спиење не носам, е тогаш не можам да спијам со градник никако.
Моментално не носам, зошто ми е ужасно жешко, иначе во нормални денови носам нон-стоп, дури и на спиење. Градите многу нагло ми пораснаа кога ме фати пубертет, и одма фатија пат јужно Прочитав некаде дека носењето на прслук помага во забавување на тој процес и од тогаш сум стално со прслук. Не би сакала прерано да ми станат како на мајка ми
Никогаш не носам градник по дома. Кога се моите дома носам бејби дол или спортски, мек градник. Колку да не се шетам така. Инаку на жештиниве да се варам нема шанси. Слобода на градите,доле градниците!
Не носам.Имам мали гради па неможам јас цел ден дома со прслог со жиции , ме стегаа Така де дома не носам прслуг!
Јас секогаш носам по дома го вадам за спиење а што знам мајка ми ми вели дека ко демек не било убаво нон стоп да е носи, до пред некое време и спиев со него ама ми кажаа дека не било убаво ко демек за срце дека многу стегната па и ноќе што знам секој различно кажува
Ниако не можам да го поднесам се чувствувам заробено во него и се потам целата во жештиниве башка и мали гради имам и не ми се ни познава дека немам градник