Јас би ти кажала да го оставеш дечко ти и да си најдеш некој кој ќе те сака таква каква што си. Ако тој трча по некои со големи гради зошто е тогаш со тебе. Не те заслужува. Kретен е.
^ Купи му една кукла, од оние на дување и таа има големи гради. Облечи ја како тебе, дај му ја, и фати си друг дечко кои ќе ја гледа убавината на тебе и нема да се грижи дали имаш големи гради. Инаку за темава, кога има дома некој, гости, некој на поседок, носам градник. Непријатно ми е без градник. А ако сум со домашни или сама, не носам. Си ги пуштам на слобода, а и обично носам некои маички каде не ми се забележуваат многу.
Јас дома не носам тесна облека, по можност секогаш сум во широки пижамки. Така да неморам да носам градник, ама ако дојде некој гостин или кој било, се облакам се разбира во попристоја облека, и си облекувам прслуче. Иначе сум си слоободнаа, ух best feeling!
Градник носам постојано, освен кога дома сум раскомотена по пижами. Дома носам комотна, поширока облека, ама без градник не можам. Зимно време носам пуш ап, а летно време тенок обичен за да не ме поти. Градник носам најмногу од практични причини. Затоа што како што растрчувам и постојано нешто чистам низ дома, со мојава 85ка ќе си имам проблем.
носам и по дома градник секако,го вадам само пред спиење...би сакала почесто да сум си free тоа ти е,не дозволуваат моменталните услови...
По дома никогаш не го носам,сакам да ми биде комотно.А за спиење да не правиме муабет нормално дека НЕ!
Паа некогаш кога како кога седам по пижами цел деен не ааа кога ке бидам облечена по панталони и блуза носам!
Не, ме нервира кога го имам на мене за излегување уште по дома да го носам ми треба Без него се чуствувам прекрасно и слободно.
За спиење почесто го вадам инаку по дома го носам обавезно затоа што непријатно ми е такаа да одам а да се оцртава се на мене
Па носам често, ама сега по жешково не се трпи, така да го носам секогаш кога морам, ако дојде некој или ако се мотам надвор во двор. Инаку јок, подобро е без него на овие температури.