Бидејки пред година дена, мислам дека почнав да носам градник, а и не ми е мал да ме стега,па затоа јас си го носам и по дома, и понекогаш за спиење бидејки многу сакам да спијам на стомак, но градите ме болат ако спијам така без него, па затоа понекогаш го носам
секогаш го носам, дома, надвор, преку ден, преку ноќ... не ми смета и поубаво се осеѓам кога го носам.
Многу ретко, но знам и да го извадам ептен во крајни случаеви. Обично кога тато не е дома бидејќи незгодно ми е пред него без прслук, бидејќи другаркиве мои секоја своја политика си тера и можите да замислите што се дешава
Зависи со облека носам кога сум дома,кога е топло односно во летниот период носам обавезно а сега во зимскиот поретко и баш е лепо.
Јок Особено не вака преку зима. Немам зошто да се срамам затоа што и немам нешто што да ставам во градникот, па да се познава преку блузон дека не носам
Цело време носам,без разлика дали сум сама или не,дали е жешко или ладно,зима или лето...за спиење обавезно,еднаш се обидов да го извадам и издржав некои 5 минути.Единствените моменти кога не носам се тие кои ги поминувам под туш. Знам дека не е здраво,ама не можам.Премногу ми смета и не можам да издржам без него.
Кога спијам со градник ме буцаат тоа жиците, ма не знам каков да е градникот ми сметаат ненормално многу, па често кога ќе го заборавам на мене сонувам дека некој ме коле со нож. Ма дајте им слобода бре луѓе што сте им се запнале да ги приберете. Да имам храброст и надвор од дома нема да носам. Ама немам.
Значи ама баш воопшто не обожавам да носам градник. Го носам колку да не се манкат ,а иначе летно време знам и беби дол да си облечам и супер ми е. За по дома ако има гости си носам, ако не слобода
па во зимно време не бидејќи преку сите 300 маици и блузи не се познаваат до толку ама во лето обавезно бидејќи срам ми е пред татко ми а освен тоа многу се тресат а врз една рамбовка се се познава и кога ќе имам гости носам.но за спиење не бидејќи ми смета.