Не е добро да се носи градник, затоа избегнувајте да носите кога не е потребно. Барем за спиење треба да се извади или пак ако сте толку зависни носете некој полабав
ллеле никако неможам да ве сфатам како можете да спиете со прслук, јас пример едвај чекам дома да си дојдам да го соблечам и некогаш до продавница одам без градник (кога е зимо,кога сум натрупана со триста алишта за да не се познава многу ) ааа да, и нашколо еднаш или двапати ми се има случено, оти знаете како е кога ќе станете прва смена и незнаете кај се наоѓате (барем јас сум таква )
Слабо. Ама кога ќе дојде некој обавезно облекувам. И за до продавница исто. Не можам да си замислам спиење со прслук. Пред мајка ми и сестра ми не ми е срам, ама пред тато.. Во студентски ќе мора да се стегам цело време. Се надевам ќе биде некоја цимерка иста како мене.
Па и дома носам скоро секогаш оти секако постојано носам. вака ќе испадне дека немам ништо оти многу ми се мали со градникот барем се тешам дека има колку толку
Носам, но од оние без потпонки или поддршка, како и да се вика Не можам да излезам од соба без градник, непријатно ми е. Ми боцкаат пупките а сепак не живеам сама, тука е татко ми или често имаме и гости, крајно вулгарно и непристојно ми е
Уште за по дома фали да носам градник. Of course, no! За низ дома носам бејбидол, немам гради а неможам така да се шетам, а богами и за спиење носам, бидејќи едноставно не можам без така само по пижама. Некако глупаво ми е.
Беби дол си носам по дома. Понекогаш кога ме мрзи да си ставам градник или кога ми е жешко, и надвор носам беби дол.