Јас по дома не носам градник бидејќи сакам да не се чувствувам стегната,туку релаксирана и опуштена по дома,носам сосема ретко по дома кога очекувам дека треба повторно да излезам некаде за да не се мачам да го ставам повторно по двапати едноподруго на ден! А,во зима,пак,не го носам воопшто бидејќи тогаш немам потреба за тоа поради дебелите блузи поради коишто ништо не ми се познава! И оној со жица не го купувам затоа што не ми се допаѓа таков,не сакам да ме стега,сакам удобност и комодитет!
Јас пак,секогаш го носам. Без градник се чувствувам некако „растресено’’ , како да не ми се прибрани ,и некако не енергично,не знам зошто. Така сум си стегната и супер ми е
Ма каков градник, слобода за градите !! Јас не го поднесувам штом влезам дома секундарно го вадам, ми смета и ме нервира. Не разбирам како некој може да спие со него.
Јас слушнав дека ако цело време носиме градник можеме подоцна да добиеме рак на дојка. Требало барем 24 часа да не носиме градници за да не се стегаат градите да дишат слободно,ама мене ми е чудно без градник иако некои не носат другарка ми не носи ама таа нема ич гради мали има па не и смета ама мене ме болат многу кога не носам градник, како крава се осеќам
Не верувам дека е точно. Јас сум со градник 24/7 само за капење го вадам. Не можам да го замислам животот без него.
И јас носам 24/7.. некако незгодно се осеќам пред братми и таткоми и така по дома,како да ми летаат на сите страни и ми рипаат кога одам,така се осеќам..
Не, а сакам да можам некако да се навикнам ама не оди! Не е до градниците до мене е, кој и да го заносам иста песна... и со жици и без нив!!!
Јас не можам без градник,го вадам само за бањање,убаво ми е преку цел ден се чуствувам стегнато,не ми пречи