Да. Секогаш може да ми упадне некој гостин во соба, така да мора да носам. Од навика, и за спиење не го соблакам некогаш.
За спиење никако. Дури и сега во летниов период избегнувам да носам по дома. Само кога ептен морам кога некој доаѓа на гости и сл.
порано и спиев со него и се 24/7 бев со прслукот на мене Ама последниве година, две се научив без него и многу ми смета кога кго носам. Едино у град или школо кога треба да одам облакам, иначе не
Да. Како прво ме мрзи да го ватам, како второ не ми смета воопшто, а како трето многу често знаат да дојдат гости неочекувано, така да, не го вадам
Еве јас да прокоментирам од машки аспект на ова исклучиво женско прашање. Мене лично ми смете не носењето на градник особено од блиските, секако не носењето градник од страна на комшивките ми се допага Шала на страна, можеби сум конзервативен но навистина ми пречи што мајка ми, летно време речиси и да не носи градник по дома. Не се работи за тоа дека сексуално ќе ме возбуди, далеку од тоа, едноставно се чувствувам непријатно бидејки се се познава особено затоа што е по надарена во тој поглед. Оправдувањето е жешко било, ова, она а и татко ми ја подржува. Мојот став е дека без разлика дали има 18 или 58 жената треба да биде соодветно облечена, не само за излегување туку и дома.
Јас нонстоп си носам градник само за спиење си облакам беби дол(А инаку без ништо неможам ),комотно ми е во него не стега а градниците стегаат.Неносењето градник стварно е глупаво,ако не тоа барем беби дол носете.Доколку не носите може само да ви се слечат градите како на стара жена и да се појават стрии , па уште некоја ако има поголеми гради ко ќе и се слечат ќе неможе да си ги собере А како млада девојка треба да и стојат горе поткренати а не надолу слечени.За да ги зачувате ви велам, јас нонстоп дека ги носам после тоа и да немам ставено градник исто изгледаат како да носам тоа е затоа што така ми се навикнале бидејќи нонстоп си носам градници
Не. Мразам носење градник и не сум навикната. Носам само за на училиште и кога ќе треба да одам некаде и тоа едвај чекам да стигнам дома и да го соблечам.
Постојано носам, било кое време и место , неможам без него едноставно. А и морам така зошто големки ми се градите па и не иде на такви гради голи и растресени да ги шетам.. Дури и за спиење го носам, и имам пробано без него и толку ми е чудно и некако непријатно ... незнам ете така сум навикната и таква потреба имам Мене па ми е чудно кога ќе ми кажат дека не носат градник за спиење, или за по дома.. али секој со своја потреба и навика
Никогаш по дома не носам градник,па за спиење никако. Сепак каков и да е градникот и најмек да е сепак прави притисок. А сум слушала секакви смешни заклучоци,една познаничка 24/7 е со градник(слушнала дека ако се носи редовно градник градите нема да свиснат..)
Како бе? Јас до продавница не се осмелувам да мрднам без градник. Инаку по дома не носам, освен ако не треба некој да дојде и освен ако не сум се вратила од некаде и си седам исто облечена, па може да се случи и градникот да не го соблечам, како моментално.
Носам скоро секогаш и јас сакам да се опуштам ама дома ми е срам од домашните ми се познаваат пупките и ми се "тресат" извинете за изразот. Одма се познава дека не носам градник.