До пред година дена постојано носев, и по дома, и надвор и за спиење. Ама еве сега неможам да го поднасам. Едно доаѓање дома го соблачам, и постојано сум со беби дол.
Откако се породив со помалиот син не носам градник по дома. Го дојам и не можам постојано да правам соблечи-облечи.
Секако дека носам. Според мене е непристојно да се шета без градник преку ден, бидејки незнаеш кој кога ќе налета. Главната поента ја кажа девојчето Артур, која кажа една битна поента, што ако дојде некој, ќе му искочам со накострешени брадавици и растресени гради? Или дојде некој и ќе го оставам да дреме за да јас ставам градник? Или уште полошо, да се правам наудрена како да е се ок и си седнам така без градник и да неможе да се сконцентрира соговорникот? Понекогаш мене ми е срам поради другите со каква лагодност шетаат без градник. Ако е така, дајте барем и без гаки, да шетаме и тие знаат да стегаат нели, а и по комотно ќе се чувствуваме. За мене е неприфатливо не само заради тугинците туку и од почит кон домашните. Ок е навечер и за спиење да не носите градник, но преку ден.....
Да носам но за спиење некогаш не носам поточно лете никогаш не носам за спиење а зима ме топли хаха шега, но не го вадам.
Бев случајно на едно предавање за рак на дојка, каде докторите зборуваа за штетноста од постојано носење на градник кој стега, на неточни величини на градници (како оние кои ги креваат градите а стегаат) и слично. Препораката беше - ако морате, носете меки градници, но никако за спиење. Имале штетно влијание на градите како и тесните фармерки за кожата и вагината. По дома не носам никогаш, одма се соблекувам, а бидејќи живеам со дечко ми, нема од кој да ми е срам ако ми се гледаат брадавиците или ми се мрдаат цицките. Среќа, се дружам со луѓе кои ненајавени не ми излегуваат пред врата, а оние кои не ги знам, не им отворам, така што не се стегам за луѓе кои не ми се битни у животов. Додека живеев со моите, носев одоздола потесна маичка за да ми ги држи, но не прслук. Здравјето ми е побитно од народот
Ма каков градник по дома! Нема шанси, јас едвај чекам да дојдам дома и да го џитнам од мене и да облечам нешто комотно,најчесто пижами или тренерчиња. Е сега одоздола носам боди,маичка или некогаш мек,бејбидол/спортски градник или како и да се вика.
Јас многу ретко носам прслук и кога излегувам а да не зборуваме за дома, немам гајле. Сакам да се чувствувам слободно и удобно.
Ma kakov gradnik po doma.Uste od vrata go frlam.Ako ne nosis ke ti bidat ovisnati... e kako ne. Na toa neka mu mislat tie sto imaat epten golemi. Gradnik samo nadvor od doma,i na vrakanje do vrata.
Градникот го вадам само кога се капам нели неизбежен и неизоставен дел ми е 24 часа , со него спијам и не ми смета воопшто.
Градник носам само ако морам да излезам некаде. Пример ако идам до продавница или до пазар вака зимно време не ни ставам градник зошто од горе ставам палто или вентијага и никој не гледа дали носам или не. Летно време носам спортски зошто неможам тогаш толку „растресена“ да шетам. Ако носам спортски, со таков некогаш и спијам, ама со друг никогаш.
Еднаш да еднаш не. Проблем финансиии .Порано и дома не ги вадев а сеаа можам да искочам и без нив.Особено коа сум со дечкото.НЕкад коа ке ми текне опуштено од дома да си искочам онака а глеам и него му се допага тоа бидејки нема некоја разлика со или без нив.Не се приметува
Да, носам редовно затоа што имам поголеми гради и глупаво изгледаат без него. Само за спиење не носам.