По дома , понекогаш . Имам релативно големи гради и морам да носам ( за пред мм и децата не , но за другите од страна не изгледа пристојно ) . Така да , кога сме сами дома не , кога има некој да . За надвор обавезно носам
Понекогаш да а понекогаш не. Најчесто за по дома си носам поширочки блузи и немора секогаш да имам градник.
Имам 15год и докторката ми рече обавезно да носам градник барем додека градите сеуште ми се оформуваат. А иначе за спиење го вадам бидејќи така ми е поудобно
Не можам да замислам да спијам со градник. Мислам дека нема ни да можам да заспијам од што би ме нервирал, толку сум ненавикната. Ако не морам, воопшто не носам. Нормално, со соодветна облека.
По дома не носам градник посебно летно време не можам, а имам гради па морам да носам од оние памучните без полнеж и жици.
Никогаш по дома не носам прслук. Ми смета едноставно, едвај издржувам кога сум излезена да го носам, а не па уште и дома Слобода за градите!
Носам. И спијам со градник. Ако не носам некако чудно ми е. Само кога имам добиено ме болат градите и спијам без него.
Во овој период нема шанси да носам градник по дома. Не се издржува на топлово. И сега сум без градник. Само со маичка.
Моментално сум кај моите,па ем се чварам ем морам да го носам,незгодно ми е,дома во ова пеколно време нема шанси да облечам
Никогаш. За спиење па да не прајме муабет ич. Кое чувство е кога ќе го тргнам од мене бидејки сум била приморана да го носам, а не па дома да се влечкам со него. Тоа ти е предноста кога имаш мали гради.