Носам, мора нешто да ми ги држи другаркиве. Но, си имам еден посебен градник за по дома, едно бројче поголем за да ми биде најудобно на свет.
Скоро никогаш, ме нервира и ме стега, сакам другаркиве да ми се слободни. Да можам и надвор не би носела, ама малку да залади и брадавиците џоа закачалки, луѓето можат палтата да си ги бесат
Никако по дома неможам да поднесам градник. Со оглед на тоа дека и децата ни се мали а и на мм му се допаѓа тоа, по дома не носам градник.
Носам.Не знам зошто сум гласала со ,,не" ама носам глупаво ми е пред татко ми така да се шетам.Едно време и спиев со него од кога накај школо ќе тргнев без него а прва смена бев
Носам, глупаво ми е пред татко ми и брат ми да седам по дома без градник, го носам и за спиење немам никаков проблем..
И мене ми е глупаво дома да шетам без ништо, освен кога сум сама. Затоа си носам twist градници ( само обични не оригинал). Зима, лето, дење , ноќе ... за секој ден и секоја сезона ми се. Ептен се удобни и не се чувствува дека носам нешто на мене. Си имам во повеќе бои: црни, бели, кремови, боја на кожа... Порано носев класични ама се нервирав со корпи, па жици, па рамката се откачила... Вака облекуваш и мака немаш. Препорачувам на сите.
Nikako ne se nauciv da nosam gradnik, koga odam nekade nosam bebi dol a doma non stop mi se na sloboda a imam prilicno golemi gradi sto da pravam koga ne mozam.
@VictoriaSan Какви се тие градници, како изгледаат и каде ги има? Прв пат слушам за такви, а се заинтересирав On topic: не носам градник за по дома, а некогаш ни за надвор. Мали гради имам и не се познава дали воопшто имам ставено градник. Скоро секогаш ми се вадат жиците и ме боцкаат чиниш срце ќе ти извадат.
Во никој случај, и пари да ми даваат нема дома да носам градник. Ептен се чувствувам стегнато, некогаш и за надвор не носам. Кога не носам градник си носам беби дол, по дома и за спиење, бидејќи не ми е удобно и со другата крајност - неносење ништо. Мајка ми вика треба да носам градник почесто за да ми добиеле форма градите (а нема везе што не сум тинејџерка одамна) ама такви ми се помали отсекогаш и убаво ми е.
Носам од шо морам, незгодно ми е пред свекор ми така да се шетам. имам 2-3 постари и поудобни и тие си ги влечкам. @VictoriaSan ако можиш слика стави и мене ме заинтересира каков е тој.