На излегување морам да носам бидејки имам многу мали гради но затоа пак дома не морам и постојано сум без градник.Едно влегување дома и веднаш го слекувам бидејки не можам да го поднесам на мене . За спиење воопшто не ни можам да се замислам со градник , не е пријатно чувството.
Кога почнав да носам градници (од оние неполнетите ) како помала, не ги вадев од мене ни за спиење ни за ништо (дали не ми сметале, дали сум заборавала или нз.), но затоа сега носам САМО надвор од дома
градник носам само кога излегувам негде.Многу пари ми се случило и во продавница да одам без градник.Не ми се многу големи и затоа понекогаш градникот ми смета.
Па низ дома некогаш носам а некогаш не ама почесто не носам ме нервира а за спијајне да не правиме муабет не можам да заспијам ако имам на мене градник
За спиење секогаш го тргам градникот, но кога сум излезена или кога седам дома обавезно носам градник затоа што така се чувствувам поубаво но не носам од онај наполнат градник.
Спијам без градник а и дома понекогаш сакам и знам да се опуштам и да не ме стега ништо па да си седам без градник
Добро девојки вие имате ли родители ? Баш ме интересира што викаат тие кога им се шетате по дома без градници. Ај кога носите блуза одозгора ок ама кога сте во маица на прерамки ? мислам мене ми е тоа несватливо да се појавам, така пред братми или таткоми.
Па ти од нив што има да се срамиш?Татко ти и брат ти во градите ли те гледаат?! Инаку мене не ме срам,не...
Ма не само што постојано носам дури и спијам со него, единствено не носам кога ги менувам и кога се туширам..знам дека не е здраво постојано да се носи ама пуста навика моја никако да ја откачам.Кога не носам градник е чувствувам исто ко да сум гола
Не носам бидејќи ми смета и гледам што побрзо да се преслечам кога ќе се вратам дома. А за срам од домашните(машките) не ми е , но не носам некои претесни маици да ми се исцртуваат премногу, ептен ми е невкусно така дури и за дома.
не е топа до срамење, туку едноставно треба секој човек да има свој кодекс на однесување. Ако е така да не се срамиме пред домашните ајде да шетаме голи, или да се тушираме со такони или со братнии И како што погоре рече данилела цитиерам па ти што има да се срамиш, од домашните таткоти или брати во цицки да не те гледаат затворен цитат па ако е така што мора и гаки да носиме зарем таткони и братни таму ке не гледаат , или ај да шетаме, голи по дома или како што реков да се тушираме, сите заедно. Јас сум за послободно однесување но со друштво кога сум а дома сум многу патријалхална и мислам дека така треба да се однесувам.
Ок е тоа,ти си носи,јас нема да носам,тоа си зависи од секој посебно.Еве и сестра ми секогаш носи градник,дури и спие со градник.Ама лично мене понезгодно би ми било кога сум со друштво без градник(мада ни тоа не ми е незгодно,само да не се познава многу),одколку дома.
Уффф да можам сите градници на светов би ги спалила или во најмала рака би ги обесила на бандера па кој сака да носи нека си земе Понекогаш ужасно ми смета, што почнува да ме нервира имам мали гради и прслукот секогаш ми е кнап и штом го облечам поготово ако е тазе перен мислам дека ќе експлодирам. Кога ќе ме фати некој таков напад идам во соба го фрлам од мене и си седам сама и слободна, сепак не ми е убаво да парадирам низ дома без градник иако и тоа може да се деси. Како бе девојки спиете со градник, ауу пари да ми даваат не би го носела за спиење, нема теоретски шанси тоа кај мене, ќе умрам нема око да склопам Воглавно едно огромно не за градниците,јас сум за слобода за градите
За по дома никогаш не носам градник, бидејќи ми смета и ме нервира. Не дека имам којзнае какви гради,сепак можат тие и без градник
По дома зависи ако го заборавам го носам инаку не .. Практикувам и за излегување понекогаш да не носам така да не ми пречи затоа што и немам големи гради