E ne znam,pa zatoa bi se pravele za da se vidi. shala na strana stvarno postojat katastrofa profesori posebno vo sredno a tek mozam da zamislam kako e na fakultet
Од аспект на социјална положба, да, навистина престижна положба со добра финансиска поткрепа, а и претежно се заштитени како мечка во планина. Од аспект на општествена полезност, тоа е веќе друга работа... многу мал дел професори навистина се трудат да ги обучат студентите, како и своите асистенти кои некој ден треба да ја продолжат работата (има изрека... секогаш професорот одбира асистент поглупав од себе). повеќето само ја вршат должноста колку да се рече, а не се ни воопшто ни најмалку прогресивни ниту адаптабилни. Е сега, тоа што прават друго е да се прикажуваат како спасители на општеството како најмудри и најпаметни, кои знаат се и за се ги бива. Многу политичари станаа функционери заади тоа што се професори, мислат и се промовираат дека така им следува, но ништо не направија, работите не само што се на мртва точка туку и се уназадија. Токму тука лежи најголемата мана на професорите... јаки се на теорија, но во пракса многу слабо... Општеството напредува со луѓе кои практично ги решаваат проблемите, теоретичарите ги влечат теориите од тоа праксата како се покажала, не можат да предвидат ниту многу многу нешто да помогнат да подобрат.
Само кај нас универзитетски професор се станува "преку ноќ" , а и добри 70% од професориве по факултетиве не ги бива за ништо. Професор не е само да предава некаква си материја колку да се рече дека нешто работи. Многу малку од професорите имаат квалитети и способност нивното знаење добро да го пренесат на студентите како што кажа членката погоре сите се јаки во теорија али многу малку во пракса. Не е така лесно и едноставно да си универзитетски професор , можеби таква слика си имаме создадено ние но всушност е една од поодговорните и поспецифичните професии , таман работа секој ако биде универзитетски професор.
Каков професор е претседателот? Инаку, да, универзитетски професор е најдобра професија според мене ама од сосем спротивни причини од горенаведените. Долговечност и финансии не би коментирала има и други платени и физички неризични професии. Малку проблем имам со вашето или сфаќањето на средината во однос на афикасното работно време и точка 6.Ако сакаат работат на надворешни проекти. Универзитетски професор МОРА да работи постојано, не за џабе е тоа научно-истражувачка дејност, постојано да истражува и постојано да публикува трудови. Значи платен е за постојано да се едуцира и да може да едуцира други. Впрочем токму затоа, тоа е најдобрата професија според мене. Ама очигледно, не во Македонија. Професор на факултет е и треба да биде престижна работа како и секоја друга која побарува експертиза. Во Виена музичарите во филхармонија се да речеме едни од поценетите
Баш се ова, плус партиски активисти, фрлаат оцени од ракав за партиско членство, се изживуваат врз студенти, повеќето се дрски и безобразни кога треба да си во консултации со нив, за мито и корупција не ми се ни збори јасно е до кој степен на "просјачко" ниво знаат да одат, итн..
Една од најодговорните професии во општеството, каде треба да придонесуваат најдобрите, да ги обликуваат идните генерации за жал спадна на магнет за мрзливи луѓе. Дека универзитетските професори се ценети и почитувани кај нас прв пат овде читам. Можеби имало некогаш илузија дека се наводно некоја интелектуална авангарда , меѓутоа маските се одамна паднати. Нивото на образование, култура и одговорност е директен одраз на нивната (не)професионалност. Да работеле како што треба еден професор да работи, верувам дека би имале шанса да бидат ценети. Секоја чест на исклучоци можеби ги има, но мојата перцепција за нив е дека се бедни уценувачи и гробари на универзитетското образование во Македонија.
Доколку титулата професор доктор ја стекнале со труд и учење би биле и најценети и најучени. Најдобра професија не е, но е во скоро најдобрите и една од најдобро платените. Жално е што сега може со пари да се стигне до тоа. А некој кој нема финансии да уплати магистерски и докторски џабе му е и желба и труд. За некои работи.се согласувам, супер е да работиш со студенти,постојано да учиш и ред други работи
За некого најдобра, за други не. Секоја професија (па и оваа) има свои предности, но и недостатоци. Не можам така да генерализирам за професии. За мене е најважна љубовта кон работата, професијата. Ако некој не сака да го работи тоа, џабе е и (релативно) добрата заработувачка, џабе е и општествениот статус. А тоа дека не работат, грешка си. Како што спомнаа и погоре, не се само предавањата, професорите работат и дома, истражуваат, пишуваат трудови... Барем така би требало да биде.
Такви како Бобек Шуклев и Славе по сметководство и ред други како нив, го урнаа авторитетот на професијата. Јавна тајна се тарифи за полагање испити. Таквите не се на цена.
Najbolja e. Ke si dupis studentki,ke lapas kes i eden ton privilegii za preodna ocena,bolje nego profesor u sredno
Да. Особено ако си професор на факултет. Плата феноменална, плус некој денар од поткуп. Милина. Затоа не сакаат да го мрднат газот од фотелјата.
Колку се добри универзитетските професори се гледа и по местото на кое е рангиран пример Скопскиот универзитет, и по кадарот кој од тој универзитет излегува. Плата феноменална, баш не би рекла. Единствено вредат титулата и уживањето социјален статус, тоа за оние кои мора да си го хранат егото на таков начин. Исто како со оние кои "уживаат" да носат тога, а правниот систем е најтрулиот од осамостојувањето на државата. Ме интересира кој е ќејфот да бидеш дел од нефункционални системи. Најдобрата работа е таа во која уживаш, без да размислуваш (барем не често) дали е тешко, затоа што важно е да е важно
Можеби не е најдобра ама е одлична во секој случај. Прво и прво, како за наши стандарди платите не се мали. Втора работа, не висат по 8 часа на работа, се случува по цели празни семестри да имаат и со месеци да бидат слободни при што немаат никаква обврска да се појават на факултет. Ок сега, си имаат ангажмани околу трудови, наука и исполнување на услови за титула ама дека им е многу по лабаво од обичен работник во приватен сектор е факт. Плус и што се заштитени, работните места им се сигурни, платата редовна...