Јок. Тебе ако ти е омилена, можеше да се надоврзеш во соодветна тема, не морало "да трепка" како посебна. Мене образовните институции ме асоцираат на затвори, а и многу други негативности гледаат моите очи во таа професија. Најубаво е човек да води свој приватен бизнис и покрај ризиците, или пак да биде спортист, или глумец, а особено филмски, мене тоа најмногу ми се допаѓа. Требаше теми да отпочнам?
За плати, порано една професорка ми кажуваше дека земаат 800 евра и не беше задоволна. Денес вели дека не се мрднати примањата со години. Познавам повеќе професори на факултет на УКИМ мислам. Има некои кои се навистина пристапни, културни, и за такви ги сметам Људмил Спасов, Милева Ѓуровска, прекрасна личност, Татјана социологот ми е фина, а за Славе, соработувавме порано со него, ама ете го стресе афера човекот. Кој што сеел тоа ќе жнее. Инаку, во Прилеп, Штип, на Тетовски, па тоа со часови да вртите никој телефон не крева таму.
Земајќи го предвид рангот на УКИМ (такво место и не треба веќе да го носи името универзитет), професорите имаат среќа што воопшто имаат работа, да беше ова нормална држава фаци како повеќето од нив сега ќе беа во затвор или некаде далеку од столче во образовна институција. Постојат исклучоци, не велам не, и мене ми предаваше Милева Ѓуровска, навистина добар професор, но сепак СИТЕ таму се неми посматрачи и учесници во уништувањето на образованието во земјава. За плата не смеат да се жалат, дури и 2 денари да земаат они се во ќар затоа што самата позиција им носи невидени привилегии и други "приливи" што од купени потписи, испити, уцени... Распитајте се само за децата нивни и нивните работни места. Од економски сите им се изнапикани како директори и менаџери по Нбрм и поголемите банки, или пак асистенти во нивните факултети. Колку што знам професиите на нашите родители не се пренесуваат преку гените, и само кај банани држави како нас се наследуваат. Дали е добра професија? И да и не. Да, ако можеш мирно да спиеш знаејќи дека си опортунистичко дно. Не, ако си вреден има секакви можности во приватниот сектор за сите квалификувани или со желба за работење.
Тоа така си оди. Татјана е супер, фина е, културна, ама и таа е ќерка на екс пратеник и професор. Колку што знам Милева има два сина. Е сега кој каде работи, не би ме чудело ако децата им работат по банки, НБРМ, оти врските го прават своето. За Славе се изненадив кога го уапсија, доста беше пристапен.
Не во средно или во основно е сто пати подобро сум била на сите три и во основно ми е најубаво и сега сум во основно.