Самото прашање ја објаснува темата.. На пример јас сум различна Со тие кои постапуваат добро,со разбирање,мило ,љубезно и другарски спрема мене се давам целосно за нив..едноставно мило ми е да се давам за нив А за тие кретенките/ите кои се понашаат недолично,недругарски,неразбирливо и кретенско обожавам да ги нервирам,пецкам и спуштам на земја.. ШТО ДА ПРАВАМ ТАКВА СУМ.. Какви сте вие мои феминки/ци?
Многу различно..И затоа различни луѓе со кои сум во секојдневни контакти имаат различно мислење за мене.. Многу малку се тие со кои си дозволувам да сум тотално опуштена и своја..можат да се изберат на една рака
Интересна темава Да, јас се однесувам различно спрема различни типови луѓе. Оние кои со мене се однесуваат другарски, ми помагаат да решам одредени проблеми, ме утешуваат им враќам исто. А за оние кои не се однесуваат со мене другарски, ме озборуваат, понижуваат пред другите јас не им враќам со иста мера. Им враќам дупло ! Тие ако мавнат со шлаканица, јас враќам со бокс ! Мавам со зборови онаму каде најмногу боли. Но не враќам веднаш со зборови откако ќе ме навредат, понижат итн. првин си ги собирам мислите и размислувам како да постапам барем ден-два па после сигурно ќе испадне некоја прилика ако тоа се личности со кои се дел од моето секојдневие
На почетокот, откако ќе се запознаам со некого, обично сум доста резервирана и ладна. Срамежлива сум понекогаш. И тоа не е заради тоа што некој не ми се допаѓа или не ми е пријатен, едноставно таква сум. После некое време, откако ќе се запознаеме подобро, повеќе се опуштам. Ако личноста ми е пријатна, ако со мене се однесува добро и коректно, нема причина зошто и јас да не бидам таква. На навреди враќам секогаш, дури и полошо. Неможам да премолчам. А после тоа прекинувам секаков контакт. Пред оние најблиските сум таква каква што сум-нема потреба од глумење.
Да и тоа како Знам добро какво е чувството кога со некој си фер а тој некој ти работи зад грб. Знам и какво е чувството кога ќе сватиш дека некој те бара само по потреба и тогаш за него си светец а после се однесува како да не постоиш. Затоа личностите со кои сум целосно отворена се бројат на прсти. Речиси со сите се однесувам резервирано и можеби би ме опишале како малку затворена личност но едноставно имам граница и сакам добар дел од работите да си ги задржам за себе. И да, онаа категорија на луѓе која мисли дека светот се врти околу нив и дека се нешто повеќе од другите со задоволство ја приземнувам. Многу летање не е на арно.
Кон луѓето што ми се антипатични секогаш се однесувам ладно. Полна сум со иронија и сарказам. Не можам да ги поднесам, а често избегнувам контактирање со нив. Кон луѓето што си ги почитувам норманло си се однесувам како што треба
СЕКОГАШ! Има луѓе кои органски не ги поднесувам и кон нив сум секогаш вообразена, не сакам да разговарам, но доколку веќе разговарам најчесто се изразувам литературно и се претставувам секогаш како поинтелегентна без разлика на тоа што тие сакаат да имаме нормален однос. Со знаци - движења на телото или мимики им давам до знаење дека не ми се пријатно друштво (иако многу ретко сум недиректна) или пак директно им кажувам дека ми пречат. Оние кои ги сметам за океј, за луѓе со кои можеш да имаш нормална комуникација и заслужуваат почит секогаш сум со нив супер, си имам нормален разговор и многу ги ценам како луѓе. Со оние најбликите секогаш имам комуникација каква што заслужуваат оние кои се најблиски - со добрина, цело време фина и мила, секогаш тука да им помогнам и да делам совети (што обожувам), полна со разбирање и љубов итн.......
Како некој со мене, така и јас со него.....тоа е правило. Доста бев наивна душа и на сите добро им правев,па па на крај нож во грб.
Нормално дека сум различна. Зависи од карактерот на личноста, од возраста, од блискоста меѓу нас, од начинот на кој таа личност се однесува спрема мене.
Се однесувам кон сите со култура,е сега некогаш знам и да му го покажам на некој местото ако претера во нешто,ама воглавно не сум јас онаа која е грубијанин и покажува канџи кон секого,едноставно не преферирам да ги истурам моите фрустрации врз некој кој е најмалку должен за тоа
Со сите според нивните заслуги,бар претежно,иако во последно време се трудам да бидам потолерантна јер сум млада дама.