Како се однесуваат со мене така и јас со нив.. Кога се однесува на навредувања понижувања и сл. само ке премолчам и ке се оттргнам затоа што не сакам да упаѓам во караници и не употребувам такви зборови а и по паметниот секогаш премолчува нели
Секако дека да. Во зависност од блискост и удобност пред личноста, каков карактер и манири има, отворен ум или не... Ова треба да е реторичко прашање, мислам дека не постои некој што со сите исто се однесува.
Сите знам да ги испочитувам, но со тие што имаме заеднички погледи и теми за разговор секако дека на друг начин би ги третирал.
Јас и спрема сама себе различно се однесувам, на пр кога се менува времето, кога сметката ми е празна, кога комшијата ќе ми тропа над глава...така да, јас сум како дувне ветерот..спрема сите различно, кога арна кога не арна,како ке ми прдне
Не ни можеш со сите исто да се понашаш.Кога е некој оптимист и тебе те прави весел, а кога некој е песимист и тебе ќе ти биде досадно. Колку што има луѓе толку и карактери има. Со некои ќе си одговараш, а некои не. Некогаш од што ми било досадно сум ќутела и ме мислеле за срамежлива А, пак кога ќе видам дека некој ми одговара на мојот карактер тогаш сум сосем различна и забавна
Нормално дека со сите не можеме исто да се однесуваме, се’ според заслугата, однесувањето, карактерот и близината.
Секако. Зависи кој колку ми е близок, колку време се знаеме, па и према возраста, дали ми е професор, дали комшија, роднина, пријател. Не можам кон сите исто да се однесувам.