1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали редовно МОРА да се посетува гинеколог после првиот пат?

Дискусија во 'Секс' започната од Lady-Ciklama, 3 август 2011.

  1. Lady-Ciklama

    Lady-Ciklama Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2011
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    4
    девојкиииииии СОВЕТ!!! Првиот пат само што не ми се случил... Дали мора редовно да се посетува гинеколог откога ке ти почне сексуалниот живот!?!??! Дали мора веднаш да се почне со прегледи?? Толку би било ЛОШО И ОПАСНО ако не се оди на гинеколог??? Многу ми е незгодно и СРАМ да отидам, да прашам се во врска со тоа што ме интересира и што не ми е јасно во врска со сексот а не знам каде би отишла :/ !!! Знам дека најдобро е да се направи муабет со стручно лице, зашто најубаво ке ти каже и објасни :worried: Јас со мајка ми воопшто не разговарам на таа тема ииии мислам дека МАЈКА МИ би ме убила ако и кажам МАМО АЈ НА ГИНЕКОЛОГ, ПОЧНАВ СО СЕКС! НЕМА ШАНСИ!!! и не знам со кого друг најубаво би разговарала, освен со дечко ми! Ама сакам совет од ДЕВОЈКА! Ми е срам и со другарките да зборам зашто никоја од нив досега немала односи.
    ве молам за совет <3
     
  2. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    15.279
    Допаѓања:
    101.226
    Пол:
    Женски
    Вака сега, на гениколог не се оди само ако си сексуално активна. Одењето на гениколог е дел од личната хигиена и култура. Добро е барем еднаш годишно да одиш. Нема потреба да се срамиш, не е тоа ништо срамно. Ќе си најдеш докторка ако ти е позгодно да одиш кај женско и ќе ја прашаш се што сакаш. Запамти :!: нема срамни и непријатни прашања ога се работи за твоето здравје. А пред да стапиш во секуселни односи најпаметно ти е да разговараш со гениколог, да ти каже опции за заштита од бременост и СПБ. Пак ќе ти кажам, нема ништо срамно ни непријатно.
     
    На Gerbera, MaTo и AIT им се допаѓа ова.
  3. Jojoba

    Jojoba Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 април 2011
    Пораки:
    868
    Допаѓања:
    718
    Имаш веќе ваква тема, значи прво разгледај пред да отвориш. Ништо на светов не мора, ама да сексуално активна девојка ТРЕБА да посетува гинеколог барем 2 пати годишно ако се е во ред. Ако не си спремна да одиш на гинеколог не знам ни колку си спремна за секс. Тоа е преглед ист како и останатите и срам треба да ти биде ако не одиш на гинеколог, а не да отидеш. И не мора да одиш со мајка ти можеш и со другарка, па и сама.
     
  4. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.345
    Не мораш да трчаш следниот ден,ама барем во следните 3 месеци е пожелно да отидеш или пак порано ако осетиш некакви промени.Потребно е да се прегледаш, особено ако сексот бил незаштитен, а партнерот можеби не е здрав.Плус, гинекологот ќе те посоветува за заштита од спб, бременост и се друго што те интересира :)
    Мајка ти не мора да знае дека одиш :) Собери пари, земи некоја другарка под рака и готово.
     
    На Lady-Ciklama му/ѝ се допаѓа ова.
  5. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.729
    Препорачливо е да одиш, без разлика дали си сексуално активна или не. Барем еднаш годишно треба да се оди, дури и да немаш никакви проблеми, заради твое здравје и сигурност. Освен тоа, гинекологот може да го прашаш за совет во врска со контрацепција итн.
    Не треба да ти е срам, нема потреба, а мајка ти не мора да знае дека одиш на преглед.
     
    На Lady-Ciklama му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Lady-Ciklama

    Lady-Ciklama Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2011
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    4
    ви благодарам девојки <3
     
  7. Rude.girl

    Rude.girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 април 2010
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    2
    А ако немаш 18 исто ке можеш без мајка ти да отидеш и каде поточно треба да се обратиш ?
     
  8. black-angel

    black-angel Praefectus Vigilum Член на тимот

    Се зачлени на:
    14 декември 2009
    Пораки:
    2.635
    Допаѓања:
    4.456
    Пол:
    Женски
    Можеш да одиш да кај гинеколог по твој избор кој може да си го одбереш за матичен и прегледот се врши со плави картони,а доколку не си плаќаш се приватно
     
  9. WildCherry

    WildCherry Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    1.193
    Допаѓања:
    1.172
    Апсолутно е памаетно да се посети гинеколог, ако ништо друго барем два пати годишно, и според мене многу е битно барање на квалитетен гинеколог. Значи распрашај си се поубаво и замини, ништо нема да ти биде, само проверки си вршисш за тв ое здравје ;)
     
  10. Antonija123

    Antonija123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 август 2011
    Пораки:
    206
    Допаѓања:
    73
    Абе ништо не мора, ама кога веќе една девојка е сексуално активна, препрачливо е да оди на гинеколог. Па јас колку што знам во некои западни земји одамна и со закон е регулирано дека мора барем еднаш годишно да се посетува гинеколог, само не знам од која возраст се почнуваше ова
     
  11. Таа Сум

    Таа Сум Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2016
    Пораки:
    140
    Допаѓања:
    619
    Пол:
    Женски
    Јас немам одено на прегледи. Не сум имала никаков проблем па сметам дека не било неопходно.
     
    На LiderKa и the drummer им се допаѓа ова.
  12. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.011
    Допаѓања:
    198.824
    Пол:
    Женски
    Може да имаш проблеми, а да не си свесна за тоа. Има доста инфекции кои немаат симптоматологија, односно, кога ќе се јават симптоми, може да е доцна. Редовни здравствени прегледи се задолжителни, така и гинеколошкиот.
     
    На MilaP и SummerGirl им се допаѓа ова.
  13. Gerbera

    Gerbera Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2016
    Пораки:
    168
    Допаѓања:
    772
    Видов активна тема, па си пишував мислење за случај од пред 5 години. Океј е. :D
    Ве разбирам, мене денес по толку прегледи, па ми е посебна трема гинеколошки преглед, ама таа трае додека да влезам низ врата. После си викам, што и да е, нема да исчезне ако не отидам на гинеколог, напротив може глава да спасам ако на време нешто се открие.
    Најдете добар лекар и одете, барем еднаш годишно (ако не сте тазе мајки, за нив попожелно е дури и почесто, на шест месеци).