1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали редовно одите на литургија?

Дискусија во 'Религија' започната од kva, 8 септември 2013.

  1. kva

    kva Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    308
    Допаѓања:
    345
    Ова тема ја отворам за да дискутираме за нашето одење на литургија.

    Редовно ли одите на литургија секоја недела?
    Дали одите за празниците во тек на седмицата?

    Или само за големи празници како Велигден, Божиќ, празници посветени на Богородица.
    Ако е така што спречува секоја недела да се оди на литургија во времетраење од 1,5 до 2 часа?

    Дали само ја посетуваме црквата, палиме свеќа, оставаме дар, ќе постоиме малку и си излегуваме,
    кој ќе го слуша попот?
    Зошто не можеме да стоиме цело време на литургија, туку за 5 мин. и толку.

    Зошто изгледа како луѓето да се брзаат, немаат време за на литургија, само 2 часа во тек на една седмица, а не е досадно да се оди во обложувалница, да се седи на кафе да се млати празна слама,... и сл? Или пак шетање по трговските центри, посебно во време на попусти?

    Што за вас претставува одењето во црква?
     
    На Таа Сум, t-sweet, Macedonian.Horse и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.781
    Допаѓања:
    4.395
    Пол:
    Машки
    Ќе одговорам на овие прашања иако се двоумев дали да го направам тоа, зашто тоа е многу лично нешто.
    - Се трудам секоја недела да одам на богослужбите (утрена и литургија), некогаш и на саботните вечерни.
    - На празниците во текот на неделата ретко одам, поради работните обврски, можно е да појдам на вечерната или утреното, дури и да фатам и дел од литургијата(во близина на моето работно место има црква), но најчесто не успевам.
    - На литургија одам за да се сретнам со Живиот Бог, но и со Богородица, со ангелските чинови и со живите и умрените Христијани - сите сместени во светиот Путир; Да ја видам вистинската Светлина, да ја најдам верата вистинска и да И` се поклонам на Живототворната Троица, Која ме спасила и ме спасува. Дома можам да му се молам на Бога, можам да се поучуваме од Светото Писмо, да читам житија и поуки, да палам свеќи и кандила пред моите домашни икони, да го кадам домот, но ја немам Литургијата и го немам Путирот.
     
    На IRBBB, душленце, korisnichka и 6 други им се допаѓа ова.
  3. eticka

    eticka Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    117
    Допаѓања:
    85
    Света Литургија (гр. λειτουργια, лат. ministerium, officium, јавна служба, служење или јавно дело, свештеничка служба во храм), во современиот Православен речник Литургијата има потесно значење и со неа се именува чинот на евхаристичка служба, или чин на Светата Тајна на Тајните – Света Евхаристија или Свeта Причест. Таа е основна и обврзителна дејност на Црквата. Како молитва, ова богослужение се разликува и е пред сите други молитви. Божествената Литургија е црковно дејство на собраните од Бога за служење, за молитва, за слушање на Словото, за поучување во заповедите Божји, за предавање на себеси во благодарност на Бога Отецот и за стекнување на живо искуство на Неговото Царство преку Светата Причест на Неговиот Син, Кој со Светиот Дух веќе присуствува во нас.

    Во секој смисол, Литургијата е празник на верата, прославување на дарот на познанието на Пресветата Троица и повторена потврда на новиот живот кој доаѓа од Троичниот Бог. Како што самиот св. Василиј Велики вели: „Патот кон богопознанието се вознесува од едниот Дух преку едниот Син кон едниот Отец. Истовремено, природната добрина, неразделната светост и царското достојание доаѓа кон нас од Отецот преку едниот Единородниот Син кон Духот.“ Секое богослужение - како лично, така и заедничко, е упатено на Отецот преку Синот во Светиот Дух, Кој заедно со нашите духови сведочи дека сме Божји деца, сонаследници Христови, и повикуваме „Авва, Отче!“ (Рим. 8,15-17)
     
    На korisnichka, Macedonian.Horse и kva им се допаѓа ова.
  4. Macedonian.Horse

    Macedonian.Horse Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 август 2012
    Пораки:
    67
    Допаѓања:
    44
    Со Божја помош. се трудам да одам секоја недела и секој поголем празник
     
    На BlackNight, Таа Сум, Mama25 и 2 други им се допаѓа ова.
  5. pikolino

    pikolino Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 март 2012
    Пораки:
    154
    Допаѓања:
    55
    да одам секоја недела но не останувам до крај децињата ми се мали и се задрзуваме половина цас убаво се осекас кога се посетува бозјиот храм
     
  6. QueenElena

    QueenElena Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2013
    Пораки:
    1.212
    Допаѓања:
    1.289
    Само за поголемите празници.
     
  7. iloveyou29

    iloveyou29 Queen of beauty

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    5.732
    Допаѓања:
    32.001
    Пол:
    Женски
    Одев порано секоја недела на литургија во Манастирот Водоча, а и во нашата црква. Сега одам само за поголемите празници :|
     
  8. macedonec15

    macedonec15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2015
    Пораки:
    227
    Допаѓања:
    118
    Пол:
    Машки
    На поминување влегувам во црква колку да запалам свеќи а за литургија можи дасе речи не одам ни за големи празници
     
  9. Strumka22

    Strumka22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    894
    Допаѓања:
    2.442
    Пол:
    Женски
    Не одам на литургија затоа што не сум квази верник па да во текот на неделата не почитувам ниту едно божјо правило а во недела да одам на лирурѓија надњвајќи се дека бог ќе ми прости. Со еден збор мојот живот е во тотална спротивност со бога и затоа не си го трошам залудно ниту моето ниту неговото време.
     
  10. Balea

    Balea Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2010
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    3
    Здраво.
    Бидејќи нема тема за ова прашање го поставувам тука.
    Ве молам подетално за кревањето лепче.
    Кога се оди со литургијата/вино/леблебии за „кревање„ лепче?
    Дали утрото пред мисата спроти празникот, попладне спроти празникот или пак може и на денот на празникот утрото пред мисата?
    Оваа година ќе ми биде прв пат,па ве молам поупатените за одговор.
     
  11. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.012
    Допаѓања:
    35.978
    Пол:
    Женски
    Одењето на литургија го поврзувам со големите верски празници.
    Многу многу ретко може да се случи да отидам, а посетата на светиот храм зависи од близината на местото. Генерално не сум некој извикан верник и правам така како што јас мислам дека треба да постапам во однос на некој празник.
     
  12. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.419
    Допаѓања:
    54.706
    Пол:
    Женски
    За жал многу ретко одам на литургија,се случило да не отидам ни за време на голем празник,ама затоа спротивно од тоа,во обичен ден и во било кое време знам често да отидам во црква да запалам свеќа и да се помолам,знам дека треба како Христијанин секој човек да најде време да оддели 1 саат за литургија,ама за жал модерното време ни наметнува многу брзи стандарди кои несвесно не одделуваат од Господ,сите знаеме да му се обратиме само кога сме во тесно за жал,чест на исклучоците.....
     
    На 2212, Mama25, Orthophill и 2 други им се допаѓа ова.
  13. HoneyAxl

    HoneyAxl Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 април 2013
    Пораки:
    273
    Допаѓања:
    151
    А како оди сега тоа во поново време?? :)
    Одамна не сум била ни во црква,пола година..
    Ако може некој да ми објасни кога и како има,дали во сите цркви е исто :)
    Многу сум неинформирана,знам..
     
  14. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.048
    Допаѓања:
    76.042
    Пол:
    Женски
    На литургија досега немам одено.
     
  15. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.048
    Допаѓања:
    76.042
    Пол:
    Женски
    Сакам да споделам текст кој се однесува на правилата при литургија, ќе биде од корист. Некои од овие правила и јас самата подоцна ги дознав. Мислам дека нема потреба од нова тема каде конкретно ќе се дискутира за овие правила кога веќе има слична тема каде текстот соодветствува.

    Првото, што треба да го знае секој христијанин, е дека тој преку својата лична вера и преку учество во:
    Светата тајна на крштевањето(трикратно потопување во вода во името на Отецот и Синот и Светиот Дух),
    миропомазанието (дарувањето на силата, благодата, на Светиот Дух)
    и причестувањето (влегување во личносна спасоносна заедница со нашиот Господ, Учител и Спасител Исус Христос, преку Неговото Тело и Крв)
    го започнал процесот на остварување на своето вечно ослободување од злото, гревот, демонските духовни сили, болестите, страдањето, духовното непознавање на себе и својот Творец и постанал член на Телото Христово, на Црквата, на новозаветниот народ Божји, а тоа членство во Црквата носи свои права, но и обврски.
    Второ, и од суштинско значење, е разбирањето на Црквата како заедница на Христови ученици кои тука во овој отпаднат од Бога, но преку и во Христос спасен свет, заедно помагајќи, поучувајќи и служејќи си, се подготвуваат за вечното љубовно - творечко заедничарење и постоење во Царството Божјо.
    Црквата, како новозаветниот народ Божји, денес е раширена низ целиот свет и нејзините членови конкретно ја доживуваат и во неа се спасуваат преку помесните Цркви (нашата Македонска Православна Црква е една од помесните Цркви возглавена од архиепископ) , преку митрополиите (возглавени од митрополит, кој всушност е епископ (преведено значи - надгледник) на главниот град од еден регион), епископиите (возглавени од епископ), црковните општини (возглавени од протопрезвитер или старешина) и парохиите (возглавени од празвитер или познат кај верниците како парохиски свештеник) .
    Трето и особено значајно за здрав духовен и спасоносен живот на секој член на Црквата е неговото активно учество во животот на неговата конкретна заедница(митрополија / епископија = епархија, но особено во црковната општина и парохијата, затоа што последните се најконкретни видливи црковни заедници за еден верник), а пред се неговото активно учество во богослужбениот живот на својата заедница.
    Литургијата - заедничкото богослужбено, молитвено и светотаинско дело на црковната заедница, на кое се врши нашето крунско поучување, благодарење и причестување, е врвот на заедничарењето на членовите на Црквата помеѓу себе, но пред се со Бога, со изворот на животот и постоењето, со Отецот Небесен преку неговиот Единороден Син и нашиот Спасител Исус Христос во Светиот Дух, нашиот Утешител и Просветител.
    Четврто и незаобиколно по своето значење, што треба да го знае секој член на Црквата, е тоа дека секогаш кога ќе појдеме кон храмот (молитвениот дом) ние поаѓаме со цел молитвено да се сретнеме со Бога, но и да се сретнеме со нашиот епископ (надгледник), со презвитерите ( старешини, парохиски свештеници), со ѓаконите и со нашите браќа и сестри со кои заедно ја сочинуваме Црквата. На тој начин нашиот Отец Небесен преку својот Син во Светиот Дух не' гледа како личности, како свои синови и ќерки, но и како Црква, како свој новозаветен народ. Затоа секогаш кога ќе тргнеме кон храмот за да се собереме како Црква треба духовно да се подготвиме за таа средба. Треба да внимаваме на внатрешната состојба на нашата личност, на мирот во душата, на чистотата на совеста и срцето, на мотивот за нашето тргнување кон храмот (вистинските верници Црквата - се мисли на зедницата, а не на храмот - ја доживуваат како училиште во кое се поучуваат за тајните на животот, но и како болница во која се лечат од сите нешта кои можат да ни го загрозат животот).
    Кога ќе пристигнеме пред вратата на храмот треба да застанеме за да ја направиме нашата последна духовна подготовка. Треба со вера да се прекрстиме, односно, на себе да го изобразиме крстот. На тој начин ја исповедаме верата во Троединиот Бог, Отецот и Синот и Светиот Дух и во Христовата победа над злото и сатаната извршена на крстот, но, ја исповедаме и нашата доверба во однос на тоа што Бог правел, прави и ќе прави во иднина за нас како Негови созданија и возљубени чеда.
    Потоа влегуваме во храмот за да се вклучиме во молитвата на Црквата.
    Но сепак, пред да се вклучиме во молитвата треба да ги знаеме и следните нешта:
    1 - Во храмот (молитвениот дом) треба да бидеме присутни пред почетокот на богослужбата. Ако сме задоцниле, тогаш нашето влегување треба да биде многу внимателно без да го одвлекуваме вниманието на оние кои веќе се во молитвена состојба. Во храмот не треба да се шетаме, туку треба веднаш да отидеме на нашето место, или да си најдеме место каде што ќе застанеме, и ќе се вклучиме во молитвата.
    За почетокот на богослужбите треба да се информиреме од нашите презвитери (парохиски свештеници), вероучители или служителите во храмот.
    2 - Во храмот треба да бидеме пристојно облечени, без пројава на суета и нападност. Особено жените треба да обрнат внимание на пристојноста на облеката. Не сличајно апостол Петар во своето послание во однос на надворешното украсување на жените напишал: "Вашата убавина да биде не надворешна, односно во плетењето на косите, китењето со злато или облекување на разни облеки, туку внатрешна, во срцето на сокриениот човек, во постојаност и тих дух, што е драгоцено пред Бога" (1. Петрово. 3,3). Апостол Павле јасно говори и дека „секоја жена која Му се моли на Бога гологлава ја срамоти главата своја“. Свети Јован Златоуст кон тоа додава дека покривањето на главата е знак на покорност и потчинување: тоа поттикнува на гледање надолу, на смирување и на чување на добродетелта. Тоа е знак на скромност и целомудреност, кои особено им доликуваат на жените христијанки. Во летниот период мажите треба да знаат дека во дворот на храмот (манастир) и во самиот храм не е пожелно да се влегува со куси панталони.
    3 - Кога ќе влеземе во храмот (наосот), пред целивната икона, која вообичаено се наоѓа во средината на храмот, му се поклонуваме на Бога и ги целиваме со почит ликовите на светиите или преставата на празникот која е изобразена на иконата. Нашиот материјален дар - доколку имаме можност, ние како членови на Црквата да и помогнеме на својата Црква во нејзиното материјално издржување и помош во нејзината мисија (како милосрдна, така и мисионерско - просветна) - треба да го оставиме на место кое е однапред определено за тоа, најчесто тоа се црковни каси. Не е пожелно парите да ги оставаме по иконите или на други места по храмот (на пример - иконостасот), затоа што никој не смее да знае за нашиот дар. Тој треба да се остави тајно, како што заповеда нашиот Господ:
    "А ти кога даваш милостиња (дар), да не знае твојата лева рака што прави десната, за да биде твојата милостиња тајна, и тогаш, твојот небесен Отец, Кој гледа тајно, ќе те награди јавно". (Матеј.6.1-4)
    Со тоа што не се оставаат пари, и останати нешта по иконите, ние остануваме верни на православното разбирање на смислата на иконата и нејзината богослужбена функција онака како што е определено во одлуката на Седмиот Вселенски Собор. Треба да се нагласи дека е многу важно да се запазуваме од гревот на идолопоклонство и со своите непромислени дела да не ги соблазнуваме оние што не ја познаваат верата или се почетници. Еве што за гревот на идолопоклонството, но и за останатите гревови, напишал светиот апостол Јован во своето Откровение:
    " Блажени се оние што ги исполнуваат заповедите Негови, за да бидат достојни за дрвото на животот и да влезат во градот низ портите (се мисли на Царството Божјо).А надвор ( од Царството Божјо) се:
    кучињата (се мисли на карактерно етичките карактеристики на одреден тип на луѓе) ,
    вражачите (оние кои се занимавале со разни магиски - окултни вештини, гатање, демоно-инспирирано јасновидство, принесување курбани - крвни жртви,манипулирање со религиозни чувства, односно, манипулирање на неупатени во верата и нивно злоупотребување за свои цели ) ,
    блудниците, убијците, идолопоклониците
    • и секој што сака да лаже и лаже. (Откр. 22. 14 - 15)"
    4 - Свеќата, поставена на заедничкиот свеќникот, уште од Стариот завет е симбол на Божјата светлина и вистина (види 2. Мој. 25, 31 - 39). Кога ја палиме во храмот, при принесувањето на нашата лична молитва, ние со нејзината светлина исповедаме дека нашиот Бог е вистинска светлина и вистина која не очистува од мракот на незнаењето и скверната на гревот. Свеќата треба да ја палиме, доколку во храмот се служи богослужба (особено Литургија), пред и по богослужбата. Зошто? Затоа што свеќата е пропратена со лична молитва, а богослужбата е заедничка молитва на членовите на Црквата. Во заедничките молитви сета Црква се моли и за личните и за заедничките потреби на своите членови.
    5 - Сите верници кои молитвено учествуваат на богослужбата не смеат да приоѓаат кон иконостасот (преграда на која се поставени икони, а која го оделува местото каде што стојат верните на молитва од олтарното место каде што се наоѓа Чесната Трпеза на која се извршува осветувањето на принесените леб и вино, кои стануваат Тело и Крв Христови). Иконите на иконостасот не треба да се бакнуваат, нити на нив да се оставаат разни нешта. За таа цел е поставена целивната икона на средината на храмот.
    6 - Според старата црковна традиција за време на богослужбата мажите стојат од десната страна, а жените од левата страна (гледано кон иконостасот). Има многу причини за одржување на оваа традиција, но сепак, на оние кои се во брак и со мали деца им се разрешува да бидат заедно за време на богослужбата од разбирливи практични причини.
    7 - Во храмот, или надвор од него, за време на заедничката молитва се стои исправено. Оваа исправеност има симболично значење. Таа го симболизира нашиот слободен, воскреснољубовен и синовски однос кон нашиот небесен Отец, односно нашето духовно “стоење” пред Него.
    Има периоди во годината (кога се пости) и денови во седмицата (освен Недела - Господовиот ден) кога за време на богослужбата се прават големи поклони и се клечи. Со големите поклони (со челото до земја) и со клечењето (коленопреклонувањето) се изразува сознанието за нашата грешност и потребата за очистување од нечистотијата на гревот (покајание и исповед). Во храмот може да се седи кога се проповеда и кога тоа го дозволува богослужбениот ред. Но заради немоќ, старост, болест и други причини за време на богослужбата е разршено да се седи.
    8 - На богослужбата треба сите молитвено да учествуваме. Треба да ги научиме црковните песни и молитви и според дарот за пеење треба сите да пееме, да го славиме Бога. Ако немаме дар за пеење, славењето може да го правиме во себе или тивко, без да ги дразниме другите.
    9 - Според начинот на кој ние како Црква живееме и учествуваме на богослужбите, а особено на Литургијата, се гледа нашата љубов и посветеност на Бога, но и плодот на здравиот спасоносен духовен живот на една црковна заедница.
    Присуството на благодатта на Светиот Дух, убавината, спокојството, редот, молитвеноста и љубовта во богослужбата е најдобара мерка и најдобро огледало за квалитет на личниот и заедничкиот духовен живот во Црквата Христова.
    10 - Треба да разбереме дека секој од нас, како член на Црквата, е одговорен за квалитетот на заедничкиот духовен живот во Црквата, односно, е одговорен за редот, убавината и молитвеноста на богослужбата.
    Зашто, секој од нас, преку здравиот духовен живот во Црквата, преку осознавањето и учествување во сето она што нашиот Спасител Исус Христос го направи и прави за нас, на вистински начин се подготвува за причестување со својот Спасител, преку Неговото Тело и Крв на Литургијата, односно се подготвува за вечниот живот во вечното Царство на Отецот и Синот и Светиот Дух, нашиот Бог.
     
    На flowergirl1, душленце, Rama и 2 други им се допаѓа ова.
  16. sonuvana

    sonuvana Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2016
    Пораки:
    1.085
    Допаѓања:
    2.437
    Пол:
    Женски
    Одам со голема радост.
    Имам своја црква, во која се што се случува го доживувам како дел од себе.
    Ги сакам сите луѓе таму, иако никого не познавам лично.
    За мене Литургијата стана исцелителско искуство, иако не така оддамна ништо и не знаев за неа.
    Сите овие правила, погоре напишани се отвараат и примаат постепено, со Божји благослов и кај секого можеби поинаку.
    Силна енергија на љубов и припаѓање.
     
    На BlackNight, Rama, Orthophill и 4 други им се допаѓа ова.
  17. Таа Сум

    Таа Сум Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2016
    Пораки:
    140
    Допаѓања:
    619
    Пол:
    Женски
    Душата никаде не наоѓа таков мир каков што наоѓа во храмот за време на литургија. Неописливо. :inlove:
     
    На BlackNight, Rama, Orthophill и 3 други им се допаѓа ова.
  18. blonde_supergirl

    blonde_supergirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2016
    Пораки:
    821
    Допаѓања:
    2.131
    Пол:
    Женски
    Нажалост, не, иако би сакала. Јас сум исклучиво домашна птица и неретко не излегувам со денови од дома, освен до продавница. Сигурно, претпоставувам е многу убаво чувството... Црквите и двете ми се на дваесет минути одење пеш. што и не е далеку, но ете... Само еднаш имам одено на исповед, тогаш кога Отецот ми ја даде книгата за старец Пајсиј, но ова искуство секако дека ќе го повторам. Убаво се чувствував, смирено, промена ми дојде.
     
    На Orthophill му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.048
    Допаѓања:
    76.042
    Пол:
    Женски
    Богослужењето е заедница на љубовта помеѓу Бог и човекот. Човекот ги прима човекољубието и големата милост на Света Троица и Ѝ го принесува срцето што се кае, благодари, славослови, плаче од љубов кон Господ, постојано бара нови зборови за да ја изрази љубовта, и не престанува во тоа, освен тогаш кога се ослободува од нешто што не е од Бог, за да Му се посвети само Нему.
    Така христијаните целосно, а не делумно, служејќи Му на Бог ја достигнуваат сечовечката назначеност, односно заедницата и единството со Света Троица од Која се одвоиле поради прародителскиот грев. Во Божјата Евхаристија, служењето на христијаните достигнува врв и совршенство, затоа што во таа Света Тајна, по предимство, оживотворува подлабокото и посуштествено единство со обоженото Тело, очовечено на Крстот преку Распнатиот и Воскреснатиот Господ, и на тој начин верните го усвојуваат вечниот Божји живот.
    Причестувајќи се со Телото и Крвта Христови „за простување на гревовите и вечен живот“ верните стануваат нераспадливи, бесмртни и се спасуваат од најтешката последица на прародителскиот грев.
    На богослужбите верните разговараат со Бог, Му славословат, Му благодарат, но само на Божјата Литургија во себе го примаат Христос, стануваат едно со Него и неслиено се соединуваат со љубениот Господ.
    Христијаните отсекогаш ја сметале Божјата Литургија за центар на богослужењето на Господ. Секоја недела, денот во спомен на Христовото Воскресение, тие се собирале заради служење на Божјата Евхаристија, поради личната средба со Воскреснатиот Господ, заради соединувањето со Него во едно Тело, во една заедница, едно семејство, заради принесување благодарност на Господ за сите Негови чудесни дела: создавањето на светот, создавањето на човекот, подготовката за спасение во старозаветните времиња и промената на созданијата преку спасоносното Христово дело.
    Бидејќи христијаните живеат за да Му служат на Бога, а врвот на тоа служење се случува на неделната Литургија, накратко, за раните христијани таа станала најзначаен ден во седмицата, центар на човечкиот живот. Христијанинот целата седмица се борел, усрдно се трудел, молел и се подготвувал за доаѓањето на неделата, за да Му принесе совршена служба на Бог Отецот и Воскреснатиот Искупител.

    Одам секоја недела, освен во деновите на месечниот циклус. За празници поретко одам, но ќе гледам да бидам редовна и тогаш. :)
     
    На Таа Сум, Orthophill, Rama и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. Petra777

    Petra777 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2015
    Пораки:
    2.877
    Допаѓања:
    29.046
    Пол:
    Женски
    Порано бев по редовна, дека преку хор пеев и имав ред неделите...
    Сега одам неделите со сопругот кога можеме секако( понед-саб сме на работа) , за големи празници гледам да сум редовна.
    Чувство неописливо! Смирение кое не може да се пронајде на ниедно друго место!
     
    На GirlLove, sonuvana, Rama и 1 друга личност им се допаѓа ова.