Дали редовно одите на литургија?

Дискусија во 'Религија' започната од kva, 8 септември 2013.

  1. Drustvena

    Drustvena Активен член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2023
    Пораки:
    56
    Допаѓања:
    74
    Пол:
    Женски
    Да ми препорачате во Скопје во недела каде одите на литургија?
     
    На sonuvana му/ѝ се допаѓа ова.
  2. sonuvana

    sonuvana Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2016
    Пораки:
    1.302
    Допаѓања:
    2.839
    Пол:
    Женски
    Оди во најблиската црква,таму припаѓаш. Литургијата е секаде иста, не треба да се "трча" по манастири или " познати " цркви. Во нив се оди понекогаш, ако почувствуваш потреба ќе знаеш каде .
     
    На Mic18, Orthophill и sweet dreams ** им се допаѓа ова.
  3. Drustvena

    Drustvena Активен член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2023
    Пораки:
    56
    Допаѓања:
    74
    Пол:
    Женски
    Немам желба каде што живеам
     
  4. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.935
    Допаѓања:
    4.714
    Пол:
    Машки
    Зошто?
     
  5. Drustvena

    Drustvena Активен член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2023
    Пораки:
    56
    Допаѓања:
    74
    Пол:
    Женски
    Сакам да се концетрирам на литургијата, а тука сите ги знам
     
  6. MladiotPropast

    MladiotPropast Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 август 2022
    Пораки:
    212
    Допаѓања:
    136
    Пол:
    Машки
    Ne e bitno kade ke idete bitno e da otidete da bidete prisutni
     
    На tessie и eliesaab им се допаѓа ова.
  7. mickey18

    mickey18 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 октомври 2024
    Пораки:
    267
    Допаѓања:
    290
    Пол:
    Машки
    Колку губат православните пропуштајќи ги богослужбите од последната недела од Великиот пост.
    Го чекаат Велигден, чекаат радосна средба со Господ, но никој не оди да Го придружува на Неговото страдање. Сите сакаат да се радуваат со Него, но малкумина сакаат да плачат со Него.
     
  8. GirlLove

    GirlLove Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јануари 2010
    Пораки:
    6.615
    Допаѓања:
    17.340
    Луѓе, а што со нас, што не сме од други градови, ние не припаѓаме на никоја Скопска црква.
    Валјда најблиската е "наша"
     
    На Orthophill му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.935
    Допаѓања:
    4.714
    Пол:
    Машки
    Секоја црква е наша, зашто таа Му припаѓа на Христа, а и ние сме Христови.
    Но, земната Црква, како заедница е поделена на помесни цркви, епархии и парохии. Секоја парохија се собира во одреден храм и ние како припадници на таа парохија треба најчесто да си одиме во парохискиот храм. Не значи дека не треба да појдеме некогаш и во други храмови, или манастири, но најчесто да си одиме во храмот кому ние припаѓаме.
     
    На tessie и GirlLove им се допаѓа ова.
  10. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.876
    Допаѓања:
    81.002
    Пол:
    Женски
    Како мислиш "што не сме од други градови"?
    Студирав во Скопје и додека бев таму, одев во која ќе стигнев црква. На литургии одев во Св. Архангел Михаил во Автокоманда оти тука седев, во студентскиот. Секоја црква е наш дом, јас така се чувствувам.
     
    На GirlLove, Dominodancing, tessie и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.770
    Допаѓања:
    23.804
    Пол:
    Женски
    .
    Јас во друга држава сум , па си одам секоја недела и за празници кога ќе се погодат неработни. Е сега, не секаде има таква можност ама за среќа има православна црква релативно блиску, околу саат и 15м со јавен превоз плус допешачување.

    Додека бев во Мк, се трудев најчесто да одам во истата црква, но разни околности некогаш принудуваа на друго, наложено од различни обврски и удобност односно недостаток на истата, така што поарно да присуствуваш на литургија одошто да се разочаруваш ради ова.

    Јас како самец во странство, животот ми е еден вид на секуларно монашко изолирање, иако секако многу поразлично, така што таа служба на којашто ќе отидам во недела, за цела недела ми дава сила и надеж да издржам. За Велигден исто беше многу убаво, иако трчав после работа за вечерните на Велики Четврток и Петок, прежалив и такси fare и сѐ :lol: но секако дека вредеше. На крај на ден, сите сакаме да можеме секогаш и сѐ да направиме според сите правила, но залагањата се бројат, а сите имаме различни сили и слабости и тоа Бог го гледа и знае.
     
    Последна измена: 26 април 2025
    На eliesaab, sonuvana, kuc и 3 други им се допаѓа ова.
  12. Лејди Гага

    Лејди Гага Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 март 2025
    Пораки:
    642
    Допаѓања:
    1.021
    Пол:
    Женски
    Јас не одам толку често во црква, меѓутоа за празници обавезно :)последен пат бев на литургија за велигден:l:
     
    На mickey18 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. autumn leaves

    autumn leaves Активен член

    Се зачлени на:
    25 април 2025
    Пораки:
    78
    Допаѓања:
    166
    Верувам во христијанството но од контекстот во Библијата телото повеќе го перцепирам како храм отколку црквата, не сум била одамна.
     
    На daylight и mickey18 им се допаѓа ова.