Еве два линка, во кои се објаснува позадината зад расплаканите статуии. http://theconversation.com/what-is-behind-belief-in-weeping-virgin-mary-statues-100358 https://www.washingtonpost.com/news...lain-it/?noredirect=on&utm_term=.eafc698fc545
Паметно дете во изолација во развој ќе си поставува прашања од каде потекнувам јас, кој е мојот идентитет, зошто постојам, кој ги создал птиците, сонцето, ѕвездите... и ако е доволно паметно, лесно ќе заклучи дека тоа не можело случајно да настане, туку морал некој да го создаде. И бидејќи е само и изолирано, можеби нема да го нарече Создателот Бог или God или на некој од светските јазици, но сепак тоа нешто ќе му претставува она што за нас е Бог. Е сега ако има доволно време да се занимава и со наука, уште толку повеќе ќе се убеди дека мора да постои Создател. Но секако дека нема да знае каков е тој Бог, која е Неговата природа, замисла за луѓето итн. За ова е потребно Бог да му се објави, како што се објавил на целото човештво преку Библијата и Исус.
Значи не очекувај одговор од овие безбожници, затоа што мозокот им е испран од глупости трескање. НЕМААТ одговор на ова прашање затоа одговараат со сe' освен со вистинскиот одговор- дека Бог постои. Пак ќе продолжат да прават будали од нас, ама убаво кажа Христос дека ќе бидеме омаловажувани и повредени поради неговото име...
Зарем во денешно време може нешто да остане тајна!? А зошто да не верувам дека навистина е божје сила вмешана..барем се додека некој не се најде да го обелодени тоа со јаки аргументи!? пр. телото на св.Бернардица која опстојува повеќе од 100 години..не правам моабет за балзамирање, тој начин на очување на тела го учев, плус сум била во мавзолејот на В.И.Ленин...
А и зошто баш на овие луѓе не им се распаѓаат телата? Зошто баш на тие кои целиот живот го следеа Божјиот збор и ги правеа делата според Библијата?
Вистина е дека не постои евидентен, научно поткрепен доказ за тоа како дете би реагирало во изолација од причина што тој експеримент не би бил хуман. Но, како и да е, колку и да има EQ и IQ потенцијал тоа дете, факт е дека истиот не може да го развие доколку не поима идеја за јазик, а преку немање поим за јазик, автоматски се блокирани и сите когнитивни/мисловни процеси. Што значи дека, од логички аспект е многу повеќе веројатно дека ќе се фукусира исклучиво кон развивање и усовршување на своите примарни животински нагони за преживување, (под претпоставка дека под некои околности преживеало доволно долго за да стаса до овој степен на развиток), отколку што ќе размислува како да ги развие левата и десната мозочна хемисфера, или да гледа ѕвезди, размислува за наука и слично, кога нема ниту да има идеја за истата првенствено. ..Доколку тоа дете во изолација се соочи со гром кој ќе го запали дрвото, тоа нема да бара филозофска онтологија, да се прашува зошто е громот овде, кој го создал, и како настанал, туку громот ќе го гледа како опасност по живот, и ќе бара начин да се заштити. Истото правило важи и за останатите временски непогоди, и повторно сѐ е сведено на она што ти го спомнав во почетокот - нагонот за преживување. Затоа ти викам дека религијата е идеја на колективитетот.
Што не ти е јасно ако тврдиш дека си го учела овој метод на сочувување на човековото тело после смртта? Баба, тоа е одговорот.. Жал ми е ако тоа те разочарува, но нема подлабоко трансцендентално значење.
Па токму поради тоа, воделе световен живот во име на Исус, граделе живот по негови зборови, дела и свети писма. Па никаде не пишува, никој не докажува дека светото тело на Бернардица е балзамирано
А вие правевте хемиски експерименти, анализи за да знаете дека навистина не се телата хемиски третирани? Така беше и во црквата каде што демек иконите сами се чистеле, па се откри после дека е измама тоа. Едит- нормално ви било тело да не се распаѓа со години (као демек), ама не ви е логичма еволуцијата...океј
Достате бе со тие тела, елајте пред собрание на протест против загадувањето на воздухот, таму ќе дискутираме во живо.
Вие и вашите научници правевте па еве докажавте хахаха... Се' ви е на вас експеримент и лабораторија во животот. ЛОЛ
Ние не сме докажале ама ти кажувам која е логиката у случајот. А еве ти докажи дека навистина тоа тело не се распаѓа без хемиски третман.
Јас пред дрисла бев а не ќе е лошо ти да ни објасниш за телава на светците што не се распаѓаат..сепак твоето знаење е најголемо овде на форумов.
Пак ти на логика се потпираш. ХАХАХА Аууу вашава логика еј, сите знае да ги заќути. Жалосно... Па ајде дека вие сте од класата на научниците и филозофите објаснете го тоа. Само не знам како...
Зошто телото не се распаѓа? Нема што да објаснувам зошто невозможно е туку така да не се распаѓа. Како да објаснам нешто што не може да се случи?
Не знам што конкретно да ти објаснам во селектирање на традиции кои ми се интересни и правење на истите зошто ми се интересни? Баш - баш забавно ми е да украсувам јајца, иако "правилно" е само црвени, на пример. Крисмас џанки сум и 99% од тоа што го правам за Божиќ има врска со католичкиот Божиќ, да, елка накитена не е баш православна работа, ако и православни ја прават. Бесам чорапи, украсувам, шетам низ Пинтерест за идеи. Истото го правам и за Халоуин. Не знам како тоа има врска со религиозност, тематски активности се. И бејби шауер правев за другарка. Е сега, никогаш ни во најтешки денови, не сум барала утеха во нешто... поголемо. Не знам ни како изгледа тоа, ни како се чувствува тоа. Најтешко ми било кога блиски ми биле болни и на смртна постела, и ни тогаш утеха не барав во нешто, освен разговор со блиските. Рече секако не можам да те убедам, ок.