1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали религијата е наследство или избор?

Дискусија во 'Религија' започната од CameliaMiller, 29 јануари 2019.

  1. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.090
    Допаѓања:
    163.463
    Пол:
    Женски
    Еве јас не го правам, Јованче. Во најголемото емотивно страдање досега во животот ниту ми дојде одвнатре да посегнам кон религијата, ниту ми помогна. Токму тогаш ја оттргнав таа слаба религиозна нишка што ми беше контрадикторна со моите ставови, а всушност била само нијанса на страв и суеверие. Ниеднаш се немам веќе помолено. Во црква кога одам од почит заедно со мајка ми (многу ретко) се чувствувам онака numb. Или би рекла како што сум се чувствувала ко турист во католичка црква, на пример.
    Комфорт барам во секојдневни бегства од реалност - во уметност, во хумор... ништо надвор од домен на човечка рака.
    Не ми е намерата да те убедувам, оваа цел на религијата тотално ја почитувам кај луѓето, само да се надоврзам. :)
     
    На RoseRain, violetblue, CameliaMiller и 5 други им се допаѓа ова.
  2. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    9.985
    Допаѓања:
    166.641
    Пол:
    Женски
    @CameliaMiller и ја вака кога те читам, скроз исто пишував до пред некое време, ми стојат мислењата. :) Крај краева дали православни, католички или протестантски ако сакаш, не може да се декларираш како атеист, а истовремено да почитуваш религиозни празници со своите традиции зошто ти е интересно. Мислам ете можеш, само како да ти кажам, е нон сенс.
    Имавме фамилијарни пријатели атеисти. Кај нив отсуствуваше чувството и потребата да се слави религија на овој или оној начин. Тоа чувство не постоеше или го игнорираа, ама никогаш не го презентираа преку било каква православна, католичка, протестантска или каква и да било останата традиција. А верувам многу традиции од секаде низ светов им биле интересни.
    Бејби шауер сериозно во религија го смести? :)

    Како јајцата за Велигден и паричката за Василица немаат врска со религија? :) Атеисти сме ама им се радуваме. Па оттука, да се надоврзам на вториот пасус, дека некој што врти паричка за Божик и Василица и вапца јајца за Велигден да ме убедува на форум за строги атеистички погледи навистина ми е оксиморон.

    @Someonespecial ја не тврдам дека нешто поголемо од човечка рака има, ама понекогаш би сакала да верувам дека има. Еве ти тврдиш за тебе било слабост, во тој одреден момент така си се почувствувала. И тоа е во ред. Во некој нареден може токму тоа ќе биде сила, иако во моментов ти изгледа смешно. Нашето поимување за работите е многу опширно и сеопфатно и не запира.

    Лично се сложувам повеќе со атеистичките ставови, само поради што религијата нема што ново да понуди, а науката е прогресивна, ама до сега, ниту таа не ги дала сите одговори, па престанав да се декларирам како атеист, оти и мене ми се интересни одредени религиозни обичаи и се фатив себе си дека ми претставува мерак да ги чекам. А и чувството не изостанува.
     
    На Rama, ynboo и daylight им се допаѓа ова.
  3. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    18.992
    Допаѓања:
    261.089
    Епа што би била тогаш?
    Со оглед на тоа дека сум селективна, од сите вери по нешто правам :)
    Веќе кажав, не сме сите атеисти "една група".
    Јас познавам и баш-баш атеист во црква што се женеше оти семејството на жена му инсистираше.

    Религија јас не можам со ова да поврзам ете, не гледам нешто магично во преварени јајца и лампиони, или во 10те центи во лепчето. Правам оти ми е забавно, традиција ми е.

    Бејби шауер во таа конотација и го кажав. Бирам традиции што ми се интересни. Не мора да се "наши". Ни Халоуин не е "наш" па мене ми е забавен. А католик не сум. Ваљда :)
     
    На Luminary, candy.cane и Someonespecial им се допаѓа ова.
  4. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.419
    Допаѓања:
    54.708
    Пол:
    Женски
    Камелиа, те сметам за интелигентна личност, тоа го имав потенцирано и порано, нема потреба да вртиме упорно едно исто та исто.
    Не знам зошто не ме разбираш, не се правдам де, само си зборуваме, и јас можам до утре да зборам. Не сум контрадикторна ич, многу добро го објаснив тоа со моето смеење(патем и да не спомнев, немаше ни да знаете, и немаше тоа да се провлекува овде со денови),кажав добро како беше се, се фати исто и за тропање глупости, ко да кажав смртна навреда, овде се и сешто се пишува, јас секогаш се обраќам на културен начин, а тропање глупост сите сме го кажале некому овде ;)

    Патем не дека сме повредени после дебата со вас ко што тврдиш, само навистина не бирате понекогаш средства, како што спомнав и претходно не правите со затворен ум, не исмејувате дека не веруваме во еволуција, дека имаме замислено другарче,заглавени во простор и време и уште што не.

    И тоа со задојувањето, како да ти кажам дека секој прави избор дали ќе биди во православната вера, дали ќе стане атеист, познавам многу луѓе кои се крстени во Црква, ама по свој избор станале атеисти, познавам и такви како мене(крстени)кои самите решиле да се продлабочат во верата, без да ги форсираат родителите.

    Инаку се сложувам до збор со @Yowannty ,не ми е јасно зошто баш за Велигден бојадисувате јајца, зошто баш за Василица или Божиќ вртите лепче со паричка?
    Не ми давај споредба со Халоуин, ден на благодарност или друг странски празник, бидејќи нема врска со тоа, значи тебе сепак ти е до традицијата која си влече корени од религијата?
    Ако не ти е, зошто еве на пример не бојадисуваш јајца секој ден, зошто мораш баш на Велигден?

    Ако не се лажам, порано како да те имав читано дека мир наоѓаш во Црква или Џамија да седиш сама некое време??
    Што значи тоа?
    Ако грешам, се извинувам :)
     
    На Feminka22 и ynboo им се допаѓа ова.
  5. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    18.992
    Допаѓања:
    261.089
    За јајцата објаснив, исто како што Халоуин "славам" баш на 31 октомври, а не на 14 мај на пример.
    За мислењето на кое алудираш, тоа е вистина и одамна не сум била, само не пробувај да бараш "подлабоко" значење, во самото тоа мислење имам објаснето дека таму одам (што ми е прво по пат и празно) кога сакам да сум сама со себе и во тишина.
    Луѓето во храмови ниту гласно зборат, ниту ги има во голем број, и кога ми треба самотија тоа е идеално место.
    Некој ако се сеќавам добро ми рече дека може растението што го палат (не знам кое е, ти сигурно знаеш) делува смирувачки, можеби е и тоа, не знам.

    Ама дека одам за да "чувствувам" нешто од самиот храм... не е така.

    Традиции бирам и терам, тоа не ме прави верник.
    Дури секој ден во црква да седам и да се крстам и бацувам икони, верник тоа нема да ме направи :)

    Исто како што некој може не стапнува со нога во црква, а е верник.


    Во однос на смеењето, ти кажа дека ти било смешно, но не дообјасни (отпосле дообјасни) и стојам зад тоа, како атеист, дека не е во ред на било чија вера да се смееш или да ја омаловажуваш.

    Јас за ниту една вера немам добро мислење, но верниците се луѓе и без оглед што (според мене) прават погрешен избор, заслужуваат почит.
     
    На Bender Rodriguez и Someonespecial им се допаѓа ова.
  6. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.090
    Допаѓања:
    163.463
    Пол:
    Женски
    @Rama
    Никогаш не сфатив зошто од христијански аспект ви пречи и ве иритира тоа што атеисти следат традиции и прослави, кога баш е акт на сплотеност и почитување.
    Но, како и да е...

    Ако одиме подлабоко и во истражување, всушност овие шарени и весели традиции не ни имаат вистински корени во христијанската религија и Библијата, туку повеќе се пагански и потоа комерцијализирани.
    За Велигден повеќето бојадисуваме јајца во сите бои (а не само црвени).
    Мотивите на сликава на сите ни изгледаат познати. Знаеш од што е сликава уствари? Од Yule, празник кој го слави богот Один кај германските племиња. :)

    Да не одам подалеку... како што рековме, религијата во голема мера е општествена ствар и наследство. Барем за нас со различен став од твојот, е само тоа.
    Без разлика на тоа како се развиваме со верувања и ставови, прославите на Бадник, Божиќ и Велигден се поврзани од човечки и емотивен аспект со убави спомени од детството. Иако на таа возраст ништо не сме знаеле за суштината на празниците - сме се радувале на подароци, декорации, мириси и вкусови на трпезата. Тоа останува и покрај религиозна преобразба. Овие обичаи не можат вистински да ти внесат религиска догма, уште помалку пак штетеле/штетат некому. Затоа ги задржуваме од тоа наследство, како еден социјален настан меѓу најблиските - што би го пренеле и на деца во иднина за да се радуваат. А секој социјален настан има свој определен датум, кој во случајов им го почитуваме на мнозинството верници околу нас. :)
     
    Последна измена: 6 февруари 2019
    На Luminary, Lianna Anna, CameliaMiller и 3 други им се допаѓа ова.
  7. ynboo

    ynboo Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 декември 2018
    Пораки:
    108
    Допаѓања:
    115
    Немам ништо против тоа што одиш на такви места... ама зошто баш таму имаш одлучено да одиш? Зошто на пример не на некое др. место? (пак ќе повторам немам ништо против, ако можеш и сакаш да споделиш) Инаку за растението- тоа е темјан.
     
    На Feminka22 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.419
    Допаѓања:
    54.708
    Пол:
    Женски
    Немам ништо против ако ти помага тоа што ќе се "осамиш" во црква накратко, само ме интересираше каква е позадината зад тоа, фала ти што ми објасни, не сакам натаму да навлегувам, твое си е.
    И да знаеш дека може да е до темјанот, можеш и дома да се покадуваш(почадуваш), доколку сакаш, секако, нема ништо лошо во тоа. Лично јас, често си чадам низ дома со темјан, а ми се случило и да скршам по малку мали зрнца и да се напијам, за да осетам мир кога сум доживеала паничен напад, или сум била во лоша емоционална состојба.
    Немој да ме сфатиш погрешно, не мислам да ти наметнувам нешто, само се надоврзав бидејќи ти го спомна темјанот....

    Види вака, без разлика што одам во црква и правам одредени работи за религијата, јас не се сметам ни за совршена, ни за безгрешна, како и секој човек (грешник отепан сум).... Точно е дека ми беше смешно кога бев во католичката црква, и ете непромислено се насмеав кога видов како свештеникот пее и свири на клавир, тоа за мене беше нешто невидено дотогаш, ама се остана на прв и последен пат, сум била и во џамија, па сум изреагирала најнормално и најобично, значи секој има право да погреши, јас без разлика тука што "остро" ја бранам мојата вера, патем како и 90% од верниците тука, сепак тоа не значи дека не ја почитувам туѓата вера и религија...


    @Someonespecial Не, не ме иритира мене ич тоа што вие како атеисти се држите до традицијата, само прашањето ми беше зошто баш го правите тоа за време на празниците на кои ние како верници им се радуваме и по традициска и по верска основа.
    Никогаш не сум го поставила тоа прашање, бидејќи во реалноста не сум сретнала атеист да се придржува до традиција.
    Морам да се согласам со тебе, да подобро е во тие денови да има мир и сплотеност, да нема делби на верници и атеисти....
    Муабетот ми е дека баш секогаш "војуваме" едните докажуваме дека има Господ, другите дека нема, а после оп за најголемите христијански празници одеднаш се придава значењето на раѓањето и воскреснувањето на Господ.....
     
    На ynboo му/ѝ се допаѓа ова.
  9. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    18.992
    Допаѓања:
    261.089
    Не сфаќаш дека не се придава ништо на "Господ". Не од наша гледна точка.
     
  10. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    18.992
    Допаѓања:
    261.089
    Па немам друго место каде што никој со ништо нема да ме замара. Имам и во тоа мислење објаснето.

    По природа сакам самотија, а таа ми е луксуз, па 1-2 годишно ми се случуваше просто да си направам кафе и да седнам во двор на некој храм. Никој ништо не ме прашувал, не ми зборел, нема луѓе... идеално поминат пола саат.

    Само што одамна не сум имала прилика, Рама сега ме потсети :) Може зошто најдов друго такво "скришно" место. :)
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  11. thequeen95

    thequeen95 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 август 2016
    Пораки:
    1.232
    Допаѓања:
    4.863
    Пол:
    Женски
    Не е наследство!
    Детето не се раѓа со религија, тоа е личен избор.
     
  12. Fallen.Angel

    Fallen.Angel Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2014
    Пораки:
    2.944
    Допаѓања:
    7.872
    Ме крстиле како бебе без да ме прашаат, ме воспитувале да верувам во нивниот Бог. Си пораснав и си видов дека е nonsense и не верувам.
     
    На Кристалче и Amellie13 им се допаѓа ова.
  13. poi

    poi Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2019
    Пораки:
    1.189
    Допаѓања:
    2.390
    Пол:
    Женски
    Треба да е избор, но кај нас е на некој начин наследство. Во христијанството не крштеваат како бебиња, во исламот им прават сунет. И да се препушти да е избор детето во поголеми случаи би ја избрало истата религија како семејството бидејќи така е растено, но друго е кога само ќе се искаже и ќе избери. Секој има право на самостоен избор.
    Јас сум христијанка, но кога религијата доаѓа во судир со науката сум на страната на науката и тоа е мое мислење. Мајка ми верува во многу повеќе работи, ме учи на некои работи но што кога јас не верувам во тоа. Значи верник сум, но со мера.
    Не осудувам ничие мислење и не сакам ни мене да ме осудуваат. Одам во црква, се крстам, прам одредени адети.
     
  14. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    3.644
    Допаѓања:
    52.604
    Пол:
    Женски
    FB_IMG_1597924794721.jpg
     
    На thequeen95 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.475
    Допаѓања:
    39.705
    Пол:
    Женски
    И двете.
    Има луѓе што кога веќе се доволно возрасни и свесни за своите церувања и избори "остануваат" во таа религија, некој ја менува, некој па воопшто не верува.
     
  16. prominent

    prominent Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2014
    Пораки:
    5.399
    Допаѓања:
    61.219
    Можеби се смета за наследство, но не би требало да биде.
    Јас сум крстена како бебе, но моите и онака не се некои големи верници и не памтам да сме оделе во црква или да сме практикувале некои обичаи.
    Сега, кога сум возрасна личност, не се декларирам како верник.
     
  17. WaitTillTheEnd

    WaitTillTheEnd Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2020
    Пораки:
    739
    Допаѓања:
    1.245
    Пол:
    Женски
    Избега од одговорот дали ако беше родена во Сирија, Пакистан, Иран, Израел ќе беше христијанка со истиот мајндсет?
    Пример цел форум да бевме од тие држави што ќе се дискутираше овде?
    Каде ќе ни е следно место што ќе се бомбардира?
    Дали е во ред мажот да те удри 10 или 12 пати?
    Знаеме дека според муслиманската религија во ред е мажот да ја тепа жената.
    Поентата ми е да бевме родени на друго место и да ни наметнаа нашите предци, општеството друга нација, вера, боја инаку ќе размислувавме а може ќе пропагиравме ислам.

    Модератор: Дискусијата е преместена од темата Дали Господ казнува?
     
    На Bezimenka90, Осе, Asparagus и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. BY<3

    BY<3 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 октомври 2019
    Пораки:
    778
    Допаѓања:
    2.218
    Имаш соодветни теми да ги дискутираш овие работи. Нема потреба да ме цитираш.
     
  19. WaitTillTheEnd

    WaitTillTheEnd Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2020
    Пораки:
    739
    Допаѓања:
    1.245
    Пол:
    Женски
    Ги повикувам најголемите верници да пробат да дадат одговор. Очигледно за обичните верници ова не е соодветна дискусијата со темата.
     
  20. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.475
    Допаѓања:
    39.705
    Пол:
    Женски
    Каде е дозволено да се тепа жена? Ај не треси зелени.Не ми е јасно од каде ги вадиш глупостиве.
    Бисер до бисер редиш
     
    На edna_malecka и BY<3 им се допаѓа ова.