Дали религијата е наследство или избор?

Дискусија во 'Религија' започната од CameliaMiller, 29 јануари 2019.

  1. Asparagus

    Asparagus Популарен член

    Се зачлени на:
    21 мај 2013
    Пораки:
    1.101
    Допаѓања:
    8.168
    Пол:
    Женски
    Тоа го пишува во Куранот.
     
  2. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.625
    Допаѓања:
    40.115
    Пол:
    Женски
    Ок, сликај ми.
    И за убиствата. Сакам во Куран кој не е варијација, туку оригинал да го видам тоа
     
  3. Asparagus

    Asparagus Популарен член

    Се зачлени на:
    21 мај 2013
    Пораки:
    1.101
    Допаѓања:
    8.168
    Пол:
    Женски
    Не можам да ти сликам пошо неам физички примерок од Куран, ама на нет имаш милијарда електронски верзии на истиот и во сите го пишува тоа.
     
    На Bezimenka90 и Amellie13 им се допаѓа ова.
  4. WaitTillTheEnd

    WaitTillTheEnd Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2020
    Пораки:
    739
    Допаѓања:
    1.247
    Пол:
    Женски
    Многу убав начин за изразување ти се гледа културата сигурно религијата така те учела.
    Какво мислење имаш за Исламот? И притоа дали си за рамноправност на жената и мажот?
     
  5. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.625
    Допаѓања:
    40.115
    Пол:
    Женски
    Знае колку глупости на нет има за Библија, Тора и сл? 10000
    Дали седнувам тука и да се лупам у гради дека е така, а не сум го видела за сигурно? Не.
    Секоја света книга повикува на почит и мир.
     
  6. WaitTillTheEnd

    WaitTillTheEnd Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2020
    Пораки:
    739
    Допаѓања:
    1.247
    Пол:
    Женски
    https://quran.com/4/34
    then discipline them ˹gently˺ во превод ако не слушат удрете ги по малку и нежно нели?
     
  7. Asparagus

    Asparagus Популарен член

    Се зачлени на:
    21 мај 2013
    Пораки:
    1.101
    Допаѓања:
    8.168
    Пол:
    Женски
    Девојко отвори Куран, прочитај и увери се сама.

    Тоа сум го прочитала во електронска верзија на Куранот, не по некои сајтови со теории на заговор.

    http://kuran-na-makedonski.net/docs/quran/QuranMK.pdf

    Читај ја сура 4.
     
    На Lella му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Snowflake97

    Snowflake97 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2018
    Пораки:
    2.328
    Допаѓања:
    9.392
    Пол:
    Женски
    Секаде низ светот има христијани па дури и во муслиманските земји, тоа што на тв ве трујат дека таму се е строго забрането, којзнае како живеат, дека жените не смеат поглед да кренат и слично е друга работа.

    Да тоа го има и е застапено кај муслиманите, ама веќе е редок случај, не се ни они толку закоравени во сфаќањата како што мислиш и што било порано.
    Има многу муслимани што си ја смениле верата баш во муслиманските земји, исто и кај нас иако сме христијанска држава има доста христијани што си ја менуваат верата и преминуваат во исламот. Така да прашањево ти нема никаква врска и без цел ти е поставено.
     
    На BY<3 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. WaitTillTheEnd

    WaitTillTheEnd Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2020
    Пораки:
    739
    Допаѓања:
    1.247
    Пол:
    Женски
    Знаеш дека жените во Иран мора да носат јавно марама? И дека не смеат автомобил да возат? Друга ми беше поентата на постот ама во ред.
     
  10. Asparagus

    Asparagus Популарен член

    Се зачлени на:
    21 мај 2013
    Пораки:
    1.101
    Допаѓања:
    8.168
    Пол:
    Женски
    Прашањето му е одлично и покажува дека во најголем дел религијата не е избор, туку наследство.

    Ти си ги проучувала сите религии, па свесно си го избрала христијанството, или уште како бебе несвесно ни за самото себе, а камоли за религии, те крштеваа и те внесоа во христијанството?
     
    На Lella, Tan4ence, Bezimenka90 и 2 други им се допаѓа ова.
  11. WaitTillTheEnd

    WaitTillTheEnd Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2020
    Пораки:
    739
    Допаѓања:
    1.247
    Пол:
    Женски
    Тоа е главната поента заради случајна лотарија моментално на темата христијанството се воздигнува и се претставува како свето нешто ако си верник.
     
  12. Snowflake97

    Snowflake97 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2018
    Пораки:
    2.328
    Допаѓања:
    9.392
    Пол:
    Женски
    Претходно мислењево беше во друга тема затоа.

    Иначе да во поголем дел религијата е наследство, ама што не значи дека не можеш да се одделиш од тоа и да се префрлиш на религија што тебе ти одговара од како ќе пораснеш и станеш свесен.
     
  13. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.119
    Допаѓања:
    163.768
    Пол:
    Женски
    „на тв нè трујат“ :drunk:

    [​IMG] yasaman aryani.PNG
    nigerian.PNG
     
    На Lella, Nausicaa, Bezimenka90 и 2 други им се допаѓа ова.
  14. WaitTillTheEnd

    WaitTillTheEnd Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2020
    Пораки:
    739
    Допаѓања:
    1.247
    Пол:
    Женски
    Зошто не сведочиме често во Македонија христијанка да стане муслиманка или рандом 3та религија? Еве пример јас да се одлучам да сменам религија јавно како ќе реагираат моите најблиски? какви осудувачки реакции ќе добијам ако пред пријателки, дечко кажам оти сум Атеистка?
     
  15. Asparagus

    Asparagus Популарен член

    Се зачлени на:
    21 мај 2013
    Пораки:
    1.101
    Допаѓања:
    8.168
    Пол:
    Женски
    Во теорија да, во пракса тоа само во некоја друга средина.

    Во средина како нашата, кај што луѓе те сметаат за сатанист ако си атеист и припаѓаат во транс ако не отидеш за Велигден пред црква, кај што религиозната определба се врзува за националниот идентитет (најверојатно поради пет века турска окупација и денешните специфични мегуетнички односи со Албанците), каде што протестантите кои се само уште една гранка на христијанството, исто како и православието, се викаат саботари, нововерци и секташи и се сметани за фрикови иако скоро никој не се заинтересирал да прочита нешто околу тоа и нема појма кои се разликите со православието, за јудаизамот не се знае исто гор-долу ништо освен познатите стереотипи за Евреите дека се скржави и владеат со светот, за хиндуизмот се знае само дека кравата е свето животно и толку.

    И сега замисли ти, или било која од нас да си дојде дома и да каже дека размислувала и дека веќе не се пронаоѓа во православието, туку во исламот, или протестанството, или будизмот, или хиндуизмот, или пак некоја од стотиците помали религии или христијански деноминации?

    За исламот ќе бидеш инстантно исфрлена од дома и прогласена за црна овца (пак ќе кажам тоа е во најголем дел поради затегнатите меѓуетнички односи, но и поради се што се случува во светот од типот на терористички напади во име на Алах), за протестанството ќе бидеш сметана за секташка и чудак иако ќе повторам тоа е само уште една христијанска деноминација и во одредени држави тие се мнозинство, и ретко кој во Македонија знае нешто повеќе за тоа, едноставно од старт се гледа со презир на се непознато и поразлично од мнозинството.

    За јудаизмот, будизмот и хиндуизмот никој нема ни да те сфати сериозно, додуша не верувам ни дека ќе имаш некои реперкусии, само ќе слушаш разни заебанции на тие теми, а ако увидат дека си сериозна најверојатно ќе те пратат на психијатар.

    Така што, слободно може да се каже дека религијата не е избор, туку наследство, барем во средина како нашата, каде владее страв од се непознато и поразлично и каде што на луѓето им е удобно во својата чаура на верници од традиција и не сакаат никој да им ја ремети таа комфорна зона.
     
    На noteforself, prominent, Mr. Scratch и 8 други им се допаѓа ова.
  16. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.852
    Допаѓања:
    41.127
    Пол:
    Женски
    Каде ова, без навреда на никого, ама во полуписмени средини?

    Кои се тие што ќе паднат во транс ако не отидеш во црква за Велигден?

    Ај за конвертирање во ислам, точно, поради национални препреки е многу осудувано, ама не дека е поразлично од другата страна.

    Колку луѓе знам кои се изјаснуваат дека се атеисти, па еве никој до сега не им кажал дека се сатанисти.Уште угнетени ќе испаднат сега, ох кутрите.А чист пример на форумов, први рипаат атеистите врз верниците, не и обратно.

    Нашата средина воопшто не е толку нетолерантна како што веднаш се трча да се заклучи, тоа што прости луѓе може да те оговараат по комшии не ти е закана за сопствено слободно избирање религија.

    На крајот на краиштата, ако сметате дека ви треба дозвола од другите за сопствените верувања, кои се најчесто поинтимни, ваш проблем.
     
    На Bitter-Sweet и Biljarkata им се допаѓа ова.
  17. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    20.271
    Допаѓања:
    189.684
    Па нели е тоа божја промисла?:angel:
    Сте се родиле во релативно слободно општество, со пристап до образование, автомобил и интернет, и пак се нешто бог ви е крив|( :D
    Вие барем можете да изберете дали ќе бидете христијани, џедаи, будисти, атетисти, така што избор е. И малку индоктринација, секако.:)
     
    На sonuvana му/ѝ се допаѓа ова.
  18. WaitTillTheEnd

    WaitTillTheEnd Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2020
    Пораки:
    739
    Допаѓања:
    1.247
    Пол:
    Женски
    Упорно читам се нешто бог ви е крив?
    Напротив не ли се криви дволичните луѓе што на друга локација да беа родени друго ќе пропагираа.
     
  19. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    20.271
    Допаѓања:
    189.684
    :D
    Нема врска тоа со дволичност, туку со тоа колку ти е дадено. Да гледаш и да бираш.
    Исто така, постоело нешто, се викало општествено опкружување. Бидејќи повеќето од луѓето живеат во на некој начин организирани општества. Тоа опкружување дефинира на кој јазик ќе зборуваш, дали и колку религиозноста ќе ти влијае врз животот, дали и колку ќе имаш слобода во своите избори. Или и ти си дволична што пишуваш на форумов на македонски а не на француски на пример?:?:
     
  20. WaitTillTheEnd

    WaitTillTheEnd Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2020
    Пораки:
    739
    Допаѓања:
    1.247
    Пол:
    Женски
    За дволичноста најмногу мислев на оние луѓе верници што кога ќе им кажеш дека не одиш во црква, не се молиш реагираат како да си направил мноогу голем грев.
    А на истите нив да им ги поставиш сите прашања од овде ќе ти кажат ама, ама господ така сакал, така требало да биде. Слично како на членката @edna_malecka да била родена во Саудиска Арабија/Иран христијанка ќе била :D секако.
    @Emotional123 не верува дека во исламот можеш според нивниот курен нежно да си ја тепаш жената. А притоа сигурна сум дека сака сите жени да бидат рамноправни.
    @Snowflake97 според неа се е тоа во нашите глави а исламот никако не ги дискриминирал жените.
    И така тоа е се што треба да знаете за нашите големи христијани овде.