Ама можеби би била, од кај знаеме. Можеби и маченичка би била, па светица потоа. Сепак, не можеме со сигурност да знаеме. Можеби и јас би била абориџин, ако сум се родела во Австралија, кој ќе го знае. И во таа средина зависи од средината. 30 години живеев во таа средина, ниту некој ме притискал да бидам верник, ниту некој знам од дома да бил избркан оти се конвертирал во протестант (а имав такви пријатели). Дури потешко луѓето прифаќаа да им отиде дете во манастир (модерно беше тоа масовно замонашување на крај на 90тите). Така што, вашата перцепција не е универзална перцепција на реалност, туку единствено индивидуална перцепција од ваш агол, врз база на ваши искуства. Моите искуства, ете, не се такви.
Има еден куп луѓе што кажуваат како било во тој момент од држава која тежнеела кон модернизација и современ живот да се претопат во аморфна маса која мора да ги следи правилата на една книга. 1978 се случило, има еден куп бегалци кои кажуваат како е да се живее таму каде религијата го има главниот и последен збор, какви хорори трпат сите кои не се согласуваат со наметнатиот начин на живот. Повелете и статија од жена која е жртва на клиторална мутилација, наследство кое се пренесува низ годините, каде органите за задоволство на жената се сечени за да остане чиста. Факт е дека религијата е една од најголемите зла што му се имаат случено на човештвото. Во нејзино име се убиени милиони луѓе, осакатени уште којзнае колку, испрани пари од кои може една цела држава леб да јаде. Годинава бакнуваа умрени свештеници од корона, одеа по џамии кога вриеше државава, ширеа зараза. Влечкаа мали деца на вакви настани, ги учат да се пренесува тоа нивното и на младите, па така се што детето како сунѓер прима е од тоа што родителот така го научил. Е сега има средства за информирање, имаш кај да седнеш и да прочиташ какви ѕверства се кријат под капата на религија, па може човек да се научи дали сака или не сака да следи нешто такво. И според мене така треба и да биде, човек да порасне, да созрее, па да одлучи дали сака или не да пристапи на религија. А не да му биде наметнато уште од мало на детето да се крштева или не знам ни какви други процедури треба. Религијата е наследство, зачетоците за различни религии се различни.
Ама раса и религија не е исто. Религијата можеш да ја проучиш и да одбереш веќе да не припаѓаш на неа. Не е нешто што ти е запишано во гените. Религијата е избор исто колку што е националната припадност избор. Измислена работа, зависи само од тоа како се осеќаш. И бидејќи на повеќето луѓе не им е толку гајле за религија просто ја примаат идентификацијата од родителите, поинаку кажано, ја наследуваат. Тоа што технички можат да ја променат не значи дека свесно ја избрале. 99% од луѓето не ни знаат какви сè работи има во нивните свети книги, како што се покажа погоре. За каков избор збориме тука?
. Па тоа ти викам и ја, никој не те притискал, туку ти на твои 40 дена после долго проучување и споредување на религиите, го одбра православието и реши да се крштеваш.
Тоа првото беше во доменот на што-би-било, кога-би-било небулози За тоа второто, не ми се верува дека било кој од вас е присилен да биде припадник на религија. Можеби ве крстиле како деца, можеби не,тоа секако не ве прави верници. Религиозното чувство или не-чувство, не ви се наметнува, или го имате, или го немате, сигурно никој на сила не ве носи во црква или во џамија. А за индоктринација, дека постои, постои, религијата е сепак опиум за масите.
Во нашата средина бар, би рекла дека (првично) е наследство, од причина што повеќето (пример) христијани, се крстени како бебиња, бидејќи нивните родители се христијани, и како по автоматизам и детето е. Избор е, поради тоа што понатаму, кога доволно ќе ги разбираш работите, можеш да избереш друга религија, или можеш да не веруваш во ништо, законски никој не те ограничува за тоа. Тоа што ќе бидеш осудуван од околината е друга тематика.
Зависи што подразбираш под присилување. Носење деца во црква според мене е присилување и наметнување. Понатаму тоа дете ако реши да одбива да оди во црква, или ако реши во џамија да оди, несомнено ќе наиде на некој вид отпор, дури е да е само преветување со очи. Сè додека постои ваков вид отпор, постои и притисок. А во секуларно општество не треба да постои.
Мене сета оваа аверзија према религијата ми е јавена заради тоа што упорно ми се има зборувано како треба да се однесувам за да одам на небо и таму да ми е се топ, дека ако не се согласувам со нешто што самата религија го бара ме чека подземје, со пеколи и сатани внатре каде вечно ќе се мачам. Уште од мала имав еден куп прашања и сомнежи за некои questionable правила и единствен одговор на тоа добивав 'пошто бог така рекол'. Па ме прскале со света вода, ме потчадувале со темјани, сум морала да одам во црква иако не сум сакала итн итн. Све тоа моите го научиле од нивните, со надеж дека ќе се пренесе на мене и на моите потомци. Секој човек што не се сложува по автоматизам е еретик и е упатен кон вечни мачилишта. Нема да имам никаков проблем со религија ако постои и прима луѓе кои сакаат да се придружат. Огромен проблем имам со тоа што сакаат да се вклучени во се (последно бараа во сите одлуки за едукација да се вклучат), форсираат имплементација на нивни правила на мали деца кои уште не се способни да расудуваат и не прифаќаат ништо друго освен нивното. Ако претставници на религијата не ме сакаат мене ваква каква што сум, нема зошто јас да ги сакам и да молам за прошка или патокази за како треба да живеам. Едно е организација да те прифати таков каков што си и да се чувствуваш safe, друго е да форсира врз тебе психолошки мајнд гејмс кои можат и те како да ти влијаат понатаму врз животот.
Уште ќе испадне дека огромен број од луѓето се верници,а никогаш не постоела поголема духовна криза. Генерално,луѓето се избезумени од неспокој и тоа одлично се огледа,токму во овој момент,корона криза.. Тоа што некој е крстен и воден во црква како дете,е толку многу далеку од свесно прифаќање на Бога. Точно е дека семејството ти дава некој правец,па и духовен,сметам дека не треба да се отфрла туку така. Ако сакаш духовен раст,почни си од своето прво,но и опитно истражи,а не само филозофии. Ако не веруваш дека покрај физичкиот свет,постои и духовен паралелен,никако не можеш верник да бидеш. Едноставно е...како и за се,малку и труд треба.
A во кое секуларно општество тоа не постои? Живеам во релативно секуларно општество, со строго одвоени цркви од држава и релативно висок степен на атеисти и агностици. Ама ако наследството иде од родителите (а од каде инаку би идело?) што треба на направи државата? Некој не практикува религија и сепак крштева деца, некој практикува религија, со се саботни/неделни служби и останати салтанати, и логично и децата се дел од тоа, некој решил да биде харе-кришна па и децата ги шета со сари. Кога детето ќе стане возрасен, одбира, поинаку ете не може. Би било фино сите да ги остават децата на раат од религија, ама сите на еден или друг начин им ги предаваме на децата нашите вредности- па дали станува збор за пропагирање на правилни вредности, дали дека треба да биде добар, вреден, љубезен, дали дека треба или не треба да јаде месо, ехеее, листата нема крај. Оформуваме личности со најдобри намери, барем се надевам дека со најдобри намери. Е сега дали од изнасилени верници ќе испадне тврдокорен верник или атеист, и дали родителите ќе бидат разочарани од изборот, е исто како кога некој одгледува вегетаријанец, па на 18ти роденден се упати тинејџерот во мекдоналдс. Жал ми е за твоите трауми @KateKane ама па еве, не си испаднала лоша, напротив.
Па да, поентата ми е дека целосно секуларно општество во вистинска смисла на зборот не постои, барем не во државите со религиозно мнозинство. Ќе се исфрлат и овие религии наскоро се надевам, исто како што се исфрли паганизмот и политеизмот. Не носат ништо добро што не може да се добие и без религија. Единствената причина што уште постојат е баш поради наследниот момент.
За мнозинството е наследство, или само од родителите (и потесната фамилија) или само од средината или и од родителите и средината заедно. Роден си во Македонија во Македонско семејство, најголеми се шансите дека ќе бидеш православен христијанин. Од мал те учат на христијански традиции и христијански приказни, нормално дека големи се шансите дека христијанството ќе ти се вреже во карактерот. Кога би се родил во Иран, сигурно не би бил православен христијанин, поготово ако си жена. Не би било лошо барем во школо подеднакво да се зборува за сите религии, а не само за христијанството ако си на подрачје каде што доминира христијанството. На тој начин, на луѓето би им се дало пореална прилика за правење свој избор околу религијата, а не само да се превземе тоа за кое најмногу се знае и зборува. Исто така, многу луѓе што се дефинираат како религиозни не ни знаат претерано многу за нивната религија, баш токму затоа што им е наметната и автоматски следат одредени традиции, затоа што "така треба". Искрено, ги почитувам оние луѓе што буквално 30-40-50 години одат секоја недела на миса, повторно и повторно и повторно слушаат за религијата која ги интересира, ги читаат записите и имаат вистинска пасија и потреба да знаат повеќе. Макар и напочетокот да им била наметната од родители и/или средина, интересот и страста се тие што укажуваат дека е всушност избор. П.С. За некои муабети од претходните страни, јас ќе се дадам себе си како пример за некој кој не е религиозен, но учествува во одредени православно христијански традиции на тој начин што на пример, кога мајка ми ќе извапца јајца за велигден, јас се кршам со јајцата. Или еве утре кога ќе направи лепче со паричка, ќе вртам и ќе кршам од лепчето, затоа што не сакам да ја оставам мајка ми сама, ја радува кога ја дружам.
Ќе постојат секогаш, ако не бидат распространети ќе бидат ко секти, затворени групи...ја потценуваш моќта на убедување и желбата да се прават пари. Нема да наследиш од родители ама некој друг ќе ти всади идеја во глава. Ко да не знаеме во какви се групи и организации се зачленуваат луѓе и губат памет.
Точно, ама тогаш веќе сè е на твоја одговорност. Едно е сам да одбереш да се приклучиш во култ, друго е од мал да те внесат и да ти пропагираат дека е единственото правилно верување. Сè додека не се „размножуваат“ преку наследување безопасни се, барем теоретски.
Теоретски Се дискутираше еден дечко со познат родител, како се конвертирал во исламист џихадист. Не бил од мал таков. Малку пострашно се размножуваат така, соодветно на брзината на интернетот и конекциите на социјални мрежи. Еден пример за православен зулум сакам да чујам.
За жал има многу... статистички можеби помалку од католичките или исламистичките, но ги има. Од првиот наслов не наоѓам линк, но втората книга комплет ја има онлајн. https://biramdobro.com/milorad-tomanic-srpska-crkva-u-ratu-i-ratovi-u-njoj/ http://www.safaric-safaric.si/knjige/2001 Tomanic SPC u ratu i rat u njoj.pdf