Што значи, како што и сама кажа, МПЦ не е единствена "правилна" црква Биди сигурна дека и другите христијански деноминации во своите учења тврдат дека се највистински, како ти сега. А сепак, не разбрав како ќе беше вистински православен верник, поданик на МПЦ да се родеше во Чегране, од мајка Фатима и татко Али. Не мора да е МПЦ, може да е било која религија. По правило децата ја земаат религијата на родителите; не е случаен избор. По твојава логика, јудаистите се најправилни, оти они исто мислат за Новиот Завет, што ти мислиш за Куранот.
Секако, ама еве тие беа за модераторот да реагира на "апологетите на МПЦ" кои им проповедаат на атеистите за христијанството. Иако нема врска тоа, доколку не сакаат да им се проповеда за христијанството, не мора ни они да зборуваат против христијанството или да кажуваат некои нивни факти...
Камелиа,оф топик сме. Ама ај,по стоти пат да се навратам на тоа зошто сум верник,не,не сум така задоена. Моите не пратат нешто вау религија,пре би рекла дека пратат традиција(за што многу ми е жал)можеби моите ме крстиле како бебе,ама тоа е се. Никогаш,баш никогаш ни ме молкнеле по Цркви,ни ми зборувале за вера,и Светци,празници.... Не осеќам дека ми е наметнато нешто воопшто....од моето рано детство уште одев во Црква,постев,се молев,носев бројаница,се исповедав и што не. Ако ти кажам моите колку ме караа и зафркаваа понекогаш колку сум навлезена во религијата и верата,нема да веруваш... Значи тоа си е мој личен избор и зависи од човек до човек,и брат ми е крстен и растен во исто семејство со мене,ама не е навлезен колку мене. Е сега,ти ја сфаќам поентата,тебе,односно вас,бидејќи не си единствена што го поставува тоа прашање од кај тоа баш во духот на Православието и МПЦ да живееме,оти не баш во Католицизам,Будизам и што не друго. Имам влезено во Џамија и не осетив апсолутно ништо во мене,имам влезено и во Католичка Црква пред Велигден,и јас се смеев внатре бидејќи свиреше на клавир и пееше Свештеникот што и да беше и тој ме прекори....многу се осеќав ладно и неспокојно додека бев внатре. И да,немам зборови да опишам како ми е,и нека во ваши очи изгледа наметнато,ама јас секогаш мирот ќе го наоѓам само во Православие и ништо друго
Па офтопик е, затоа спомнав модератор. Темава е за разлики меѓу двете религии, а не за ова. Патем, не знам зошто секогаш атеистичките ставови ги доживувате како напад против токму вашата религија (и христијаните, и муслиманите). Камелија убаво си пиша дека нема добро мислење ниту за христијанската, ниту за исламската догма - туку може само да почитува луѓе кои умерено и во согласност со модерното општество ги слават истите (и јас потполно се согласувам). И разумно настапи со почит меѓу вас додека се расправавте. Од темава конкретно баш ни најмалку нема заклучок дека „на атеистите им пречат верници“, туку дека вам на христијаните ви пречи исламот - и обратно. ********** Нема тема за прашањево со „задојување“ со религија и влијанието на средината, а треба да има. И јас апсолутно сметам дека местото на раѓање има 90% удел во религиската припадност. @Rama, душо, во рано детство сигурно сама не си одела во црква, ниедно дете не оди. Ете нека е и само традиција тој корен од семејството, па ти многу повеќе да ја гаиш и продлабочуваш - сепак е некој корен и е клучен за изборот во која религија ќе веруваш. Развивајќи се како религиозна личност, како избор што ти го нуди околината за тој мир - насекаде околу тебе имаш православни цркви, свештеници, икони. Исто така, просечна девојка од Блискиот Исток го има Куранот, оџи, хиџаби што ги носат сите блиски жени на кои се огледува - па уште од најмала во нејзините очи носењето на истиот е радост и достигнување, а не ограничување на слободата и изразувањето на жената. Преретки се случаи во кои на овие простори некој одгледан во православно семејство ќе остане религиозен а да се преориентира во ислам како потполно личен избор (да не биде во прашање брак со муслиман на пример). Или пак Арап/ка да истражува за религиите и да стане православен/на. Многу е логично и нема ништо навредливо од кое треба да се браните.
Да,секако дека не одев сама во Црква,одев со баба ми најчесто,мајка ми ептен реткоо ме носела,нит пак постеше за мене како мајката што треба да пости за детето до 7 годишна возраст. Моите одкако памтам се традиционални верници,ни 10% немаат од мојата верба,океј,можеби ме "задоиле" во Православието намерно или ненамерно,ама зборот ми е,јас никогаш и по никоја цена нема да ја напуштам мојата религија,ни поради љубов и дечко,апсoлутно поради ништо... Ќе се сложам делумно со тебе дека секој можда верува во доминантната религија од семејството и околината,има се поретки случааи кои конвертирале во спротивната вера поради брак,за пари,или по сопствено убедување,но јас гарантирам дека никогаш нема да го направам тоа. Имам читано и гледано емисии и за другите религии,но со ништо не се пронаоѓам во нив,бидејќи како давеник за сламка се држам до моето и така и ќе остане. Не се лутам за дискусиите,само изгледа сфаќам премногу лично,бидејќи темите за религија ми се доста сензитивни.... Уствари цела поента би била:И ние имаме рационална свест,и ние може да не бидеме верници и да се бориме да го докажеме упорното постоење на Господ,ама не сакаме,очигледно е нели. Секој тука,па и јас се бори да го докаже тоа,бидејќи доста често сме "вреѓани" како немаме разум,и како веруваме на измислено другарче и слично. Тешки се овие теми и до бесконечност може да се вртиме во круг.... Заминавме сите офтопик последниве страни,нека не премести модератор
Претежно религијата е наследена од нашите родители, но има и луѓе кои ја менуваат религијата или престануваат да веруваат во неа или духовно напредуваат во истата( постат, се исповедаат и сл) без да им биде наметнато од страна на родителите или Некој друг. Јас посетувам различни православни цркви, не гледам дали е руска, српска или сл. Службата, молитвите и причесната се исти. Сум прочитала нешто и за ученјата на Буда и некои работи за мене имаат смисла. Она во кое јас верувам е моја вистина а она во кое веруваш ти е твоја вистина. Секоја религија го признава само своето а ние луѓето имаме слободна воља и сами одлучуваме што за нас е правилно а што не. И мразам кога ќе прочитам овај бил лажен а овај мојов е вистински. За тебе е едниот за мене другиот и толку.ако сакаш верувај и во каменон и клањај му се секој ден ако тоа те исполнува. јас сум религиозна затоа што ме прави да се чувствувам поубаво. А според мене муслиманското учење ми нема смисла и тоа не треба да го навреди на никој.секој верува во тоа што сака, де.
Но ниту православието не е единствено. МПЦ е само мало делче од таа приказна. Не е мое мислење тоа, си има умни луѓе учени на таа тема, смешно е да одрекувате дека баш баш ова православие СЛУЧАЈНО ви легнало. А и не е важно тоа, фората е што омаловажувате (смешно било викаш?) други религии, се ставате на пиедестал а тоа, баш тоа, не ве прави добри луѓе. За верници не знам.
Камелиа, Рама си кажа во која религија се осеќа најубаво и го спореди со останатите. И ти живееш во место каде како што велиш православието е наметнато ама сепак ти си атеист, што значи никој со сила не те тера да веруваш во нешто што не го прифаќаш.и неа со сила не и го наметнале.за да веруваш во нешто треба да го почувствуваш не само да го видиш.
Ај најди ми еден пост, само еден каде тоа само јас се правам самата себе добра? Напротив, имам многу постови кај што кажувам дека не сум безгрешна, дека не сум доволно хумана, дека и јас сум грешела и имам грижа на совест за многу работи. Низ милион примери имам опишано како и зошто сум верник, и тоа грешен верник, џабе се повторуваме само, ионака сме офтопик. Инаку смешно ми беше да, како што имаш и ти право да ти биде смешно ако некогаш присуствуваш на литургија или служба кај што пее Поп, бидејќи нема да веруваш во работите што тој ги чита и пее. Ете така и јас имав право во Католичката Црква да ми биде смешно додека Свештеникот пееше и свиреше на клавир, бидејќи тоа беше за мене непознато и невидено дотогаш, а не дека се смеев злобно и иронично, претпоставувам дека така и ме сфати ти Готово е, се што сакав да кажам јас од прееска, се запечати со последниот пост на @lovely girl M , ти благодарам што ме дополни И да,така е до збор. Никој не тера никого со сила ништо, аман разберете веќе еднаш, никој не ве тера да верувате во Господ, никој не ви наметнува на сила вас ништо, ако тоа ве прави среќни и поразумни од нас, океј е,у реду, кажав и претходно, ви ја знам демагогијата, се вие сте умните, а ние се сме оние лошите, кои само се прават верници, и на кои кутрите се им е наметнато, а тие немаат здрав ум да пресудат ко вас и да си речат - "Еј абе немало Господ".
Стварно не знам што си пишувала минативе 7-8 години на форумов, ниту имам намера да копам, се надоврзав на ваши постови од минативе две страни и тоа е сосема легитимно. Ти имаш право да ти биде смешно, секако, само наместо да се фалиш овде, размисли каде грешиш. Не знам што си барала во катедрала чим можеш да им се смееш, ај да ти дојдам тебе во црква дур се молиш и душа распостилаш и да ти се клештам. Не иде, нели? Исто како што и католиците, и муслиманите, јеховините сведоци, мормоните, простестантите чувствуваат и веруваат. Па така, сите се во право значи и нема потреба некој да е навредуван.
Потполно се согласувам со ова... И многу ме иритира што цело време на атеистите им е тема Господ, ама ај тоа па уште и вреѓаат, омаловажуваат. Господ ќе не казнел, Господ гледал, Исус другарчето, Исус е ваков, Исус е таков. Ако не верувате во Господ не го вреѓајте, не филозофирајте во присуство на верници. Зашто знам многу случаи за вакви луѓе... И да, постојат многу афоризми за атеистите- Безбожниците и незнабошците зборуваат за Бог почесто од побожните! Не веруваш, не верувај, ама немој ни да вреѓаш. Не знам дали проблемот е тоа што ние што веруваме ви пророкуваме или сепак вие сакате да ни докажете дека Господ не постои, а постои!
Еве баш случајно јас сум 'задоена' од православна фамилија, можам да кажам дека моите родители се верници и често си одат во црква, но откако јас пораснав и сфатив некој работи мене православието не ми одговараше и не ја пронајдов мојата вера во православна црква. Како бебе и сум крстена во православна црква но едноставно јас ја следев мојата воља и сега сум протестант, таму се пронајдов и верата таму си ја пронајдов. Моите кога дознаа ми беа лути, ми викаа секташка и што уште не, мислеа дека одам туку така за дружба и ќе ми помине ќе се отргнам, но јас бидејќи поверував дури и се прекстив и тогаш ми беа уште повеќе лути ми викаа ти се знае каде припаѓаш, веќе си крстена како бебе и ред други работи, јас само им кажав дека за мене тоа не е исправно и веќе ме прифатија и немам проблеми околу тоа.
Една моја школска другарка одеше и случајно низ муабет ми кажа и јас и реков баш сакам да дојдам да видам како е што се случува, првиот пат отидов чисто од љубопитност и радозналост, но уште одма кога влегов одма осетив нешто и незнам како и зошто целата проповед да беше како за мене, како Бог дирекно да ми се обраќаше. Од тогаш си продолжив да одам.
Не знам како да ти кажам, ама не се фалам овде за моето "клештење" напротив онака спомнав уз муабет само( и подобро да не спомнев, оти два дена овде се офтопикува за моето смеење). Значи кога сум се клештела (според тебе), тоа не беше громогласно смеење, нити иронично, едноставно се насмевнав онака оти за прв пат бев во таква Црква и ми беше смешно цело тоа пеење и свирење внатре, имаше многу малку луѓе, а јас и другар ми бевме во први редови, и кога се насмеав јас, тој. Свештеникот ме опомени ко што кажав " со прстот на уста, рече шшшт" плус тоа е од пред 100 години кога бев тинејџерка, сега сигурно не одам по други Цркви и Џамии и да се смеам.
Не, муабетот цело време е како верниците се задоени да веруваат во одредена вера или религија. Јас не бев фатена за рака и принудена да одам таму, туку вољата беше чисто моја, и тоа што верувам е бидејќи јас така сум сакала и сум одлучила, а не сум била задоена така.
@ynboo, и ти од исламска перспектива си безбожник и незнабожец. Не веруваш во Алах и во целата нивна религија, а сите 40 постови ти се тука, горе-долу негирајќи ја истата (со исклучок на последниве каде се занимаваш со нас атеистите). Ајде објасни ми го тоа според твојава логика, те молам.
Да е само од задојување нема да се создава нова црква секој ден А да е сѐ оставено на личен избор и да нема манипулации, немаше да се криете зад бесплатни психолошки советувања со проповедниците ваши, или бесплатни часови по англиски, или бесплатни чајанки и групи за поддршка на жени, или студентски организации, или кариерно советување. Се фаќате за оние што веројатно ги чека некоја препрека во животот, што се соочуваат со нешто ново, на кои реално било која поддршка би им значела, а ако ве одбијат спремни сте да ги рушите на најдолен можен начин, ко што веќе е правено на форумот многу пати.