Сите сме задоени со религијата на нашето семејство. Православните, уште од мали не носеле во црква, кој помалку кој повеќе. Иделе попови по дома да пеат, сме гледале обичаи за на гробишта итн итн. Јас лично до пред 2-3 години бев верник. Потоа направив избор, односно сфатив дека сум агностик. Никогаш нема да докажеме дали има некоја виша сила во било каква форма, а бидејќи не е докажано јас не верувам. Науката е моја "религија". Религиите иако различни, сите се базираат на едно исто - верување во некој бог. Basically, "мојот бог е повистински од твојот". А кој е "највистински"? Едноставно, никој. Без навреда кон верниците, ама тоа е реалноста.
Зависи. Ако човек не размислува со својата глава и прифаќа се како што рекле старите, оти ете така мора, а зошто никој не знае и не е битно, тогаш е наследство. Ако некој размислува сам за себе, поставува прашања, бара одговори, испитува - тогаш е избор, за или против.
Тоа е твојата реалност, нечија друга реалност е поинаква. Секој има причини да верува во она во што верува. И да, навреда е да речеш дека некој верува во нешто што не е вистинско. Јас го почитувам изборот на атеистите да не веруваат, разбирам дека не пронашле причина да веруваат, треба и атеистите да разберат дека верниците исто така пронашле причина за да веруваат. Погрешно е да се вели дека тоа во кое веруваат не е вистинско и не постои. Поназад прашина се дигна зошто за некој член беше пишано дека тропал глупости, требало почитување меѓу припадниците на различните религии, а каде е почитувањето на атеистите кон нив? Штом велат дека веруваат во нешто непостоечко, никаде. Едно е да речеш Не знам дали постои, не сум сигурна, јас не верувам, а сосема друго да тврдиш Тоа не постои, без навреда.
Океј, се извинувам на верниците што се навредиле од моето мислење, ама мислев дека баш ништо не им значи ако некој рече дека бог не постои бидејќи нивната вера им е најбитна. Тоа не е само моја реалност туку и на науката, ама ако некој верник се навредува од тоа, тогаш не е мој проблем. Никој на форумов не сум навредувала досега намерно и немам таква намера.
За тебе може никој не е вистински... да ги задржиме тие мислења за себе. Зашто нема никој да проба да убедува некој атеист да почне да верува или пак атеист да натера верник да не верува. Ниту сме филозофи ниту научници. Затоа за да нема навреди најубаво е да се задржат мислењата за себе.
Дека сме задоени од мали со религија е факт, но како што живееме во слободно општество, тоа значи и дека можеме да избереме. Јас од мала сум растена буквално во две куќи, мојата муслиманска и кај моите најдраги кои се христијани, јас за секоја слава, празник бев таму, во секој момент, и знам се за верата. Сега кога ги знам добро и двете вери, можам да бидам и атеист, но јас во моето срце се чувствувам муслиманка. Едноставно тоа сакам да бидам, но тоа не значи дека нема да појдам во црква и да запалам свеќа за мојата најдрага личност што ја изгубив, не значи дека треба некого да навредувам. Јес да муслиманите имаат построги закони, но во нашава држава малку кој ги почитува до крај, така да тоа не значи да омаловажуваш други. Јас можеби не сум строга муслиманка, но сум добар човек, и ги сакам добрите луѓе, бесразлика што вера се. Тоа што некој пиша дека муслиманите убивале во име на Алах, ете да речеме убивале (прво тоа мора да биде само и само самоодбрана) ,но да се убиеш и себеси тоа воопшто не е поддржано во Куранот, самоубиството е најголем грев. И нема само муслимани што убиваат, на вести имаме гледано како католик убил деца во школо (дали тие биле виновни?), но сепак за него се рекло дека е психички болен. Разликата е што исис делуваат како група, но една иста работа прават, а тоа е убивање. Исто така се дешавало со инквизицијата, убивале секој кој е против нејзиното верување. Го поддржувате вие тоа? Нормално дека не, така и ние не поддржуваме одредена група “муслимани” која убива од ќеф. Истото е и со Хитлер и тој е католик и и тој убил многу луѓе. Ама сето ова е само дел од политиката во светот, и ние не треба да си вадиме очи само затоа што немаме исто мислење, и немаме ист Бог во кој веруваме.
Ич не ги сакам обичаите ... не ги ни правам. Обичајот е: Вака треба да направиш оти во спортивно ќе ти се случи нешто ... абе ајде. Тоа се чисти глупости. Нема: мој бог, твој бог ... еден е Бог! Другото се само филозофии. Која наука??? Таа што е трупана со години и сеа поради поранешните научници сите сме научници ??? Абе ајде ... На веќе постоечката наука се додаваат некои ситници... Многумина од првите научници верувале во Бог. Не ми е јасно како човек може да не верува во ништо. Наука ... аман со таа наука! Без Бог науката е ништо. Ако некој не може да го сфати тоа нека си живее така изгубен во просторот. П.С Искрено нервозна сум и ич не ме интересира дали некој ќе се најде навреден.
Ништо не постои додека не се докаже дека постои. Ти веруваш дека постои, со свои очи Бог не си го видела, а “чувствувам“ не е релевантен доказ. Или ај вака... бирово разговара со мене, ми направи кафе, а сега еве само ми потпишува документи. Верувај ми! Јас не викам дека тропате глупости или дека вие сте глупи, ви ја критикувам религијата, а не вас. Има разлика, баш голема.
Исус Христос = Бог Бил на земјата, го виделе луѓето во тоа време, чуда правел, никогаш не погрешил бидејќи се молел на Бог Таткото, умрел, воскреснал, се вознел на небото... Не знам дали треба повеќе докази.
@worrieddd Што да ти кажам, мене ме убеди И се молат надлежните да ја преформулираат дефиницијата за доказ
Наследство. И 'изборот' е поради наследство од научени однесувања и убедувања. Некои работи, колку и да се трудиш, не можеш да ги смениш, затоа што си растен во нив и 'не знае' мозокот поинаку. The brain gets wired a certain way. (не одговора на македонски термин за вајард)
Како тоа ги почитувате атеистите, а се навредувате од нивното пишано мислење дека Бог не постои? Па тоа е дефиницијата за атеизам. Самото постоење на таа идеологија ве навредува, а навреденост и почит не идат заедно. Одлучете се. И да, ова е форум. Ако сакате да читате само верници како ја слават религијата, а луѓето кои бараат одговори и докази да си го задржат мислењето за себе - еве ви го фејсбук, стотици христијански групи има на него. Grow up.