1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали религијата е наследство или избор?

Дискусија во 'Религија' започната од CameliaMiller, 29 јануари 2019.

  1. worrieddd

    worrieddd Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2013
    Пораки:
    950
    Допаѓања:
    3.563
    Пол:
    Женски
    Зошто би се навредила јас или било кој друг ако некој е атеист. Секој си има право на избор. Јас си кажувам тоа во што верувам. Ако мојата вера му изгледа на некој како навреда, негов проблем.
     
  2. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    3.646
    Допаѓања:
    52.630
    Пол:
    Женски
    Па ете погоре пишаа дека ако некој речел дека не верува во бог тоа било навреда за верниците. :) Исто така ако тоа што јас не верувам во бог на некој му е навреда не е мој проблем.
     
    На Tan4ence, DAngel, Someonespecial и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. Snow-Star

    Snow-Star Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2014
    Пораки:
    3.470
    Допаѓања:
    17.430
    Пол:
    Женски
    До некаде е наследство, а после преминува во избор. Времето е пресудно, во минататото, и тоа блиско минато, родителите ги крштеваат децата и ги носат во црква. Детето не разбира и нема да рече зошто да одам или не одам. Значи е наметната до одрадена возраст.

    После самиот поединец одлучува за себе.

    Јас искрено доколу би имала деца нема да ги крстам, а и не би ги носела во црква. Ни јас не одам. Црквите моментално се сѐ, само верски храмови не.
    Не сакам да му пренесам мои верувања на моето дете. Ќе се запознае со религијата подоцна и самиот нека одлучи дали и во што ќе верува.
     
    На Snowflake97, Lella, CameliaMiller и 2 други им се допаѓа ова.
  4. worrieddd

    worrieddd Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2013
    Пораки:
    950
    Допаѓања:
    3.563
    Пол:
    Женски
    Оооо... да не почнувам да зборувам и за верниците... и јас сум верник па случајно да не правам се како што треба. Ама обично кога човек греши е далеку од Бог (тоа важи само за верниците) , а за неверниците не постои грев. Да не кажувам сега други работи. Ама никој не е светец.
    Ама ме нервира што некој пат кажуват било да се верници или неверници: Еее види го што прави овој, а оди во црква.
    Зошто такви реакции???
    Сите сме луѓе и сите грешиме.
     
    На Rama и Orthophill им се допаѓа ова.
  5. Snow-Star

    Snow-Star Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2014
    Пораки:
    3.470
    Допаѓања:
    17.430
    Пол:
    Женски
    Бог= Јехова
    Исус= син на Бог, син на Јехова

    Во православието. Сега се надевам на тебе ти е јасно.
     
    На Feminka22 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. worrieddd

    worrieddd Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2013
    Пораки:
    950
    Допаѓања:
    3.563
    Пол:
    Женски
    [​IMG]
     
    На Orthophill и Snowflake97 им се допаѓа ова.
  7. Snow-Star

    Snow-Star Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2014
    Пораки:
    3.470
    Допаѓања:
    17.430
    Пол:
    Женски
    Ова е светото тројство.
     
  8. worrieddd

    worrieddd Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2013
    Пораки:
    950
    Допаѓања:
    3.563
    Пол:
    Женски
    Сите три личности се Бог. Тоа ми беше поентата. И сите три постојат од секогаш.
    А додека бил Исус Христос на земјата имал човечка природа , а не Божја. Се понижил и се откажал од Божјата природа за да можеме ние денес кои ќе поверуваме да бидеме спасени.
     
    На Rama и Snowflake97 им се допаѓа ова.
  9. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    18.983
    Допаѓања:
    261.048
    Ама чекај, татко му нели таа работа...
    И како тоа "личности"?
    Од кога Јехова и Светиот Дух се личности?
    Ај Исус и ќе го протнеме како таков, ама другиве две?
     
    На violetblue и Snow-Star им се допаѓа ова.
  10. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    2.387
    Допаѓања:
    13.681
    Пол:
    Женски
    Како што успеав да сфатив од досегашната дискусија, темата е дали религијата и вербата уште од мали нозе кај децата е наследена, или пак претставува избор.

    Мислам дека не постои прецизен и дефиниран одговор на прашањето "Дали религијата е наследство или избор" бидејќи тој поим не претставува единство.

    Со други зборови, религијата не може да биде наследство/избор во детството, туку само е манифестирана на детето, а потоа тоа одлучува дали религијата ќе биде наследство или избор.

    Сметам дека за повеќето деца, религијата на нивните родители прво им е презентирана како поим, а дури потоа децата одлучуваат дали религијата ќе им биде наследство од родителите (ако продолжат да веруваат) или пак ќе имаат избор да бидат атеисти, или во поретки случаи да ја сменат верата.

    Ама поголема е тенденцијата кај децата кои пораснале во религиозни семејства, религијата да стане наследство, а не избор (што не значи дека од ова нема исклучоци).

    И обратно, односно децата кои се израснати во атеистички семејства, поголема е веројатноста религијата за нив да стане избор а не наследство (и повторно, во ова сценарио исто така може да има исклучоци).

    Причината зошто религијата уште од самиот почеток не е ниту избор, ниту наследство е бидејќи детето нема доволно развиена свест и сеуште не го изградил својот карактер, принципи и морални вредности за да се определени за не/религиозен начин на живеење.

    Негативната последица од ова, барем за мене, е што мнозинството од родителите имаат навика да ја наметнуваат својата религија, или својот атеистички поглед на своите деца, со очекувањата дека таа религија или тој атеизам во иднина ќе стане наследство за детето, а не избор.
     
    На Snowflake97 и BoneMachine им се допаѓа ова.
  11. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    18.983
    Допаѓања:
    261.048
    Јас немам проблем дете да сака да стане верник. Имам проблем ако стане фанатик, со тоа веројатно би се замарала.
    Или пак ако стане дел од "секташкиве" религии, како Јеховини Сведоци. Тоа би ми пречело и би се трудела да го оттргнам.
    Но ако сака да биде христијанин, православен или пак католик или протестант, муслиман (се додека не е дел од Исис) - слободно.
    Ова е лично прашање, не можам да го натерам да биде атеист, ниту пак некој мене ќе ме натера да верувам.
    Се' додека не е под присила, ок сум.

    Но екстремите во ниедна религија не би ги поддржала. Да речеме да сака да се замонаши. Не би сакала, не би можела да спречам, но не би поддржала.

    Што се однесува до мене, јас не можам да го воспитувам во атеистички дух, оти во мојот живот има отсуство на религија, така што освен што од мене нема да биде носено по цркви, ниту дома ќе гледа крстови и икони, друго не знам како ќе му влијаам. Ќе сфати ваљда само дека за разлика од комшиите, нас дома поп не ни доаѓа, дека не е крстено, дека немаме икони...

    Иако јас сакам традиции за Бадник/Божиќ/Велигден, па сигурно бар малку православно ќе влијаам баш поради вапцаните јајца и кршење лепче со паричка.
     
    На BoneMachine, Someonespecial и Amellie13 им се допаѓа ова.
  12. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.148
    Допаѓања:
    76.580
    Пол:
    Женски
    Многумина сметаат дека науката се коси со религијата, но дел од науката го потврдува постоењето на Бог.

    Никој не се навреди од постоењето на атеизмот и нечие неверување. Јас немам ништо со тоа што вие не верувате, ваша работа е. Како што пишав и претходно, има разлика од тоа да речете дека не верувате затоа што немате докази, до тоа да тврдите дека другите веруваат во нешто непостоечко. Можете да ја увидите разликата? Во вториот случај, испаѓа дека за вас се будали тие што веруваат. :) А ти @Someonespecial не мора дотолку па да ги спушташ другите. Grow up? Ти па големата, мислиш дека сѐ знаеш и секогаш си во право, а другите се недозреани? А не знам од каде го извади тоа дека некој не сака да чита тука различни мислења, си нафрлаш зборови. И да, за твоја информација, повторувам, го разбирам и почитувам изборот на атеистите. :)
     
    На Rama, Snowflake97 и Feminka22 им се допаѓа ова.
  13. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.082
    Допаѓања:
    27.322
    Затоа на повеќето од верниците не им е логична еволуцијата.:?:
     
    На Amellie13 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.089
    Допаѓања:
    163.461
    Пол:
    Женски
    Нема никаква значајна разлика и во никој случај не е навреда.

    Еве тука:
    Псевдонауката и апологетиката не спаѓаат под наука.
     
    На BoneMachine, Lella, Amellie13 и 2 други им се допаѓа ова.
  15. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.148
    Допаѓања:
    76.580
    Пол:
    Женски
    Логична е. Но верниците веруваат во Библијата. Ако за тебе е тоа факинг Библија, некоја си книга без вредност, измислена од некого, бајка, мит итн, за некого тоа е Божја реч. А ти да го почитуваше тоа, немаше да го нарекуваш факинг тоа што за некого е свето.
     
    На Rama, Snowflake97, worrieddd и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.082
    Допаѓања:
    27.322
    Уште не сфативте у која смисла беше тоа факинг. Океј, нема смисла да зборам.
    Да не те потсетам како ти ги нарекуваше оние кои имале секс пред брак.
     
    На Lella, Someonespecial, Amellie13 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.148
    Допаѓања:
    76.580
    Пол:
    Женски
    Другпат, по можност, кога сакаш да искоментираш нечиј коментар, подобро цитирај го или означи го, да знаеме на кого мислиш. :)
     
  18. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    Да те надополнам само дека целата наука, сите природни науки го потврдуваат постоењето на Бог. Во процес сум на пишување книга со работен наслов „Научни докази за Бог“ и за месец дена отприлика ќе биде достапна во книжарите. Позз.
     
    На ynboo му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Lella

    Lella Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.301
    Допаѓања:
    28.805
    Пол:
    Женски
    Претпоставувам дека најголемиот дел од верниците би кажале дека религијата е избор, во смисол, никој не ги терал со сила да бидат верници. Сепак, самиот факт што во одделни делови од светот се распространети поединечни религии, кажува дека најголемиот дел од луѓето не ја бираат религијата туку ја прифаќаат од родителите.

    Така што, бидете православни, но не кажувајте дека сте ја избрале религијата. Не верувам дека ќе бевте православни да бевте родени во некое африканско племе.
     
    На Animali, Bender Rodriguez, DAngel и 6 други им се допаѓа ова.
  20. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    Бебето се раѓа табула раса. Мозокот му е како форматиран хард диск. Тоа не се раѓа со знаење дали Бог постои или не. Тоа се раѓа љубопитно и со многу прашалници. Затоа и децата понекогаш знаат да бидат и досадни со прашањата. Какви такви, првите одговори на прашањата ги добива од родителите, на кои им верува. Така што првиот светоглед (било теистички или атеистички) децата го добиваат од родителите. Децата родени во атеистички фамилии, првиот светоглед што го добиваат е токму тој - атеистичкиот. Така што и тие го наследуваат светогледот од своите родители. И тие на почетокот немаат избор, исто како и децата на верниците.
    Но потоа детето расте, се развива, под влијание е на учителите, опкружувањето, врсниците, книгите, медиумите итн. Ако е тврдоглаво и инаетливо, ќе се држи до наследените убедувања. Ако е open minded, критички ќе размислува, ќе споредува, ќе види што држи вода, а што не, и нема да се плаши да ги промени убедувањата и светогледот. Така што мојот одговор на прашањето на темата е и ДА или НЕ, зависно од личноста.
     
    На Snowflake97, Feminka22 и Sky-butterfly им се допаѓа ова.