Во нашето донекаде конзервативно опшество, црквата (ја спомнувам бидејќи се декларирам како христијанка) се труди религијата да биде наследство. Е арно ама во 21 век тоа не е можно бидејќи и самата религија е малку парадоксална. Сама по себе секоја религија е прекрасно нешто бидејќи не учи на убави работи и љубов, но тоа не значи дека атеистите се полоши луѓе од религиозните или од фанатиците. Светот оди напред и факт е дека некои работи пропаѓаат во вода. Резултат на сето ова е тоа што религијата полека станува право на избор. Бидејќи сме свесни што е вистина, а што не и свесно избираме во што ќе веруваме. Секој има право да верува во што сака, се дури не си наштетува себе си и на другите. Јас лично се декларирам како христијанка. Крстена сум, имаме домашна слава, Бадник Божиќ, Велигден ги обожавам, ама никој не може да ме натера да верувам дека Ева е создадена од реброто на Адам.
Религијата е воглавно семејно наследство, но има и случаеви кога е условена и наметната од околината. Условена како во, наметната под уцена или санкција. Слободните луѓе размислуваат, критички анализираат, си созадаваат своја слика за светот, бираат и не дозволуваат некој да им сервира туѓа агенда и пропаганда во која што слепо ќе веруваат. А полесно е слепо да веруваш, те исклучува од мислење и од одговорност. Ама тогаш не си слободен, туку си нечиј роб.
Сите сме слободни да си одлучуваме во животот, имаме слободна воља. Што ако сум јас верничка? Ако сакам од утре можам веќе да не бидам. Чиј рпб сум? Не сфаќате вие некои работи. Веќе кажав во некој пост погоре. Не постои средина.
Не може да те натера никој и не зборуваме за присила, туку за процесот на воспитување, семејството како примарен агенс на социјализација, на развој, во најголема мера влијае на креирањето на личноста на едно дете. Не само за имање или немање религија, или пак наследување на одредена религија, семејството делува во секој сегмент од светогледот на детето. Па и дотаму што во зависност од јачината на влијанието за одредени работи, детето во иднина ќе биде критички настроено или помалку критички настроено кон истите. Воспитувањето не е принуда, туку е процес кој се случува во секое семејство, кај секои родители и секое дете. Дали детето утре ќе се апстрахира од некои ставови, навики, избори на родителите или ќе ги поддржи, продолжи на своите деца, секако дека зависи од детето (кога е веќе возрасно), но познато е дека децата најчесто засекогаш повеќе или помалку сепак се држат до тоа наследство, и се однесуваат соодветно, затоа што тоа однесување се оценува позитивно од семејството. Децата од мали учат што е прифатливо, а што не за родителите, на кој начин ќе добијат награда, а поради што ќе добијат негодување, како возрасни не се трудат да ги усреќат родителите но тоа веќе е научено однесување. Прост пример се врските/браковите помеѓу две лица од различна вера, најчесто најголема пречка е неодобрувањето на семејствата. Па многу ќе попуштат под тој притисок, малку ќе се изборат за тоа што навистина е нивен избор. Никој со сила не може да ги натера да раскинат, но "мојата врска го унесреќува моето семејство" и "МОРАВ да го направам тој избор" не се работи кои се дел од слободната волја.
Јас само сакам да нагласам дека ако ти имаш знаење имаш прилика да одлучиш. Ако мене ме учеле дома и ме воспитувале ова е добро ова е лошо јас избирам сама утре дали ќе бидам добра или лоша. Во однос на религија секојдневно гледаме различни избори бидејќи има еден куп правци. А во суштина многу од тие правци се измислени. Позадината е друга и многу едноставна без филозофирања. И пак ќе се навратам: Бог и Ѓавол; Добро и Зло; Пак ние самите бираме. Постојат натприродни моќи. Добри и лоши. Во тоа верувам.
Не е исто. На пример, некој те ограбува, ти влага дома и те остава со голи ѕидови. Дали ќе бараш кој е, ќе се обидуваш да докажеш кој е, или пак едноставно ќе веруваш дека е тоа божји план и нема да пријавиш во полиција? Ако јас ти кажам дека Зевс е мојот бог, и тој е објаснување за сѐ, дали ќе ми веруваш? И како ги замислуваш Бог и Ѓаволот? Лично ти, како ти ги доживуваш те прашувам.
Секојдневно. Бог го доживувам преку лични искуства. Преку искуства на другите кога кажуваат. Се добро е од Бога, а во лошото(кое секако постои) Тој дава сила да издржиме. И не ми кажувајте дека ми е се во главата бидејќи сум се молела за знакови, работи кои не можат да се случат по никоја случајност. А Ѓаволот исто го гледам секојдневно: лоши работи, убиства, омраза, неморал, пороци и робување на истите... светот е полн со зло, а злото е од него..
Битен е карактерот не изгледот. Не знам како изгледа ама постои. Не морам да го замислувам. Секако - ние како луѓе постојано правиме еднаш добро еднаш лошо. Јас не негирам дека лош човек може да се промени и да биде добар или пак добар човек одеднаш да стане лош. Суштината е: Кој во човекот чини да тој прави добро или лошо? Колку и да не веруваш, постојат две страни, две влијанија. Ти одлучуваш дали Добро или Лошо(зло).
Концептот на добро и лошо нема врска со религијата. И нерелигиозните луѓе знаат што е добро, а што лошо. Разликата е во тоа што религијата дава конкретни насоки на (добро) однесување, па верниците според тоа судат добро/лошо. Ама како ќе го објасниме "феноменот" што атеистите прават разлика меѓу доброто и лошото?
Во повеќето случаеви е наследство но подоцна станува избор. Да, скоро сите ние сме крстени но тоа ти претставува само вовед во христијанството.Како што растеш, никој не те тера да одиш во црква, да празнуваш или да се молиш без разлика колку и да се верници твоите родители. Некој го бара Бог и тој го пронаоѓа.Некој пак воопшто не верува но ќе му се случи нешто во животот што ќе го натера во спротивното. Бог делува на различни начини. Тука може до утре да се расправаме и да се убедуваме атеисти и верници за тема религија.
ја наследуваш од родителите логично. и јас бев верник до пред 4-5 години ама пораснав почнав да читам и видов дека религијата е најголемата глупост некогаш измислена,верувам во наука
Не реков јас дека доброто и лошото имаат врска со религијата. На почетокот немало религии постоело само добро и лошо. т.е дрвото на познавање на доброто и злото. Ама ти не веруваш ни во тоа. Не кажувам јас дека атеистите се лоши луѓе. Брат ми е атеист- претходно беше верник.
Тоа е слободна воља која ни ја дал Бог. Затоа сме способни. Да не пробала Ева од дрвото јаболко, нема да сме стигнеле до тука. Јасно откритие (дрво на добро и зло) дал Бог , дека постои нешто друго. Послушноста била во прашање. Не ни мислел лошо Бог кога кажал на Адам и Ева не го допирајте и не јадете од него...
Ама да не јадела од него Ева би живееле во бессознание. На еден начин Библијата не учи дека знаењето е лошо, дека е поарно да си глуп.
Значи немаш амбиции да постигнеш ништо туку радо би седела по цел ден и не би правела ништо? Онака, вечно да не правиш ништо?