Дали религијата е наследство или избор?

Дискусија во 'Религија' започната од CameliaMiller, 29 јануари 2019.

  1. worrieddd

    worrieddd Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2013
    Пораки:
    973
    Допаѓања:
    3.604
    Пол:
    Женски
    Каде кажав дека ништо не би правела?
    Пишува: Недостижни се Божјите височини и длабочини. Вечноста не е доволна да дознаеш се... само вечното, бескрајното итн... се несфатливи поими за нашиот ограничен ум.

    Би живеела исто само што не би постоело зло.
     
  2. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.939
    Па што би правела во рајската градина? Исто што прави дома животното што го чувам. Јаде, спие, си игра. Нема потреба за ништо затоа што сѐ му е дадено, не му е гајле за ништо. Ама е таму, кај што сум го оставила и кога му треба нешто само си побара. Значи за него јас сум Бог? Е, има една разлика, што и да ми го уништи омиленото цвеќе - сеедно нема да го исфрлам од дома. Затоа што го сакам, искрено го сакам.
     
    На CameliaMiller му/ѝ се допаѓа ова.
  3. worrieddd

    worrieddd Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2013
    Пораки:
    973
    Допаѓања:
    3.604
    Пол:
    Женски
    Ако мислиш дека ние луѓето сме животни и дека Бог замислил да лежиме браво...
     
  4. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.782
    Пол:
    Машки
    Повеќето ќе речат „избор“ , а не „наследство“, без притоа да сфатат дека овие две работи се тесно поврзани. Такво нешто како целосно непристрасен избор не постои, затоа што изборите кои ги правиме се под влијание на нашите ставови, кои пак се во голема мера оформени врз основа воспитувањето и влијанието на среднината – со други зборови, нашето наследство.

    Затоа и најголем процент од луѓето родени во држава со мнозинско православно население, од православни семејства, ја „одбираат“ токму оваа деноминација како нивна религија. Или пак, одбираат некоја друга, која повторно е сродна со мнозинската религија на нивната средина – некоја од групата на авраамски религии.

    Не познавам човек од овие простори кој, на пример, одбрал да верува во хиндуизам или вуду. Ова е од проста причина што обичаите и традициите на овие религии значително се разликуваат од оние кои на нас ни се блиски, т.е. отстапуваат од нашето културно наследство.

    Муабетот ми е, изборот не е нешто апстрактно, целосно засебно од она што секој од нас го претставува како личност. Никој не се разбудил еден ден и од нигде-никаде „одбрал“ да биде верник или атеист, независно од неговите ставови и животни искуства. Напротив, „изборот“ е заснован токму на сите овие работи.

    Затоа и мислам дека кога е во прашање религиозноста, всушност не може ни да се збори за некаков избор. Човек или е верник или не е. Тоа не го одбрал во одреден момент, туку дотаму стигнал преку цела низа на размслувања и животни искуства. И токму како што нечии религиозни ставови не се градат преку ноќ, истите не можат ни да се сменат преку ноќ.
     
    На Lianna Anna, CameliaMiller, Lella и 8 други им се допаѓа ова.
  5. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.939
    Не мислам. Барам одговори за работи што не ми се јасни. Ако лутината ти е единствен извор на информации, тогаш во ред.
    Ама да, што би имале, што би постигнале и што би биле луѓето да не била Ева? Ништо, никаков ментален, технолошки или емотивен напредок.
    Патем, зарем не сме животни?
    И... Не знам колку си запознаена со други религии, митологии и приказни, па колку ти се познати приказните за тоа дека луѓето биле создадени за да бидат глупа работна рака на вонземјаните, ама една жена од вонземјаните (т.е. Лилит, сигурно ти е добро познато) се зближила со жените и им објаснила кои планови имаат за нив суштествата кои ги создале.
    Слична е приказната, знам, само ова е сосема друг поглед и осврт.
     
    На CameliaMiller и Amellie13 им се допаѓа ова.
  6. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    11.441
    Допаѓања:
    183.483
    Пол:
    Женски
    Првенствено се е наследство. Од религија, нација, изглед, нарав, гени, коса...
    Секој од нас понатака одлучува што со себе.
    Глупаво е да се дискутира дека атеистите напраиле избор, а овие што останале верници не прочитале ниедна друга книга во животот освен библија. А на тоа воглавно се алудира.
    Да не се разбереме погрешно, далеку од верник сум. Ама се кршам со јајца за Велигден и го сакам Божик па не сум ниту атеист, па би сакала да ми се објаснат атеистите што негуваат традиции за празници.

    Веројатно никогаш нема да верувам во рајски градини и Адами и Еви, во дедо Боже со долга бела коса и брада завиткан во чаршаф за ручање и со вила во рака како мафта од облаците. Боже ме сачувај.
    Ама тоа не значи ни дека во мигови на немоќ и страдање не барам комфорт во сила поголема од мене самата. И ниеден атеист од тука не може да ме убеди дека и самиот не го праи истото.
    Ниту тврдам дека нема, ниту убедувам дека има нешто.
    Хардкор верници ми се еднакви на атеисти што немаат расчистено со себе.
     
    На Rama и baba Rada им се допаѓа ова.
  7. worrieddd

    worrieddd Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2013
    Пораки:
    973
    Допаѓања:
    3.604
    Пол:
    Женски
    Не се лутам.
    Чим со овој ум сме постигнале многу, би постигнале уште повеќе кога не би биле ограничени. Секако ако има потреба од тоа. Секој напредок е за да се олесни животот на човекот , да не се мачи многу. Да не погрешила Ева , не би постоела мака, кој знае што би било и каков живот би живееле, спокоен... без стрес. Кажува Христос во Библијата: живот без страдања, болести, солзи, смрт....
     
  8. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.939
    Да, немало да има потреба да се олесни животот на човекот, затоа што би бил спокоен, без стрес и без маки. Значи без потреба за напредок.
    Не знам за тебе, ама за мене ова е најголемиот проблем во целата Библија. Не можам да замислам свет исполнет со глупавост, незнаење. Пекол е мал збор за тоа.
     
    На CameliaMiller и Tan4ence им се допаѓа ова.
  9. worrieddd

    worrieddd Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2013
    Пораки:
    973
    Допаѓања:
    3.604
    Пол:
    Женски
    Ако незнаењето на злото е добро за мене го сакам.

    А ти тоа го мислиш сега кога веќе знаеш се. Таа радозналост уништила се...
     
  10. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.939
    Значи убаво викаат, дека глупавите се посреќни...
    Реално, само тоа ми е единствена пречка, секогаш. Како да сакам Бог кој сакал да сум глупава? И нели радозналост ја натерала Ева да проба од дрвото. Значи радозналоста сепак постоела...
     
    На CameliaMiller, Amellie13 и Animali им се допаѓа ова.
  11. worrieddd

    worrieddd Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2013
    Пораки:
    973
    Допаѓања:
    3.604
    Пол:
    Женски
    Постоела змијата( ѓаволот преку неа) која ја поттикнала Ева да почне да се прашува. Тоа е слободна волја. Дали слободната волја ти ја сметаш за глупост? Јас не гледам дека вкусувањето на плодот донело било што добро... освен ти што го викаш - знаењето.
     
  12. Prijatelot

    Prijatelot Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2015
    Пораки:
    2.321
    Допаѓања:
    2.780
    Пол:
    Машки

    Змијата ја заебала. Најверојатно НЛП1 и напраило и така требало да биде според космички кодекс за таа некоја вакум цивилизација , од која ние денес сме дефинитивен продукт, да ја сузбиеме таа метафорична приказна и да ја форматираме во световна формулација.
     
    Последна измена: 1 февруари 2019
    На Аргентина * му/ѝ се допаѓа ова.
  13. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.939
    Како можеш знаењето да го сметаш за лошо?
    Која е поентата на постоењето без знаење?
     
    На CameliaMiller му/ѝ се допаѓа ова.
  14. worrieddd

    worrieddd Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2013
    Пораки:
    973
    Допаѓања:
    3.604
    Пол:
    Женски
    Зошто не одговориш на моето прашање?
    Не го сметам знаењето за лошо. Освен тоа што НИ СЕ ОТВОРИЛЕ ОЧИТЕ И СЕГА ЗНАЕМЕ, друго ништо не е добро. Луѓе страдаат, болни се, стареат, умираат... Ако знаењето што е добро, а што зло ти вика дека ќе умреш ќе го сакаш ли?
     
  15. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.939
    На кое прашање не сум ти одговорила? Дали слободната волја ја сметам за глупост?
    Јас не ја сметам за глупост, ама очигледно Бог ја смета за зло затоа што заради слободната волја се истерани Адам и Ева од рајот.
    А ти незнаењето го сметаш за доблест?
    И не се нервирај. :) Посмирено малку.
    На крај краева, старееме, умираме, сѐ тоа ок. Ама што живот ќе беше тоа во незнаење?
    Пак ќе речам, како миленичето дома што го чувам.
     
    На CameliaMiller и violetblue им се допаѓа ова.
  16. worrieddd

    worrieddd Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2013
    Пораки:
    973
    Допаѓања:
    3.604
    Пол:
    Женски
    Морал некој да згреши. Само едно ќе ти кажам на поедноставен јазик и тука ќе завршам.
    Да ја сметал Бог слободната волја за зло и ако сакал Бог да сме во незнаење ќе не створел робови без слободна волја. Можел лесно да го уништи Ѓаволот,но не го направил тоа бидејќи сите создадени суштества би се плашеле од него во тој случај. Иако гревот(злото) како поим и постоење за нас е нејасен ( во совршенство и се добро да се појави гордост во срцето на Луцифер и тој како створено суштество да сака да биде на исто ниво со Бог) тоа постои и Бог дозволил да е развива и да стигне до степен кој ние сеуште не го знаеме, но секако постои многу зло во светот и уште повеќе ќе има. Но, ќе дојде крај на сето зло. Христос го победил Ѓаволот на Крстот. Злото ќе исчезне т.е ќе биде уништено кога Христос ќе дојде по втор пат. Ние на некој начин сме експериментална планета и луѓе. Кога ќе дојде Христос за цела вечност нема да постои повеќе грев бидејќи од Адам и Ева до крајот на светот сите маки, страдања ќе бидат прикажувани како филм. Ете така сфаќам јас. Сакам да бидам спасена, но и да не сум ќе умрам во знаење дека еден ден некои идни светови и суштества ќе се поучат од нашиот мизерен живот поради изборот на Адам и Ева.
     
    На ynboo му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.119
    Допаѓања:
    163.768
    Пол:
    Женски
    Не одат баш така работите. Атеизмот не е еднаков на религијата, посебно не во поглед на индоктринација. Отсуство на истата е.
    Нема централни суштества (и тоа натприродни и недокажани) кои неприкосновено ги почитуваме, нема книги (патем прилагодени ко сликовници за уште од најмала возраст) и фиксирани правила наводно пропишани од истите суштества, нема *свети* слики (икони) и објекти за поклонување, нема организации.

    Многу од атеистите дури почитуваат традиции по повод верски празници во матичната земја, за забава и сплотување на семејството - што нивните деца ќе може да ги видат како такви.
    Исто така, многумина токму читањето (барем делумно) на Библијата, Куранот или било која света книга - ги направило атеисти. Така што, сигурно нема да им ги скријат и забранат тие книги и на своите деца ако сакаат како позрели да ги прочитаат - па да одлучат сами колку се логични и реални, па дури и навистина морални.

    Атеизмот е слободарство, друже. А не може слободата да те опие и да „зборува од тебе“. :)
     
    На CameliaMiller, Lella, Anabelle.Amorette и 6 други им се допаѓа ова.
  18. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.728
    Допаѓања:
    10.243
    Пол:
    Машки
    Повеќето атеисти уште од мали нозе се индоктринирани во атеизмот, во натуралистичката филозофија. Нашите родители и нивните родители беа индоктринирани во Марксистичката (атеистичка) идеологија. Во социјалистичка Југославија, марксизмот бил задолжителен предмет во сите средни училишта! Верниците биле означени како „политички неподобни личности“. На еден мој пријател не му давале да стане асистент затоа што се изјаснувал за верник (христијанин), иако бил еден од најдобрите студенти. Случајот завршил на ЦК (Централен Комитет) и таму едвај му дозволиле и тоа под надзор. А кога требало да докторира, морал да оди во странство да брани докторат заради притисоците на комуњарскиот систем. Ако ова не е индоктринација, тогаш кажи ми што е?

    На учениците им ги переа мозоците со смешна историја дека христијанството било направено од властите со цел подобро да владеат со рајата. Овој систем го индоктринираше и образованието, правеше цензура на биографијата на научниците (кои се разбира повеќето од нив биле христијани), вработуваше речиси само професори - атеисти или номинални верници (уште полошо од атеисти).

    И како очекуваш потоа ваквата генерација да ги воспитува своите деца? Се разбира дека нема да им кажат дека христијаните биле предводници во науката и технолошкиот развој, нема да им кажат дека 65% од Нобеловите награди се христијани (а 2% атеисти), нема да им кажат дека скоро сите поголеми Универзитети биле основани од христијани (а не од атеисти). Од кај ќе им кажат, кога и самите тие добиле цензурирани образование? И затоа денес имаме луѓе што се лупаат у гради дека се научници и ставаат равенство помеѓу науката и атеизмот. Не се криви тие. Едноставно биле директни или индиректни жртви на еден Марксистички (атеистички) режим, кој фала Богу се сруши како кула од карти.
     
    Последна измена: 1 февруари 2019
  19. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.119
    Допаѓања:
    163.768
    Пол:
    Женски
    Ваљда и ова ти се однесуваше на југословенско време, оти многу лошо ти оди општествено набљудување и статистика ако навистина ова го мислиш и за денешницата. Многу е очигледно и излишно да се објаснува за тоа каква е ситуацијата сега со младите атеисти и нивните семејства. Доволно би било да напоменам дека по странски форуми има доста активни дискусии по прашање coming out as an atheist (сите со основно познавање на англиски и поп-култура знаеме што значи изразов, дека се користи како признавање на нешто „контроверзно“ како дел од себе, и тоа и кај најдискриминираните заедници).
    А сега, во врска со сето ова нафрлено околу марксизам и југословенско време...

    Прво, те молам не ми поврзувај мои ставови и идеали со Југославија. Немам воопшто добро мислење за тоа време, баш напротив - имам голема одбивност, посебно поради принципите кои мои најблиски постари ги влечат од истата.
    Тоа за мене се нереално идеализирани и сосема контрадикторни систем и држава, од кои просториве имаат во наследство принципи слични на хардкор верниците. Тоа е и проблемот со екстремната левица (т.е. марксизам, комунизам) исто како и десницата - екстремите секогаш се оддалечуваат од слободата. И патем пак да земеме да споредуваме тоталитарни религиозни општества низ историјата со вакви - убедливо ќе „победат“ оние религиозните.

    Сега не верувам дека има можност за формирање на такво општество, ниту пак зборуваме за такво тука. Јас и повеќето атеисти што ги знам и што ги читам од тука, сме за секуларно општество (не антитеистичко), во кое деца би воспитувале без (а не против) било која света книга како морален правилник.

    И да, исто така основна статистика го покажува спротивното од тоа што го тврдиш - и покрај сите тие забрани, најголем дел од генерациите околу 40-50 години сега се религиозни и им го наметнуваат тоа на нашиве генерации. Номинални/вистински - не ме интересира и не е важно, битно гаат патријархални вредности, им ја наметнуваат идејата за Бог, стравопочитта кон него и доста од предрасудите и ограничувањата во Библијата. Од свое искуство и на 99% од младите луѓе што ги знам - тотален нонсенс е дека нас младите генерации сега нè воспитувале и учеле луѓе што се лупаат во гради како атеисти.
     
    На CameliaMiller, Lella, Briar Rose и 2 други им се допаѓа ова.
  20. Monna.Monna

    Monna.Monna Популарен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    3.562
    Допаѓања:
    7.992
    Пол:
    Женски
    Во темава баби и жаби сте измешале:drunk:
    Инаку да, религијата се пренесува да не речам се наметнува, ок да сфатиш дека не припаѓаш никаде и да почнеш да се декларираш како атеист, ама да биде растен како христијанин и да се префрли во ислам, будизам или во Кришна да почне да верува нит знам за таков некој ни ми се верува да постои (бар во ова опкружување) тука не ги вбројувам деноминациите на христијанската црква.
    Да сме биле родени во Античка Грција ќе сме верувале во Зевс, во Индија крава ќе ти била свето животно а во Иран на Алах ќе се клањаш - оттука на секој својата религија му е најправилна, а човекот факт е дека правилата за раководење сам си ги поставува.
    Околу комунизмот т.е социјализмот, единствена причина за забранување на секоја религија е воздигнување на лидерот во тоа време на ниво на божество, а со тоа и градење култ на личноста, една од причините за таквото нагло пропаѓање е токму ова. А не дека им било гајле кој се крштева а кој сунет прави во тоа време.
    Инаку во Северна Кореја само во Ким ил Сунг смеат да веруваат сеуште.:emo:
     
    На CameliaMiller, Amellie13 и Someonespecial им се допаѓа ова.