Како што мнозинството деца родени во религиозни семејства ја наследуваат верата на своите родители, така и мнозинството деца родени во атеистички семејства ја наследуваат верата (во натурализмот) на своите родители. Исто е.
Поставив прашање до атеистите во другата група... во врска со доказите дека Бог постои. Какво мислење и критика имаат во врска со нераспаднатите тела на светците, кои целиот свој живот се имаат посветено на Господ и на неговите учења? На пример... Св. Василие Острошки чие тело е нераспаднато и стои во манастирот Острог? И уште многу примери.
Ај вака, бидејќи @CameliaMiller најверојатно избегнува да ми даде одговор на прашањево или не знае што да ми одговори... Еве ти, како една од многуте атеисти кажи што одговор или критика имаш за прогласените светци чии тела не се распаѓаат, не се ни одржуваат со некакви средства, туку изгледаат само дека спијат. Пак по трети пат ќе го дадам истиот пример: Св.Василие Острошки во чие име е изграден манастирот Острог? Зашто баш на тие луѓе (луѓе кои целиот живот биле посветени на Господ) телата не им се распаѓаат? Што вика вашата "наука" за тоа?
Готово не фати сега..... шат даун ни направи. Со свои очи го виде ти телото на дотичниот ? Онака, леш простран на средина, да се сликаат посетителите со него, или како ?
Па дека немаш што да одговориш сега мислиш нешто смешно е ова? Или според вас тоа се восочни фигури и луѓето на нив се молат а? За вас се' е лажно и измислено хахахахаха... Не знам само со вашата филозофија до каде ќе терате, ќе пукнете некој ден од тоа што нема да можете одговор да дадете на некое прашање, тако звани "научници"
@ynboo можам да дадам одговор на твоето прашање, и истото потекнува од полето на форензичката антропологија, како и методите, супстанците кои се користат за зачувување на телото, без разлика дали е тоа намерно или ненамерно (сушење, мртовечки восок, изложеност на тешки метали, сол, киселински состојби) Меѓутоа мојот одговор не е проблемот, туку твојот став и однесување. Со други зборови, не сум сигурна дали воопшто вреди да го напишам моето мислење бидејќи како што забележав од твоите два последни поста, ти немаш почит за науката и мислиш дека истата е само во корист на атеистите, а не на целото човештво генерално. А ако ти нема да ме почитуваш само бидејќи сум атеист, зошто воопшто би одговарала на твоето прашање кога сигурна сум дека ќе ме навредиш или ќе ме исмееш на некаков начин? Како за пример ќе ја земам дискусијата која ја имав со @worrieddd на оваа тема. И покрај тоа што јас знам дека таа е верник, никогаш не сум и се обратила со тон на понижување, непочитување или обезвреднување.
Остави ја членката, очигледно немала прилика да го посети тој манастир а и не е вредна за комуникација. Таму каде што Бог делува, сите научници, цела литература, човечки ресурси..сето паѓа ничкум на колена...нема такво нешто човечко што може да го објасни тоа божје делување. Поатојат повеќе од 200 нераспаднати тела на светци пред кои сите светски лекари, научници, патолози, се наоѓаат во чудо, без одговор, потполно немоќни, тела кои пркосат на сите закони на физика, на сето човечко научно достигнување
Зборував општо скоро за сите вас, затоа што имаше постови каде што и тие одговараа цинично, у смисла "што им е на будаливе"... Јас убаво прашав какво мислење имаат за таа појава...
Потполно те разбирам, затоа што и јас го имам истото мислење. Убаво прашав какво е нивното мислење, тие одма прашуваат дали сме виделе такво нешто... пак сакаат да направат од нас "будали", давајќи неповрзани одговори на прашањата само затоа што немаат што да одговорат.
Пак ќе те прашам де, го виде ли ? Колку сте лаковерни, тоа е едно чудо. Не само да е смешно.. тажно е и за греота е. Измешани емоции.
Дали ти си била во манастирот на св.Василиј Острог? Кажи кој дел посебно ти е смешен и како телата на светците со години опстојуваат без да се распаднат, да замирисаат..дај просветли не?
Нормално дека не сум била, имам други туристички дестинации на листа попрво. Еве ако ти си била, удостои ме со одговор, пошто членот погоре, не сака. Ги виде ли ти моштите ? А сочувување на телата е возможно нормално, низ низа од хемиски процеси.
Полека де, со ред. Јас три пати поставив прашање не ми одговоривте и двајцата. Одговорете вие, па јас ќе образложам како е можен процесот.
Дефинитивно е општествен избор, со однапред предодреден лажен идентитет стекнат од раѓање. Во лажен идентитет не спаѓа само религијата, туку името на личноста, националноста, типизацијата според боја на кожа. Светот од некоја причина одбрал да верува дека ако се категоризираме на горе наведениот начин би функционирале во некоја хиерархиска симбиоза. Но, еве не. Дури и после десет милениуми сеуште живееме во мисловно ропство без право на избор и слобода.
Секако дека разбирам што сакаш да кажеш со тоа. Но, исто така разбирам дека во одредени прилики луѓето не разликуваат атеизам од антитеизам. Тие цинични ставови и мислења што си ги прочитала не само што манифестираат атеизам, туку истовремено манифестираат и антитеизам, кои во суштина претставуваат различни поими (и покрај тоа што еден атеист може да биде или да не биде и антитеист).
Сепак ќе се согласиш дека идејата за Бог е колективно одбрана, нели? Знаеш дека дете кое е израснато во изолација не може да го поима Бог без претходно дадени насоки и слики за тоа како треба да изгледа таа фигура?
Нема да биде никаде официјално објаснето, се разбира. Црквата е една огромна машинерија со куп тајни, и многу помрачни од заблудата која ја ствараат со наводно нераспаднати тела на светци, икони од кои протекува течност и сл.