Доволен доказ и признание треба да ти биде извинувањето од Папата Јован Павле Втори за сите злодела на католичката црква - крстоносните војни, инквизицијата, спалувањето вештерки, убивањето на Протестантите, итн. Интересно. Часот на кој се учело „Не убивај“ изгледа го прескокнале овие руски православни свештеници кои осветуваат оружја. Него, доста со офтопици, сериозно.
Па го контролира, тоа е очигледно, поготово за одредени прашања, како што ти набројав. Го контролира со тоа што наметнува морал како што сака таа, односно, оној од бронзеното/железното доба. Ропство е ок, дркање - ќе одиш во пеколот. Тоа што пробувам да ти кажам е дека не го побиваш моето тврдење дека има одредена контрола со твоите примери. Твоите примери докажуваат дека нема апсолутна контрола. Но сепак има контрола. За тоа е створена. За да се води стадото. Зашто мислиш дека во Библијата ја имаш таа метафора за овците и пастирот толку пати? Кога ќе поразмислам мило ми е што го спомна тоа зошто јасно кажува дека Библијата нема ВРСКА од морал и е КОМПЛЕТНО неапликабилна на модерното општество, а за иднина, за 2500та, 3000та, ич муабет да не правиме. Но, ти не се секираш за тогаш нели? Сигурен сум дека очекуваш Христос да се врати до тогаш.
Како што кажав,за мене единствена и вистинска Христијанска црква е Православната Но,Католичката црква има и други работи.Гледаш стално ја тресе скандали за педофилија.. прочитај ја Ватикански убијци од Алберто Ривиера да видиш што се правела.Сепак,тие дела немаат никаква врска со Бог и Библијата Библијата вели 27. Но вам, што слушате, ви велам: љубете ги непријателите свои; правете им добро на оние што ве мразат; Лука 6:28 А ова со сликиве,нема ништо спорно со тоа Ова е Руска војска,и тие оружја се осветуваат за самоодбрана.Сирија е политика а не религија .. Уште не замина.. ?
Алал да ти е ако така мислиш. А пушка и тенк служи само за убивање, а ако за тебе самоодбрана е убиј пред да бидеш убиен, okay then. Ако се работи за политика, што мајка бара попов тука тогаш? Или можда ќе ги љубат Сиријците со пушкиве, како што рекол Лука?
Библијата не учи на морал а Македонската Православна Црква потфрлува во тоа да ги оцрковува своите верници.Да ги одухотворуваше немаше да има таква статистика.Но,човекот не е Христијанин заради црквата туку заради својата душа Дури и таква,е подобра од твојaта аноника,која човекот го тера на тотален неморал.А такви,не се ни животните бидејќи они повеќе размислуваат.Што е човекот без разум и морал? Ништо.И сега мислиш мене ми е гајле дали ти се однесуваш морално како човек или како животно? Не,апсолутно.Јас немам никаква ни грижа на совест нити ме допира тоа Овој универзум е создаден врз закони и поредок.Тоа ми е важно Грешиш,Библијата е вистина која важи до крајот на светот.Неморалот кој го проповеда и се шири од книгите како Аноника,Телема и куп други,прават моралот и етиката да не бидат апликабилни за 21-от век И смири се,не се живцирај толку
Самоодбраната не е забранета Дури и превенцијата не е забранета затоа што Русија многу добро знае дека ако падне Сирија,нивниот Кавказ ќе стане нов фронт. Забрането е да убиеш без причина
Tи имаш непријатели? Имаш.Teрористи во ИСИС се ? Не се... е нив да ги сакаш Цитатот не подразбира сакање на терористи(сатанисти) Туку од прееска идеш,никако да заминеш
Го негираат ако бараат да веруваш слепо во нешто што не може ниту да се потврди ниту да се негира. Немој да ме јебеш. Сосема ирелевантно е како се декларирал Френсис Бејкон и ти го знаеш тоа. Па зависи... Во голема мера самата организација на религијата е таа што ја врши контролата, но во случајот со верба во натприродното контролата е.. како да кажам... мека. Нема да дојде инквизицијата да те гони, ама затоа самиот ќе се гониш. Пример, да речеме дека веруваш во карма и реинкарнација. Тоа веднаш подразбира дека ќе го смениш твоето однесување. Оттука тој што ти ги дал тие непроверени идеи те контролира. Јас сега ако ти кажам дека вечерва ќе дојде Баба Рога да те папа ако не си покриен в кревет сигурен сум дека ќе стуткаш под покривач кога ќе биде темно. Ги мешам во блендер смуди правам. Јами!
Не сум напнат воопшто, таков ми е стилот. Мислиш дека мене ми е гајле што ти се лажеш дека веруваш во вистинскиот бог, што му вртиш грб на нашиот бог и спасител The Flying Spaghetti Monster. Многу ми е гајле, твојата душа е во прашање. Неколку поенти: Атеизмот не подразбира неморал, баш напротив дава слобода моралот да се преиспитува и менува и прилагодува на промените во општеството. Наспроти тоа, како што кажав, имаш етички принципи од пред 2-3 милениуми што не знам дали некој во здрав памет очекува да бидат корисни и применливи низ вековите. Тотален неморал.... Како да воспоставиме морал? Со лажење? Кажи ми дека не лажеш кога викаш дека има Бог, зашто јас отворено, гласно и јасно, викам дека ЛАЖЕШ! И ти не можеш да докажеш дека не лажеш. Никогаш и никако. Целиот подвиг е осуден на пропаст зашто е заснован на лажна основа. Не знам што ти е проблемот со животните, во многу случаи тие со подоброчудни од нас. Претпоставувам дека сакаш да кажеш дека треба да го користиме тоа што ние го имаме, а тие го немаат - разумот. Па зар не гледаш дека токму и тоа го правиме ние атеистите. Нашиот разум не доведе до атеизмот, не ѓаволот, ниту нашата желба за грешен живот итн. Разумот е всушност она што го турка човештвото напред и главната причина зашто ние се бунтуваме против религијата - зашто е неразумна и зашто промовира, како да кажам, неразум. Не знам дали можам да ти го објаснам ова добро. Ако ти речам дека не можам да одам на одредено место зашто се плашам од самовили ти би рекол дека сум неразумен. Ако ти речам дека ќе одам на другата страна на виножитото зашто таму има ќуп со злато, ти би рекол дека сум неразумен. Ама ако ти речам дека ќе се однесувам на начин како што една книга ми налага за да добијам награда после смртта, тогаш ти би рекол тоа е сосема разумно. Затоа јас не ни го сакам терминот атеист. Ако не верувам во самовили и леприкони и сл. не би се нарекувал а-самовилист и а-леприконист. Би се нарекол РАЗУМЕН ЧОВЕК. Само јебига кога сите околу тебе се луди мораш да се нарекуваш А-будала.
Немам. Од кај знаеш ти што подразбира зборот „непријател“, а што не? Теолог да не си, што вака стручно ми ја тумачиш Библијата? Иначе, за тебе, терористи и сатанисти исто се? Чисто да знам со што човек праам муабет.
Јас да ти кажам,не знам за ниеден атеист од пред 2-3 милениуми.Во тоа време сите народи биле пагански и своите деца ги жртвувале на своите таму идоли.Прв пат слушам за ова што го зборуваш Еве на пример,човекот е составен од амино киселини.Тие амино киселини се составени од протеини.Тие протеини се делат на левораки и деснораки.Тие неможе да се развијат во вода а уште повеќе во солена како океаните и морињата.Науката која атеизмот ја пропагира вика може,а доказите на дело викаат дека неможе.Милер пробал ама не успеал.Ете ти Но не е проблемот во докажувањето туку во твоите фрустрации Имаш тешки комплекси од овој Богов на Христијаниве и сега овде.. прскаш од нервоза Знаеш,ни ти мене неможе да ме убедиш дека постел Хитлер и неговиот Холокауст ако јас сакам не сакам да истражам за тоа... Од вас.. Православните(вистинските верници) не спаѓаат во вашата катергорија Разумен човек? Па ако разумен човек во толку постови може да искажува толку фрустрации,комплекси,малограѓанштина со тоа што навредува... тогаш ти си се само тоа не
Читам,идам на литургии,разговарам со духовници,ете тоа ми дава право да тумачам За разлика од тебе и анон кој не сте виделе Библија во живот а ја коментирате.Не е од општа култура тоа добро ама ајде.. ви се простува Не е исто.Има тероризам кој е резултат на окупација врз одредена територија и е правено-легитимен акт на самоодбрана дури и кога тој што ја запоседува таа територија тоа го смета за тероризам. И има тероризам кој е ваков,сатанистички,кој никнува сам од себе заради погрешни толкувања на одредени идеологии и деноминации и таквиот е апсултно сатанистички за Христијанската теологија и нејзините доктрини
Јас зборам за тие во религиите, не за моите. Моите се апдејтирани. Инаку имало многу атеисти уште од антика, но за тоа во друга тема. Не сум научник па да ти кажам, но на крајот на краиштата, не ни морам да знам се за да знам кој метод за откривање на вистината го преферирам: дали научниот метод или оној другиот кај што бог се јавува на неписмени луѓе во пустината, кај што никој друг не може ни да го забележи ни да го посведочи за неговото јавување. Стално се прашувам зашто не се најде некој бог да се појави на центар на голем град. Директ во Рим можел. Остајте ги Евреите на раат. Тие ми се фаворит. Кој ги чепне тешко него. Ама зашто да биде едноставно кога може да биде комплицирано, така хахахах? Бајки за големи деца.... Добар обид. Секогаш кога човек нема аргумент го напаѓа карактерот на соговорникот. Ова секогаш го прифаќам како моја победа.