1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали родителската љубов е навистина безусловна?

Дискусија во 'Дете' започната од RainBow, 16 декември 2018.

  1. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.805
    Допаѓања:
    65.525
    Пол:
    Женски
    Првиот одговор на ова прашање што веднаш доаѓа на ум е нормално дека да. Кој родител не си го сака своето дете безусловно? Кој родител не би го дал својот живот веднаш доколку е тоа потребно за своето дете?
    Сите нели?
    Но, да разглобиме малку подетално. Сите родители имаат некакви очекувања од своите деца. Имаат некакви замисли како би сакале нивниот живот да изгледа. Доколку детето оди во сосема спротивна насока може да дојде до... разочарување. Може да дојде до расправии, до прекинување на контакт. Но, нели беше безусловна родителската љубов? Или сепак има некакви услови?
    Гледав едно интересно видео на фејсбук во кое Dr. Shefali вика дека родителите треба да се помират со обичноста своја и таа на своите деца, да ги прифатат какви што се, без да им наметнуваат свои неостварени желби и да ги тераат да бидат нешто што не се. Само тогаш може целосно да ги сакаме своите деца, кога ќе ги прифатиме такви какви што се.

    Колку се согласувате со ова? Дали ги сакате своите деца безусловно или сепак има нешто што би направиле со кое не би можеле да се помирите и да живеете? Дали ако не исполнат некој ваш стандард едноставно не би го имале истото мислење за нив?
     
    На Ivan4e04, Tatjana95, dunika и 16 други им се допаѓа ова.
  2. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.089
    Допаѓања:
    163.461
    Пол:
    Женски
    Клише одговор, но не секогаш и не сите луѓе се способни за безусловна љубов кон своите деца.

    Настрана секако ги тргам екстремните случаи (со насилство, злоупотребувања), и тогаш е комплексно да се дефинираат поимите безусловно, љубов, мислење добро некому. Јас сметам дека во тоа дефинирање најважно е како му влијаат твоите зборови и дела на другиот, во овој случај детето.

    Затоа, за мене строгиот конзервативен однос со разни забрани и пречки, и преамбициозниот став со превисоки очекувања и остварување на свои желби преку децата - не се безусловна љубов.

    За жал, многу од повозрасните не се ни свесни за своите постапки што спаѓаат под овие ситуации, длабоко во себе се уверени дека сè што прават е за доброто на своите деца, а дека самото пружање дом и финансиски средства е еднакво на безусловна љубов.
     
    На Ivan4e04, calliope, Ketchup и 15 други им се допаѓа ова.
  3. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.082
    Допаѓања:
    27.322
    Одбројувам додека не ти рипнале другите со аргументот "ама не си мајка...ќе видиш кога ќе бидеш"
    Инаку на темава имам пишувано и во други теми и тоа многу. Родителската љубов треба да биде безусловна ама многу ретко е.
    Од очекувањата за партнер/ката на детето, до неговата професија, едно од многуте нешта ќе се најде измеѓу родителот и детето.
    Едит - до ова најмногу води она дека детето како помладо што и да одлучи ќе згреши јер младост - лудост, а нема врска.
    Кога еднакво би се почитувало неговото мислење и избор како и на некој повозрасен, светот би бил поубав. Се разбира, сѐ додека тој избор не штети никому.
    Знам, знам не сум мајка. Како нечие дете само сакам и мојот збор да се слушне.:)
     
    На Ivan4e04, candy.cane, Doozy и 7 други им се допаѓа ова.
  4. Sky-butterfly

    Sky-butterfly Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 декември 2013
    Пораки:
    3.391
    Допаѓања:
    60.806
    Со самото тоа што ние родителите не сме совршени, оти нели не постои совршенството на земјава, вистинската безусловна љубов, во целиот свој идеал, не постои.
    Ние треба да се стремиме кон тоа ама факт е дека се разочаруваш во детето, неговата постапка, неговата одлука, бидејќи си родител и сметаш дека знаеш подобро и што би требало да е подобро за него и очекуваш подобро и од него.

    Дефинитивно љубовта не е да го пуштиш да прави што сака, без одредени правила, токму поради љубов и грижа, ама затоа и постои некоја старосна граница, полнолетство, до кога родителот има некоја законски морална обврска да биде "глава" илити оној што дава насоки на детето.

    Понатаму, кога детето е веќе полнолетно, сигурно нема да се согласуваш со грото негови одлуки, ама си тука за совет и за сигурната лука каде детето ќе доаѓа кога ги искуси негативните последици од своите одлуки. Ама за сето време си тука за него без притисок бидејќи тој е веќе сопствен човек и би требало сам за себе да донесува одлуки. Така јас некако си замислувам себеси како родител во иднина.
    Не можам да кажам дека би требало да го поддржиш во се, бидејќи ете ако е некоја криминална работа во прашање сигурно нема да го поддржам, ама љубовта, безусловната, постои и опстои без разлика дали родителот поддржува нешто или не.
    Ти можеш да сакаш како родител, а срцето да ти биде скршено (недај Боже нели)
     
    На Sexybaby86, NarCis@, galapce и 5 други им се допаѓа ова.
  5. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.597
    Допаѓања:
    155.810
    Пол:
    Женски
    Не сум родител, па ќе зборам од аспект на "дете" и потенцијален родител, некогаш.

    Родителстката љубов е комплексна. Прво мора да се разграничи што од истата води нарцистички поглед, а што е онаа искрена љубов која родителот ја нуди.

    Многу родители своите неотстварени желби и амбиции се обидуваат да ги наметнат на своите деца, дали било тоа за да бидат поуспешни, за да бидат како нив, за нешто да остани во фамилијата. Тоа е нарцистички пристап кон детето и колку и аргументите на родителот да се издржани, тој мора да има на ум дека детето е засебна индивидуа. Ако родителот не може да прифати дека детето е засебен човек и не се едно па исто зошто делат генетски код - тогаш љубовта на родителот не може да се наречи безусловна.

    Сигурна сум дека и кога ќе бидам родител, ќе го сакам најдоброто за моето дете. Ама тоа не е по цена да го форсирам на нешто шо не сака зошто тогаш ќе го фрустрирам, а верувам дека никој родител не го сака тоа. Не е безусловна љубов ако работиме на наша среќа без да ја земаме среќата на детето во обзир.

    Сепак, вервам дека покрај се, некои родители го сакаат детето безусловно. Ама само некои.
     
    На Ivan4e04, dunika, candy.cane и 7 други им се допаѓа ова.
  6. rolulika

    rolulika Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2018
    Пораки:
    231
    Допаѓања:
    622
    Пол:
    Женски
    Најдобар одговор на оваа тема каква би требало да биде родителската љубов е:"On the Children" by Khalil Gibran.

    On Children by Kahlil Gibran


    Your children are not your children.

    They are the sons and daughters of Life's longing for itself.

    They come through you but not from you,

    And though they are with you, yet they belong not to you.


    You may give them your love but not your thoughts.

    For they have their own thoughts.

    You may house their bodies but not their souls,

    For their souls dwell in the house of tomorrow,
    which you cannot visit, not even in your dreams.

    You may strive to be like them, but seek not to make them like you.


    For life goes not backward nor tarries with yesterday.



    You are the bows from which your children as living arrows are sent forth.


    The archer sees the mark upon the path of the infinite,
    and He bends you with His might that His arrows may go swift and far.


    Let your bending in the archer's hand be for gladness;


    For even as He loves the arrow that flies,
    so He loves also the bow that is stable.
     
    На Sexybaby86, dunika, Annath и 3 други им се допаѓа ова.
  7. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.245
    Допаѓања:
    39.587
    Пол:
    Женски
    Од она што го гледам околу себе, имам дојдено до заклучок дека родителската љубов понекогаш знае да биде и најсуровиот облик на љубов на целиот свет, како и начинот на кој се манифестира.
    Таа љубов не подразбира право за заземање на кормилото на животот на своето дете, живеење на својот живот преку неговиот, остварување на сопствени (не)остварени желби и амбиции, константен критицизам или пак негово туркање до перфекционизам, пошто и двете лошо се одразуваат врз менталниот развој на едно дете кое допрва се изградува како личност, издигање на детето на пиедестал и правејќи го супериорно во однос на другите- моето дете е све нај нај во споредба со твоето, преземање на сите негови обврски и одговорности, чување под стаклено звоно или пак другиот екстрем, експонирање на детето уште од мало на ужаси од ситуации од секојдневието со намера да го ојача.
    Од мојата околија, на прстите на една рака можам да набројам, според мене, вистински примери за родителска љубов и грижа. Секогаш велам дека родителот е најодговорен за успонот или падот на своето дете, пошто све влече корени од многу многу поназад.
     
    На Ivan4e04, calliope, Grungie и 20 други им се допаѓа ова.
  8. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.082
    Допаѓања:
    27.322
    На ова би додала и лицемерна љубов кога дома го третираш како ѓубре, а ако некој друг го повреди тогаш глумиш најголем негов заштитник.
    Демек ако си родител дозволено ти е сѐ, а друг не смее да го пипне.
    Не. Не смее никој да го повредува, кој сака нека е.
     
    На Ivan4e04, NarCis@, Nigredo Odor и 11 други им се допаѓа ова.
  9. rolulika

    rolulika Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2018
    Пораки:
    231
    Допаѓања:
    622
    Пол:
    Женски
    Кога го прочитев овој дел одма ми текна на '' Todlers and Tiaras'' што е баш експонирање на дечињата на ужасни ситуации уште од мали да им се пере мозокот и проектира нешто нереално како совршена убавина.
    Сметам дека ова експонирање нит ќе ги ојача нит направи стабилни и силни жени во иднина туку искомплексирани beauty and drama qeens.
     
    На Sexybaby86, NarCis@, Nigredo Odor и 6 други им се допаѓа ова.
  10. worrieddd

    worrieddd Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2013
    Пораки:
    950
    Допаѓања:
    3.563
    Пол:
    Женски
    Многу често родителите имаат повеќе животно искуство и мислам дека се што прават прават од љубов. Зошто да му кажам на детето оди изгори се за да видиш дека е грешка. Нормално дека ќе го предупредам , па ако е потребно и строгост до мера да му забранам одредена работа. Јас сум благодарна што мајка ми ми забранувала одредени работи кога сум била помлада, бидејќи сега со овие очи гледам дека била во право. Родителите најчесто се секогаш во право и прават најголем дел од работите поради љубов спрема нас. Секако не се замараат сите родители и после криви им се децата.
     
    На Ygritte и Kitten им се допаѓа ова.
  11. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    15.999
    Допаѓања:
    279.391
    Колку и да е комплексен односот помеѓу родител и дете и обидот да се дефинира љубовта помеѓу истоте, за мене, лично, би рекла да.

    Дали ќе употребам, безрезервна, до небото и назад или некој друг израз, сеедно.
    Таа е тука, постои, длабоко во мене.
    Срасната длабоко со срцето и се чуствува како дел од мојот крвоток.

    И не, не преувелучувам.
    Ситници и секунди кои те траскаат од земја или те издигаат до небото.

    Таа ќе биде секогаш тука, без разлика на се.

    Дали би била разочарана.
    Па да, доколку повредат, свесно и намерно, друго битие, му нанесат болка и се предизвикувачи на нечие страдање.
    Јас ќе си ги сакам, ама ќе боли, до коска.
    Нема стандарди кои треба да ги исполнат за јас да се чуствувам среќна или задоволна.
    Може да не ми се допаѓаат нивните одлуки, да сметам дека не се во право, или дека се на чекор пред нјголемата грешка во својот живот... но ќе ги почитувам границите на приватност кои секој возрасна особа си ги има поставено околу себе.
     
    На bittersweet, Sexybaby86, Ivan4e04 и 24 други им се допаѓа ова.
  12. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.805
    Допаѓања:
    65.525
    Пол:
    Женски
    Јас мислам дека кога човек е спремен да биде родител треба и психички да биде спремен дека тоа дете ќе биде посебна личност, своја личност и ќе има свои размислувања и идеи кои можеби, а е и многу веројатно дека ќе се разликуваат од нашите. Се согласувам дека детето треба да се усмерува, но според неговите таленти. А не, јас сакам детето да биде доктор, па ќе го туркам по секоја цена во таа насока, иако тоа има уметнички афинитети. Ќе го терам да се потиснува себеси за да се вклопи во моите идеали. Тоа е она што мене ми пречи, кога детето својата личност ја крие од родителот за да му се допадне. Тоа не е безусловна љубов.
    За мене безусловна љубов е кога детето, а подоцна и како возрасен човек, секогаш ќе знае дека може да се потпре на своите родители, да побара помош и да знае дека ќе ја добие, безусловно.
     
    На Sexybaby86, Ivan4e04, NarCis@ и 20 други им се допаѓа ова.
  13. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    15.999
    Допаѓања:
    279.391
    Па би можело да биде и обратно.
    Поради безусловната љубов на детето кон родителот да ги потиснува сопствените афинитети и идели во обид да се вклопи во фамилијарната шема(карикирам - тато доктор, мама доктор).
    Инаку да, првиот чекор е да се прифати сопственото дете такво какво што е. Од најмала возраст неговите активности, а со нив и афинитети, да се прилагодуваат на неговите потреби и желби.
    Потребите и желбите не одат секогаш рака под рака.
     
    На Sexybaby86, NarCis@, Mari* и 3 други им се допаѓа ова.
  14. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    14.127
    Допаѓања:
    43.696
    Пол:
    Женски
    Да е.Не сум уште мајка ама гледам од моите.Колку пати и да сум згрешила и да сум ги повредила или да сум направила нешто што не треба секогаш ми пружале рака и ѓо укажувале на грешките.Премногу се имаме карано многу имам претрпено, и многу пати кога стварно ќе сум ги повредела тие ми простувале.
    Едно дете сум ама никогаш не ме разгалувале, никогаш не сум добивала работи што ги сакам со плачење и ѕмиздрење.Секогаш се труделе и уште се трудат да ме изведат на прав пат, постари се и мислам дека сега живеат и работат само за мене.Да станам добра личност и да имам сигурна иднина.
    Имам многу другари и другарки кои секогаш ми помагале, и јас на нив ама на крајот на денот сфаќам дека само моите ме сакаат безусловно, каква и да сум со своите предности и маани.Многу пати сум ги пцуела во себе, сум била револтирана и повредена.Ама тоа се само фази во нашето живеење.Знам дека ме сакаат до бескрај колку и јас нив без разлика на cè.
    Благодарна сум што ги имам за родители :l:
     
    На M&M, christinnn и rolulika им се допаѓа ова.
  15. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.169
    Допаѓања:
    177.063
    Пол:
    Женски
    Да почнам од себе, кога бев помала мајка ми имаше зацртано визии за мене, визии кои биле нејзини и неостварени. Така во еден муабет со баба ми го имаше напоменато тоа, по што баба ми ја советуваше да ме остави да ги следам своите соништа кога самата таа ќе увиди дека сум спремна.
    Денес тоа е променето, знам колку се скратила за мене, колку имам и добивам се што ќе посакам.
    Сега моите соништа делумно се остварени и таа гледа да ми оствари уште 2 желби за кои копнеам поодамна. Денес сум и благодарна за се, за сето бдеење и сите кавги каде ми покажала безусловна љубов, што уште се грижи за мене, дали сум јадена, дали сум перена, дали имам пари.
    Татко ми никогаш не ми пререкол за ништо, никогаш не ми рекол оди си и кога сум правела глупости. Секогаш знаев дека имам топол кревет и кров над глава без разлика што ќе се случи.
    И знам дека на светот постојат родители кои не се грижат за своите деца, а некој таму плаче зашто мајка му не го сака.
    Родителот треба да не се разочарува во своето дете туку да верува дека можеш да се отргне од лоши навики и пороци, лошо друштво.
    Не треба со зборување туку треба само да сфати детето, никогаш не е касно и семејниот дом треба да е секогаш отворен.
    Не ми е разбирливо ако детето направило глупост и веднаш се откажуваат од него, како едвај да чекале да направи нешто... ова и не е безусловна љубов.
     
    На M&M, Mari* и zuto им се допаѓа ова.
  16. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    6.305
    Допаѓања:
    34.245
    Пол:
    Женски
    Ја сакам безусловно, но некогаш можеби би се разочарала, не би ми било сеедно. Додека не доживеам не би сакала да коментирам како ќе постапам.

    Во никој случај не би и наметнувала нешто, можеби само би и дала сугестија.

    Родителската љубов е навистина безусловна!
     
    На Mari*, rolulika и worrieddd им се допаѓа ова.
  17. Ava.84

    Ava.84 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2015
    Пораки:
    4.512
    Допаѓања:
    32.646
    Пол:
    Женски
    Пошто јас сум дете по терк на мајка ми т.е што сакала таа тоа сум по професија Цел живот сум правела како што сака и на крај пак не сум и омилено дете.На мои 28 години реков стоп ќе одам во Германија, тоа е мојата земја, тоа е земјата од моите детски соништа и таму ќе ја побарам среќата.Добив прекор.Не не престана да ме сака , ама добив многу неприфаќања од нејна страна.Додека бев по нејн терк супер ама сега сум бандит.Ама јас си терам дајле и продолжувам моите соништа да си ги остварувам со или без нејна подршка.Со време и таа се помири.

    Поради оваа причина си имам зацртано дека моето дете ќе има слободен избор, на изборот на својот животен пат. И да згреши ќе бидам со неа па зедно ќе плачеме или заедно ќе се радуваме. Иако е мала пак и оставам слобода на избор не и наметнувам само мое мислење туку го слушам и нејните барања.
    Јас не ја поседувам нејзе.Таа е еден поклон што има душа , свои потреби и свои цели.Јас сум овде да ја израснам во добра личност со свои ставови и самодоверба.
    Љубовта спрема неа е посебна, единствена не споредлива со ништо.Изгледа е таа ,таа љубов што се вика безусловна.
     
    На Sexybaby86, Ivan4e04, christinnn и 14 други им се допаѓа ова.
  18. smb asr

    smb asr Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2016
    Пораки:
    776
    Допаѓања:
    9.576
    Јас по мое мислење, мислам дека не секој родител може да сака безусловно. По она што јас го имам поминато како Дете и по примери од околината можам само да разберам дека некои прават деца само за народот да не зборува. Точно е дека повеќе од родителите како услов задаваат задачи на децата, пр. ако некој од родителите е доктор и детето треба да биде, тоа и не е толку лошо нели. Но што кога не те сакаат и те малтретираат и физички и психички, плус и ти поставуваат услов????
    По она што јас го имам поминато сигурно не мислам да го направам на моите деца. Ќе се обидам да им угодам во се што ќе посакаат за да се надградуваат со знаење , но нема да ги присилувам, сигурно ќе имам и одредени работи на кои нема да фрлам пари за џабе. Но најмногу ќе се трудам да си ја чувам и обновувам врската што ја имам со партнерот. Детето е плод на таа љубов тоа нормално, но сигурно не би ја трошела цела енергија на детето. Како проаѓа животот тоа мало детенце се претвора во човек и си бара своја љубов и што со нас родителите? Затоа мислам дека би вложила безусловна љубов и енергија и во децата , но и во партнерот. Мислам дека целокупната среќа во едно семејство не е само љубовта.
     
    На Mari*, Someonespecial, violetblue и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.805
    Допаѓања:
    65.525
    Пол:
    Женски
    Повеќето родители да го делеа ова мислење ќе беше супер. Уште од мали децата се гледаат не како посебни единки, туку се уште тесно врзани со родителот, немаат свој глас. А уште од мали нозе треба да им се помогне, наместо да се потиснуваат на секој чекор. И потоа како раснат некако родителот останува со тоа мислење дека е мало детето и ништо не знае, иако веќе пораснало. Безусловната љубов е и во тоа да му дадеш доверба на детето, да му ја дадеш својата доверба, па тоа да гради на неа. А не да се поткопува на секој чекор.
    Или има луѓе кои се премногу религиозни, па ако детето порасне да не е, не го прифаќаат. Што да се каже на тоа? Погоре во видеото вика, луѓето се себични. И така е, во најголем број се себични. Раѓањето на детето би требало да е нели, несебичен чин, даваш живот на друго суштество, но потоа ако сакаш да полагаш целосно право на него и си го створил од сосема себични причини... Не, тоа нема да биде безусловна љубов.

    И јас исто уште од сега и давам избор да одлучи сама, ја почитувам како личност, иако е уште мало човече, ама си е своја личност. Не и се обраќам со деградирачки тон, ја слушам внимателно, и одговарам внимателно. Се надевам дека мојата љубов кон неа ќе биде безусловна и ќе успеам да ја прифатам со сите нејзини избори понатаму.
     
    На Sexybaby86, Mari*, TutiFuti и 6 други им се допаѓа ова.
  20. Luminary

    Luminary Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    2.418
    Допаѓања:
    42.806
    Пол:
    Женски
    Многу убаво кажано!
    Јас не сум сеуште родител, па ќе кажам за моите.
    Како ги читам мислењава, се согласувам со вас, ама и станувам посвесна дека љубовта на моите спрема мене е далеку од безусловна.
    Мајка ми сака да бидам како нејзе, со исти сфаќања и размислувања. Дури ме тераше да работам во банка бидејќи тоа бил нејзиниот сон. И ред други работи... Додека бев дете ме контролираше со казни, ќотек, за нешто за кое "не сум била во право", поточно не сум мислела исто како неа де.
    Сега веќе од кога работам, не и е толку лесно. Почнувам полека да живеам како што јас сакам. Е сега периодов не и се свиѓала фамилијата на дечко ми, па имаме јаки караници на дневна база, навреди упатени од неа, колнење, што уште не.
    Пробувам да останам приземна и силна, иако сите овие работи ми се премногу стресни, бидејќи не добивам никаква родителска поддршка за било што.
    И сето ова е поради тоа што не одам по патот кој моите го замислиле.
    Значи во мојот случај љубовта не е безусловна, ако ја има воопшто.
    На крај секој со својата приказна.
     
    На calliope, M&M, Mari* и 3 други им се допаѓа ова.