1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали родителската љубов е навистина безусловна?

Дискусија во 'Дете' започната од RainBow, 16 декември 2018.

  1. zuto

    zuto Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2014
    Пораки:
    3.856
    Допаѓања:
    28.386
    Баш пред некое време коментирав на ваква тема. И на мојот профил стои: „Сакајте ги и простувајте им на своите деца и кога грешат, оти животот ќе ги казнува и кога се во право“. И цврсто стојам зад тоа.

    Не е проблемот само во наметнувањето на родителските амбиции и нивните неостварени соништа. Проблемот е дали знаеме да застанеме зад нашите деца во било кој период од нивниот живот, во било кој момент од нивниот живот. Ако не им овозможиме да го живеат нивното детство безгрижно, ако не ги разбираме нивните потреби и каприци (поради хормонските промени) во текот на пубертетот и тинејџерските години, ако не ги поддржиме кога имаат проблеми, па дури и кога грешат, тогаш не е тоа вистинска родителска љубов.

    Според мене генерално постојат два типа на родители: поконзервативни и полиберални. Моето досегашно искуство покажало дека оние поконзервативните се покажале како попосветени родители од оние другите. Колку и да делуваат построго и да бараат од своите деца да бидат вакви или онакви, сепак љубовта кон нив преовладува и на крај излегуваат попустливи и со поголемо разбирање и поддршка за своите деца. Оние „полибералните“ (овде спаѓаат и моите родители, за жал), според мене не поседуваат толкаво чувство на емпатија и поврзаност со своите деца. Недоволната заинтересираност и посветеност ќе ги истакнам како особено важни карактеристики на овој тип родители.

    Имам неколку примери каде што децата не тргнале по патот по кој го зацртале нивните родители. Или попросто кажано, тоа што најмалку го посакувале за своите деца, тоа го дочекале. Поконзервативните, кои не сакале да чујат за некои работи, многу полесно прогледуваат низ многу посериозни животни ситуации и застануваат многу позаштитнички спрема своите деца (помлади или веќе возрасни, сеедно). Другите за побанални работи „креваат раце“ од своите деца и нивната слаба поврзаност уште толку ослабува или се раскинува.

    Нормално, ова не мора да значи дека е правило, јас си кажав мое видување на нештата. Безусловна љубов можеби постои, ама совршени родители не. Според мене една од најважните показатели за оваа безусловна љубов е посветеноста и поддршката на родителите кон своите деца.
     
    На Ivan4e04, ane.bella, NarCis@ и 9 други им се допаѓа ова.
  2. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.749
    Допаѓања:
    65.202
    Пол:
    Женски
    Баш интересно видување на работите. Мислиш дека поонзервативните родители полесно би прифатиле детето да им е со либерални ставови, отколку обратно? На пример атеисти родители потешко би прифатиле детето да им е религиозно и да верува во Господ, да е доста посветено и да се води по Библијата?

    Јас љубовта не ја мешам со совршеноста на родителите. Тоа апсолутно не постои и сите правиме грешки, Но, децата полесно би ги простиле грешките доколку знаат дека сепак ја имаат безусловната љубов на родителите и знаат дека тие грешки не се од тоа што не ги сакаат.
     
    На theowndemon му/ѝ се допаѓа ова.
  3. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    17.888
    Допаѓања:
    223.718
    Пол:
    Женски
    За моите нема да зборам. Само знам дека еден ден се ќе им простам. Полека но сигурно.
    Ќе зборам како родител. Како би ја опишала својата љубов хмм.. безусловна, растечка а во исто време максимална.Дали постои нешто што би ја намалило таа љубов!? Не. Не постои. Не може да ме разочара зашто не очекувам од него да биде авијатичар или не знам што. Само сакам да е жив и здрав. Се друго ќе биде по негово што ќе одбере. Јас како родител ако приметам дека нешто му оди од рака-да, ќе го усмерам. Ама да правам некој балетан а да е роден оџачар е тоа нема шанси.
     
    На M&M, Mari* и Lolipop23 им се допаѓа ова.
  4. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.582
    Пол:
    Женски
    Мојата љубов е безусловна..едно око да ми извадат децата, јас со другото пак ке плачам за нив.
     
    На ane.bella, Nine25, Snowflake97 и 6 други им се допаѓа ова.
  5. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.245
    Допаѓања:
    39.587
    Пол:
    Женски
    Awww.
    Ама ако ти признае дека е геј, ќе лета низ врата и никогаш повеќе да не го видиш, така? :f:
     
    На Ivan4e04, ane.bella, KateKane и 13 други им се допаѓа ова.
  6. Holy Asian Jesus

    Holy Asian Jesus Активен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2018
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    21
    Пол:
    Машки
    Има многу причини за родителската љубов шо ја прави посебна за разлика од другите типови на љубов. Но нема многу да ширам туку само во однос на тоа и другите што го кажаа.

    Љубовта не варира безразлика дали детето ќе оди по патот по кој родителите сакаат. ТИе родители што се такви имаат пропуст у пресметката што е вистински право за нивното дете. Ајде еве у случајот имаме родителли што имааат очекувања од детето какво е и што треба да прави. Доколку детето не го направи тоа, родителите ќе се чувствуваат слаби дека се неспособни да го насочат своето дете. ТУка има разочарување или чусвто на намалена почит а не недостаток на љубов.

    Додека се ова е комплексна материја сепак има само една вистина. На секој родител треба да има цел за своето дете да го запознае со Бог.

    Затоа што само од Бог може да добиа безусловна љубов, безразлика во кој пат и да оди. Треба да се престане со полемизирање, туку за фокус кон вистината. Затоа што е само една. Родителите се само алатка при развојот на детето, а не цела проекција за животот.


    Само љубовта од Бог е безусловна!
     
    На Snowflake97 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. zuto

    zuto Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2014
    Пораки:
    3.856
    Допаѓања:
    28.386
    Па тоа сакам да кажам. Дека поконзервативните родители потешко прифаќаат полиберални ставови и ситуации, се' додека не "згусти". Тогаш преминуваат преку се' и застануваат во заштита на своето дете. Тогаш љубовта преовладува над сите стереотипи и предрасуди.

    Конкретно за религијата, сметам дека кај нас барем (за разлика од исламот), религијата не е толку длабоко вкоренета, па оттука религиозен родител полесно би прифатил детето да не верува во Господ отколку во другиот случај каде што, според мене, родителите атеисти потешко го разбираат ставот на детето и сметаат дека можеби "забегало" или е под туѓо влијание. Мислам дека вториве потешко би поднеле такво нешто.

    Колку и да не се согласувате со мене, мене искуството досега ми покажа дека непосветениот родител се крие зад "либералноста". Ама истите тие се всушност полни со предрасуди, колку и да се претставуваат поинаку. Или пак се малку повеќе себични. Дали ги сакаат децата не знам, ама кога не покажуваат е исто како да не ги сакаат.

    Јас како родител, нормално тврдам дека си ги сакам неизмерно своите деца. Колку и дали е тоа безусловно, ќе видиме во иднина, се' уште се мали. Само знам дека не сакам да ја повторам грешката од моите родители и гледам да им се посветам максимално. Можеби тоа ќе направи да направам друга грешка во однос со нив, но во тоа е и несовршеноста.

    Е сега, да ја прашате мајка ми, на пример, ќе рече дека душата да може ќе ја даде за децата (така всушност и вели). Ама тоа нема никаква врска, затоа што кога најмногу ми треба(ше), никаде ја нема(ше). Ни материјално ни духовно. Ни деца, ни внуци ја интересираат. Ама важно она се' БИ дала за нејзините "најмили" (како вицот со двете бели кошули, ако го знаете).

    Ако добро размислам, можеби и безусловна љубов не постои. Подобар термин е неизмерна, затоа што трудејќи се да ги воспитаме и одведеме на прав пат нашите деца, користиме на некој начин методи со условување. Комплексна тема, во секој случај.

    П.С. Постов стана каша попара, оти го пишувам 3 саати :drunk:
     
    На Sexybaby86, Harper, Chantal и 5 други им се допаѓа ова.
  8. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.088
    Допаѓања:
    163.456
    Пол:
    Женски
    @zuto, па и не баш...
    Повеќето од нерелигиозните познаници што ги знам, не зборуваат отворено со своите родители (на возраст од 40+ и понатаму) за тоа.
    Мајка ми не е многу религиозна, па во расправии со најпогрдни зборови ми го има вратено тоа што сум ѝ спомнала оти не верувам во никаква виша сила повеќе.

    Точно, некои приказни со конзервативни родители имаат среќен крај (поретко отколку во филмовите tho), но откако душата ќе му ја извадат на детето и психички ќе му уништат месеци и години. Дури и тогаш може во лошо понекогаш пак да му го извадат низ нос тоа неприфатливото за нив.

    Јас кога би имала дете, не би ми било тешко да се помирам дека верува во Бог, но би го воспитала против сите нус-појави на религијата (хомофобија, сексизам, претерано ценење на невиноста итн.). Ако сепак сосе верувањето развие во иднина и такви гледишта, сама ќе се јадам и обвинувам дека сум погрешила нешто, како што спомна Дани - оти овие за мене не се ставови, туку спаѓа во судење и тенденција за повредување други луѓе. Но, ќе го сакам пак.

    Според мене, точно, полиберални родители можат да потфрлат само воглавно со запоставување и незаинтересираност за детето, но далеку од тоа дека двете работи по дефиниција одат заедно.

    И да, од искуство како дете ова го зборувам, моментално периодов психички страдам со дилеми и пречки по преважна сфера од мојот живот поради конзервативноста на мајка ми.
     
    На theowndemon, NarCis@, DAngel и 3 други им се допаѓа ова.
  9. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.175
    Не секогаш.
    Има примери и за грозоморни чедоморства...
     
    На Lolo5, Sandrin4 и Mari* им се допаѓа ова.
  10. Mari*

    Mari* Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 април 2016
    Пораки:
    3.723
    Допаѓања:
    45.596
    Пол:
    Женски
    Повеќето кои веќе коментирале се мајки на мали дечиња
    Што ако во иднина детето стане насилник,криминалец....
    Дали и тогаш би ги сакале безусловно?
    Не знам колку ми е во ред прашањево ама баш ме интересира ваше мислење
     
  11. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.175
    Не исчезнува љубовта кај сите родители, доколку детето направи криминал... Само разочараноста е голема.
     
    На Lolo5, theowndemon, NarCis@ и 4 други им се допаѓа ова.
  12. Mari*

    Mari* Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 април 2016
    Пораки:
    3.723
    Допаѓања:
    45.596
    Пол:
    Женски
    Не мислев на ситни работи,нешто крупно?Нешто што не би можело да му се прости!
    Јасно ми е дека секоја мајка,по секоја цена ќе си го сака детето
    Но дали љубовта ќе е безусловна доколку се разочараш и прекинеш секаква врска со него?
     
  13. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.175
    Може и да не комуницираш и да го сакаш. А можеш и да комуницираш и да не го сакаш...

    Иначе, каков и да е криминал. Не значи дека оправдуваат, ама некои, не престануваат да си ги сакаат децата.. Дури и такви кои сами тие си го пријавиле чедото.

    Секакви луѓе има. Ништо не е црно-бело..
     
    На Lolo5, Lolipop23, Harper и 7 други им се допаѓа ова.
  14. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.749
    Допаѓања:
    65.202
    Пол:
    Женски
    @zuto јас и се согласувам и не се согласувам. За мене е тоа некако генерализирање. Има и конзервативци кои веројатно би го отпишале детето ако е геј, има и либерални кои би повлекле поддршка ако е детето против некое нивно убедување. Зависи до која екстрема се, од било која страна. Зависи до емпатија. Зависи како се сфаќа родителството.

    @Mari* тоа е тешкото прашање. Јас лично не би престанала да ја сакам. Би се обвинувала сама себе и би ја барала вината во себе. Тоа е мое дете, мое дете што направило такво нешто. Зошто? Не би ја оставила дури ни тогаш. Ама мислам само, се надевам.
     
    На Sexybaby86, theowndemon, NarCis@ и 2 други им се допаѓа ова.
  15. Mari*

    Mari* Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 април 2016
    Пораки:
    3.723
    Допаѓања:
    45.596
    Пол:
    Женски
    Па да...
    И јас никогаш не би можела да престанам да ги сакам,без разлика на се
    Само ете,незнаеш што ти носи животот
    Јас сигурно не би можела да прифатам дека детето ми е убиец (зедов како пример само) но не значи дека би се намалила љубовта спрема него
    Само разочарувањето би било големо...дали е тоа безусловно :wasntme:
     
    На Sexybaby86, NarCis@ и M&M им се допаѓа ова.
  16. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.749
    Допаѓања:
    65.202
    Пол:
    Женски
    За мене љубовта е тесно поврзана со делата. Ако сакаш некој другиот треба да го знае тоа, да му се покаже.
    Ако на пример си му потребна на детето, потребно му е да се чувствува сакано, и покрај тоа што го направило, а ти не си покрај него, зашто си се разочарала, иако тврдиш дека уште го сакаш, но детето не ја чувствува љубовта, тогаш за него љубовта не е безусловна. Направило нешто, родителот е разочаран, потребен е на детето и покрај тоа, но не е покрај детето. Што ако тврди родителот дека го сака детето и покрај се, ако детето не ја чувствува љубовта? Ако нема поддршка? Ако е само?
    Тоа е прилично условна љубов.
     
    На Mari* му/ѝ се допаѓа ова.
  17. zuto

    zuto Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2014
    Пораки:
    3.856
    Допаѓања:
    28.386
    Јас веќе кажав дека не можам да коментирам како родител сега оти децата ми се уште мали. Ама и научив дека не треба да кажуваме како би или не би постапувале во иднина оти речиси никогаш не оди ништо по план. Останува да си ја терам зацртаната цел и да се трудам колку можам и умеам.

    Најчесто тежок вид на криминал е поради психичко пореметување кое пак е последица на разурнато детство, дисфункционално семејство и слично. Се надевам нема да дојде до такво нешто.

    Реин, точно дека не' има секакви. Моето лично искуство и искуството од околината ми ја има создадено таа слика која не мора да значи дека е вистинита. Можеби и не се толку екстремни конзервативци, којзнае.

    На пример, на многу од моите блиски, родителите не сакаа да чујат за развод, или за разведен партнер за сопруг/а (особено не со дете од претходниот брак), или за голема разлика во години, или за партнер со пороци како коцка, пијанчење...
    Многумина ги финансираа децата со години на еден или различни факултети и покрај тоа што овие ги злоупотребуваа вложувањата во нив. Сите достојно (со тешки маки) си ги истераа децата на прав пат.
    Со текот на времето си ја голтнаа кнедлата што им стоеше во грлото и си легнаа на брашното. Им помогнаа на децата да се вдомат, вработат и си ги гледаат децата и внуците најнормално. Е сега, тие си знаат како им е, ама ниту еден од мојата околина не потфрли како родител во таа насока.

    Едит: со последново потполно се согласувам.
     
    На Sexybaby86, Harper, NarCis@ и 2 други им се допаѓа ова.
  18. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    14.546
    Допаѓања:
    115.499
    Пол:
    Женски
    Еве,и јас да кажам од аспект на дете.
    Јас сум дете на конзервативни родители чија љубов не е безусловна. Не може ни да се нарече љубов.
    Тие немаат завршено факултет.Мене ме тераат да завршам високо образование затоа што без тоа немало да биде успешна личност од мене.
    Кога добивам ниска оцена,ми се дерат до даска,а кога добивам висока оцена ме гледаат со други очи(тогаш сум супер дете).
    Иако сум полнолетна,се уште морам да барам дозвола од нив за многу нешта.
    Поради тежок булинг во основно и средно и делумно на факултет,имам проблем со комуницирање со други луѓе.Тремаџика сум,се плашам,се тресам и се кочам.Се плашам од луѓе(можеби по моите постови на форумов не делувам како таква девојка,но таква сум).Моите родители не го сфаќаат мојот проблем доволно сериозно.И дома не е сјајно.Куп расправии...
    Ми велат ако не слушаш,нема ова,нема она...
    Ме уценуваат.
    Јас сум помека конзервативка од нив.Единственото добро од нив е тоа што ме оставија сама да си бирам политичка определеност и образование(на кој факултет јас сакам).
    Безусловна љубов и грижа имав осетено од други членови на фамилијата.Не ме осудуваа,ме слушаа,ме советуваа и ми помагаа.За жал,тие не се повеќе живи и сега се чувствувам сама и тажна.
    Да,има родители чија љубов е безусловна.Тие го прифаќаат детето такво какво што е и се подготвени да горат и да умрат за него.
    Поради моите родители и поради проблемите на овој свет не сакам да бидам родител.
    Но,можеби во иднина ќе се предомислам.
    Ако некогаш станам мајка,ќе се трудам да не ги повторам грешките на моите родители.Ќе го сакам моето дете и ќе се борам да го израснам во вистински човек.Безусловно и без уцени.
     
    На christinnn, Amellie13, theowndemon и 2 други им се допаѓа ова.
  19. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    17.888
    Допаѓања:
    223.718
    Пол:
    Женски
    Многу си екстремна Мари:rofl: криминалците у влада што седат треба да ги прашаме дали ги сакаат од дома :D
     
    На Someonespecial, NarCis@, danichap и 3 други им се допаѓа ова.
  20. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    13.699
    Допаѓања:
    42.901
    Пол:
    Женски
    Јас би го сакала пак.Може нема да оправдам убиство на пример ама пак ќе го сакам.Тоа е мое дете без разлика на се.Ќе го сакам баш затоа што ни моите не се откажаа од мене покрај сите глупости што ги направив последниве 2 години.
    И геј да стане и да смени пол и да се венча со личност од друга вера/нација/пол.Може нема секогаш да ги оправдувам неговите постапки и решенија ама нема да престанам да го сакам.
     
    На Mari* му/ѝ се допаѓа ова.