Дали родителската љубов е навистина безусловна?

Дискусија во 'Дете' започната од RainBow, 16 декември 2018.

  1. Mari*

    Mari* Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 април 2016
    Пораки:
    3.728
    Допаѓања:
    45.620
    Пол:
    Женски
    Ете прост пример :D
    Нормално дека ги сакаат,но дали неоправдувањето на тие постапки или било какви кои не се за оправдување ја прават љубовта безусловна?
    Јас сигурно би ги поддржала децата за било што во животот
    Ама не и да се насилници и криминалци

    Еве ќе ви кажам зошто прашувам

    Познавам мајка која синот(кој е женет и возрасен) го подржава и е со него дури и кога е насилник :^)
    Тој е таков а таа упорно го претставува како човек кој никогаш не погрешил дури и секогаш е со него во неговите одлуки
    Не би да ширам многу што и како ама ете нејзината љубов е безусловна но мене ми наликува на болест и нешто не нормално?Јас во иднина не би можела да го подржам син ми ако малтретира некого или прави работи кои не се да се поддржат
     
    На Sexybaby86, RedRevolution, Someonespecial и 2 други им се допаѓа ова.
  2. zuto

    zuto Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2014
    Пораки:
    3.889
    Допаѓања:
    28.546
    Мари, можеби жената дома се расправа со него за таквите постапки, а пред други го правда. Тоа е познат мајчински синдром. Баба ми беше таква со татко ми. Многу добро знаеше кои глупости ги прави и секој ден дома војна водеа (ич не го оправдуваше), ама пред други никогаш не го "нападна" своето чедо.
     
    На Lolipop23, NarCis@, Kitten и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.784
    Допаѓања:
    323.667
    Кога ќе згрешат, не дека нема да ги сакаш и дека безусловната љубов ќе згасне, туку веќе ќе ти стане јасно дека тоа дете станало човек со свои погледи и преференции кои не се слагаат со твоите.

    Еве јас сум мајка на возрасни деца, и дел од нивните одлуки не ми се допаѓаат, ама тоа не значи дека не би дала око за нив.
    Кога се мали секоја нивна грешка може да се исправи зашто е направена со мало мозоче и секоја грешка би ја оправдала.
    Ама кога ќе пораснат 25+ тешко се исправаат грешките земајќи во обзир дека се работи за возрасни луѓе.

    Е сега, има разлика меѓу безусловната љубов кон детенце од 3,4,5...години и возрасно дете од 25,26..
     
    На Sexybaby86, RedRevolution, mareane и 10 други им се допаѓа ова.
  4. Ava.84

    Ava.84 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2015
    Пораки:
    4.850
    Допаѓања:
    33.913
    Пол:
    Женски
    Тоа е нормално секоја мајка е таква за чедото, за неа синот е најдобар и нема да престане да го сака без разлика каков е, сигурно го кара и советува ама ете децата некогаш скршнуваат од патот.
    Нели имаше и Игор Џамбазов кажано како неговата мајка го барала во казино на влечки? Тоа е таа љубов да го врати во колосек со последни сили.

    Љубовта не престанува само вината си ја зема мајката дека она грешно го воспитала.
    Што имаше една приказна.Си бил некој младич и се заљубил во некоја девојка.Ама девојката не ја сакала мајка му и рекла ќе ти бидам жена само ако ја убиеш мајка ти и ми го донесеш срцето. Младичот отишол и ја убил мајката и го извадил срцето и тргнал накај девојката.Во меѓувреме трчајќи се сопнал од камен и паднал, а срцето рекло.Ах златен на мајка да не се повреди?
    Тоа е таа приказна каково и да е детето срцето на мајката секогаш ќе чука за него.
     
    На Sexybaby86, Feminka22, Lolipop23 и 4 други им се допаѓа ова.
  5. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.784
    Допаѓања:
    323.667
    Иначе кратко да се изјаснам- ДА !..љубовта е БЕЗусловна.
    Не постои ќе те сакам АКО.

    За себе можам да тврдам дека е така.

    Сите грешиме.
    И јас и како возрасна 45+ грешам.
    И татко ми 70+ греши.
    Ама љубовта меѓу мене и него не бледи.
     
    На Sexybaby86, Ivan4e04, Feminka22 и 10 други им се допаѓа ова.
  6. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.270
    Допаѓања:
    226.739
    Пол:
    Женски
    Искрено да ти кажам, не можам да зборам за себе што би сторила 30 год од сега. Ниту 20. Ниту 10.
    Од проста причина што како луѓе се менуваме. Барем јас.
    Знам што велев пред да родам а знам што велам откако родив. Баш поради тоа не можам да кажам. Уствари можам ама дали ќе е така којзнае. Само едно со сигурност можам да го кажам-секогаш ќе го сакам и не би се откажала од своето дете. А како ќе дејствувам ако дознаам такво нешто ... Дај боже никогаш да не треба да мислам.
     
    На eli25, Lolipop23, NarCis@ и 3 други им се допаѓа ова.
  7. zuto

    zuto Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2014
    Пораки:
    3.889
    Допаѓања:
    28.546
    Не е поентата колку БИ дале за нив, особено работи што не е возможно да се дадат (душа, срце). Работата е колку вистински даваме, што правиме за децата кога им требаме, па и кога грешат.

    Убаво кажа @RainBow тука
    Значи џабе ги сакаме децата, ако не им го покажеме тоа, ако не почувствуваат дека има некој кој се грижи за нив.

    И уште нешто сакам да кажам. Сите што пишавте свои примери имате проблем со поконзервативниот тип родители. Дали знаете како е од другата страна, не само да не ве притскаат од дома за некои работи, туку и да не се замараат каде сте и што сте? Да ве одбијат кога упорно барате помош? Што би мислеле за таквиот тип родители, каква е нивната љубов спрема децата?
     
    На Sexybaby86, NarCis@, Kitten и 3 други им се допаѓа ова.
  8. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.526
    Допаѓања:
    139.442
    Факт е дека е безусловна љубовта. Тоа е највисокиот степен на љубов што може да го постигне еден човек, да си го сака детето.

    Муабетот од поназад - моите се полиберални од мене, не им смета мојата конзервативност.
    Јас сум конзервативна, а моето дете геј - нема да ми смета, освен од еден аспект - сакам да си има свое дете. Сакам да ја осети љубовта кон свето дете. Сакам и внучето да има татковска и мајчина љубов. Не дека ќе се откажам од неа ако е геј, само мака ќе ми биде. И можеби потсвесно би ја насочувала да има семејство.

    Кога немав дете, имам 300 замисли какво ќе биде. Кога го добив, сакам само да е живо и здраво, ништо друго.


    Да, знам. Не е точно дека ако се либерални не се замарат за вас. Се замараат, ама не ве ограничуваат. Не е точно дека одбиваат помош. Ја даваат кога треба. И зошто да е лоша љубовта на либералните родители?
     
    На bittersweet, dayla, Someonespecial и 4 други им се допаѓа ова.
  9. toogood

    toogood Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2014
    Пораки:
    2.126
    Допаѓања:
    12.329
    Eve odgovor
    you tube video so naslov
    My son was a Columbine shooter. This is my story | Sue Klebold
     
    На Mari* му/ѝ се допаѓа ова.
  10. zuto

    zuto Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2014
    Пораки:
    3.889
    Допаѓања:
    28.546
    Вака, јас го употребив терминот "полиберални" иако и сама наназад кажав дека на крај се гледаат нивните потесни гледишта. Во моите примери, сите родители кои не водат многу сметка за своите деца, се кријат зад тој поим "либералност".

    Јас пак, не би се согласила дека не одбиваат помош и дека ја даваат кога треба. За среќа, помалку се ваквите случаи што ги знам, ама ете и јас ја имав "среќата" да сум еден од нив.

    Љубовта која не е покажана во вистинско време, за мене не е добра. Па дали била либерална или не знам каква, неважно. Овие поими ми се видоа најсоодветни, што не значи дека се точни. И безусловната љубов пак би ја нарекла неизмерна, некако посоодветно ми е.
     
    На Sexybaby86, NarCis@, Kitten и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    9.375
    Допаѓања:
    42.200
    Пол:
    Женски
    Можеби твоите грешеле во воспитувањето но тоа не кажува дека не те сакаат безусловно. Малку си ги измешала поимите.

    Не дај боже ако многу ти згусти во животот, сите тие други членови од фамилијага магично ќе исчезнат, а родителите се први што ќе ти пружат помош.

    Инаку да, родителската љубов е безусловна. Обратно не е, за жал.
     
    На mareane, TeddyGrey, stevemila и 3 други им се допаѓа ова.
  12. zuto

    zuto Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2014
    Пораки:
    3.889
    Допаѓања:
    28.546
    Обратно е само додека се мали :D
     
    На NarCis@, referentka и Kitten им се допаѓа ова.
  13. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.738
    Допаѓања:
    129.099
    Пол:
    Женски
    Не мешам, знам!
    Во животот повеќе ми помагаат други луѓе.
     
  14. Lianna Anna

    Lianna Anna Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 март 2017
    Пораки:
    2.535
    Допаѓања:
    20.124
    Пол:
    Женски
    @zuto Не прочитав се, па не знам дали кога зборуваш за конзервативни луѓе, мислиш на типични претставници на луѓе со конзервативни ставови.

    Бидејќи, ваквите генерализации, не само што се неправедни, туку во поединечни случаи, можат да бидат дури и целосно непостоечки.

    Конзервативните родители, се посклони да се држат до традиционалните кодекси на однесување и таквите идеали да им ги пренесуваат на децата. Истиве, имаат поголема веројатност да превземат одговорност за постапките на детето, бидејќи го воспитувале според нивните строги правила и тоа, често според традиционални рамки. Тука е клучна послушноста. Често е детето виновно за грешките, а родителите, често не ги согледуваат своите. Последново, секако дека се случува да важи и за либералните.

    Од друга страна, либерални родители пак, им дозволуваат на децата да учат преку сопственото искуство. Односно, да го одберат во животот она што самите го сакаат, се додека нивните акции не ги повредуваат другите. Се работи за лична одговорност. Не за слепа покорност. За разлика од овие другиве, ваквите родители, се подготвени да ги прифатат промените, кои денес се случуваат побрзо од кога и да е. Каде овде гледаш помалку љубов и запоставување?

    Тоа е, едноставна дефиниција на поимот. И како ти извлече заклучок, без разлика на субјективниот став и примерите од твоето писание, дека либералните родители се помалку емпатични и неповрзани со децата, за разлика од конзервативните? Од што е истото условено? Твојата околина не доловува факти, бидејќи секој има своја и инаква.

    Попустливоста за која зборуваш, ако излегува од рамките на нормалата, односно ако е претерана, станува отровна пареа за децата, без разлика од кој тип на родители доаѓа. И ова, има најмалку врска со конзерватизмот, особено ако зборуваме за неговите традиционални аспекти кои им се пренесуваат на децата. За истово, можеш да го прочиташ мислењето на Спец, како пример, делот каде вели дека, можеби ќе прифатат, откако душата ќе му ја извадат.

    Иначе, поделбата на родители која ја правиш, либерални и конзервативни, нема никаква врска со официјалната поделба на родителство. Но тоа е друга тема и местото не и е овде.

    Конзервативни родители, можат да го воспитуваат детето во рамките на строги правила, традиции итн. но и покрај тоа да му пружаат безусловна љубов и поддршка, дури и тогаш кога нема да ги исполни очекувањата. И сосема обратно. Можат да го запоставуваат детето, а да бараат од него да исполнува одредени правила. Скроз истото важи и за либералните. Нема врска тоа дека едните ги запоставуваат децата повеќе од другите, конзервативност и лебералност ради. Оти тоа, е детерминирано и од други фактори, кои немаат врска со тоа дали некој живее во конзерва или си ја отворил капачката на истата. :D

    И на крајот, лебералност, апсолутно не значи дека си го запоставуваш детето, па ти и мал милион примери ако сакаш имај за истото. :)
     
    На bittersweet, theowndemon, esperansa777 и 13 други им се допаѓа ова.
  15. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    7.285
    Допаѓања:
    37.171
    Пол:
    Женски
    Истото од збор до збор го викав се додека не станав мајка! Знам досаден е муабетот ќе видиш кога ќе родиш, но и мајка ми мене ми викаше ќе видиш кога ќе родиш, и стварно видов!

    Сега го имам најдоброто мислење за нив!


    Другите луѓе не можат да те сакаат повеќе од сопствените родители.

    ^Во контекст на муабетот погоре, јас си замислив и лезбејка да е и убиец и се, безусловно ќе ја сакам. И да ми рече ти си завршила за мене, веќе не сум ти ќерка, јас се уште безусловно ќе ја сакам. Во детали не би да навлегувам бидејќи мозокот на 20 и 40 години не мисли исто. Но, срцето безусловно ги сака своите деца сака ВЕЧНО!
     
    На Sexybaby86, Ava.84, TeddyGrey и 3 други им се допаѓа ова.
  16. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.119
    Допаѓања:
    163.765
    Пол:
    Женски
    Што ќе видиш кога ќе родиш?
    Дека да те управуваат, да не ти сфаќаат сериозно проблеми како булинг, да решаваат проблеми со дерење и навреди, сето тоа било океј?
    Не. Деца со ваква домашна атмосфера и родителски однос како што опиша девојката, ако правилно се развиваат и го стекнат своето „јас“, свои морални ставови низ годините - ќе постапуваат со нивните деца РАЗЛИЧНО (па и спротивно) од своите родители, ќе внимаваат да не ги повторуваат истите грешки што нив ги повредувале.
    Оти од вакви примери се учи само како НЕ треба.
     
    На bittersweet, theowndemon, esperansa777 и 8 други им се допаѓа ова.
  17. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    9.375
    Допаѓања:
    42.200
    Пол:
    Женски
    Сето тоа што го преживуваш на свои тинејџерски години е многу честа појава. На тие години и така размислуваме, дека ако ми се дере родителот е крај на светот и дека не ме сака. И јас откако созреав ја сфатив нивната "жртва" кон мене како нивно дете.

    Некои родители едноставно грешат НО не значи дека не си ги сакаат децата и се безусловно спремни сѐ да дадат и направат за нив.
    Љубовта не се мери само со прегратки, бакнежи и тапкање по рамо ако тој родител не ми се најде во вистински потребна и тешка ситуација.

    Незнам во колку такви ситуации со била ти, штом ги оценуваш за родители кои не те сакаат безусловно. Лошиот стил на воспитување може само да доведе до лошо изградување на личноста на детето, затоа велам дека е различен поим од безусловната љубов. Барем јас така ги разграничувам поимите.

    Пример, би ти помогнале ли тие луѓе што велиш повеќе ти помогнале од родителите, така што би продале свој стан за ти да оддолжиш свој кредит?
    Би те ваделе ли од ситуација ако си задолжена кај "лихвари" кои ти се закануваат по живот?
    Би ти причувале дете на неколку месеци за да можеш да печалиш во странство?

    Знам дека моиве измислени ситуации се одење во крајности но ниту еден човек не би ставил рака во оган за било кој друг освен за свое дете.

    Само родител безусловно ќе направи и ќе го сака своето дете без разлика на сѐ.

    Има и исклучоци, не велам не, но за нив не би коментирала. Не знам што треба да си, за да го родиш, го негуваш и пазиш, не спиеш ради него со години, за на крај да го "фрлиш на лавовите".
     
    На referentka му/ѝ се допаѓа ова.
  18. NarCis@

    NarCis@ Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2018
    Пораки:
    11.300
    Допаѓања:
    182.569
    Пол:
    Женски
    @Lianna Anna колку што ја сфатив @zuto зборува за родителите кои се оправдуваат со либералност, а проблемот е во нивната незаинтересираност кон своите деца. Барем таа зборува за нејзиниот пример.

    Се сложувам и со едните, и со другите ставови. Моите не можам да ги сместам ни во конзервативни, ни во либерални родители. Некогаш сум била пријатно изненадена, некогаш не од нив. Но реално, не се соочиле со поголем "проблем", да сме геј, или во брак со луѓе од различна вера, раса, или да имаме некој порок итн. Верувам, дека во такви ситуации не би им било сеедно, но исто така верувам дека не би се откажале од нас. Познавајќи ги, не би вршеле притисок, но би биле, не знам, најверојатно разочарани.
    Со маж ми имаме прилично слободни убедувања, горе-долу имаме заеднички ставови околу овие прашања, ама навистина не знам како би реагирале доколку дојде до тоа. Пријател раскинува секакви контакти со неговото дете, кое е зависник од дрога. Затоа што му даваше шанси преку 15год., го праќаше многупати на рехабилитација, а овој бегаше и се враќаше пак на старо. Значи човекот вложи нерви, здравје, време и пари. Сигурно не му е сеедно, но решил дека треба да расчисти засекогаш со синот. И јас го разбирам. А што се однесува за: сите петки во школо и првенец на генерација, угледна професија, зет/снаа на "битни", само едно ќе кажам: тешки фрустрации.
     
    На Sexybaby86 и Kitten им се допаѓа ова.
  19. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.446
    Допаѓања:
    20.073
    Зарем безусловна љубов е да тераш женско дете да се мажи што побрзо за да направи место за синот? Каква љубов е тоа да не дозволуваш ќерката да се врати дома зошто срамота било развод? Да се заканиш дека нема да присуствуваш на свадбата на детето ако свадбата не е традиционална и со 600 гости, како што сака родителот? Или да одбиеш да му платиш образование на детето зошто сака да студира нешто друго, не тоа што родителот му го одбрал?

    Ич не верувам во тоа дека секоја родителската љубов е безусловна. На форумов постојат доволно постови кои сведочат колку е сурова родителската „љубов“.
     
    На kukla21, theowndemon, Belgin1 и 12 други им се допаѓа ова.
  20. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.119
    Допаѓања:
    163.765
    Пол:
    Женски
    ^^^ Не е баш тинејџерка @nextredstyle, барем не во оние „најлуди“ години - пишала дека веќе е на факултет. И уште ја повредува однесувањето на родителите, па и си носи трауми од булингот во основно и средно.
    Од пишаното е очигледно дека нејзините родители во некој облик потфрлиле.

    Сум приметила дека доста од повозрасните членки (веќе мајки) и воопшто жени и во реалниот живот, не веруваат на вакви мислења од детска страна, бараат некоја дупка во приказната, реферираат на возраста, на тоа дека ќе се променат кога ќе родат (оти и кај нив било слично) итн.
    Немојте многу да разглобувате, барем вака кога не се знаеме лично. И не се споредувајте и пронаоѓајте.
    Толстој убаво рекол „сите среќни семејства се среќни на ист начин, но сите несреќни - се несреќни на различен начин“ :)

    И да, и тоа како може и обратно - љубовта на детето кон родителот да биде безусловна. Да му се враќа детето и покрај сè (дури и во екстреми), да се грижи за него.
    Знам случај на познанички (сестри, околу возраста на мајка ми) кои до последно посетуваа и се грижеа за татко алкохоличар поради кого имаат најлоши спомени од детството, на пример.
     
    На bittersweet, theowndemon, mareane и 9 други им се допаѓа ова.