А што е со оние кои се оправдуваат со конзервативноста? Во мислењето беше наведено дека, оние кои се незаинтересирани, се либерални. Пази, во поголем процент од овие другите. Па јас само се запрашав каква врска има либерализмот со незаинтетесираност и помала емпатичност. Луѓето, знаат да делуваат многу нелогично, ако се на пример длабоко исплашени. Ако не можат да се соочат со проблемот, ако се разочарани и уште ред други фактори кои доаѓаат од човековиот ум, а не од либералноста. Ако сопствените деца им страдаат или прават грешки или ако тие се иницијатори на болката на децата, можеби нема да можат да ја прифатат реалноста, бидејќи се премногу слаби за да си признаат. Или едноставно се себични и не ги интересира никој друг, освен сопствените интереси. Таквите, можат да се кријат или оправдуваат, зад било што, а и не мораат воопшто тоа да го прават. А од друга страна, можеби и ќе бидат способни да се соочат со проблемот и да дадат соодветна поддршка да се реши истиот. Но апсолутно нема правило. И ова, апсолутно не зависи од либералноста или спротивното. Но ете, погоре убаво мислење на @Nausicaa па да видиме на чија страна е логиката и кој зад што, во повеќето случаи се оправдува.
@Lianna Anna го делам истото мислење со тебе. Но кога некој искусил лошо искуство со едните или другите, нормално е дека ќе верува дека другиот "тип на родители" би бил подобар. Впрочем, сите од лични искуства зборуваме. За жал, некои и многу лоши.
Веќе неколку пати потенцирав дека поимите ги употребив како најсоодветни, што не мора да значи дека се правилно употребени. Ги користев поимите „ПОконзервативни“ и „ПОлиберални“ со цел да ги разграничам луѓето кои повеќе се придржуваат на потрадиционалните вредности и општоприфатени ситуации како нормални и оние кои на некој начин ги имаат проширено своите видици за истите нешта и својот живот го водат „послободно“. Не можам да ги игнорирам примерите од опкружувањето, па ни личните се разбира, бидејќи како што кажав, тие се основа на мојот став. А тој е таков каков што го читате. Ако некој има поинаква позадина и околина, нормално дека тоа ќе влијае на градење на неговиот став кој ќе биде поразличен. Во секој случај, не се согласувам дека секој родител е вистински родител и не можам да знам дали и колку љубов има спрема своето дете додека тоа не го покаже на дело. П.С. Се обидов да објаснувам подетално, ама темата е доста комплексна и не постојат никакви правила ниту факти кои можат да ја разрешат дилемата општо, па мојот одговор го сведов на погоренапишаното. Исто така не можам да си дозволам да влегувам во длабока и долгометражна дискусија поради недостаток на време.
Родителската љубов, всушност како и секоја друга, треба да е безусловна, но многу често, за жал, не е. Имам одредена мисла каков родител би била јас, а тоа е сосема поинаков однос од оној на моите родители кон мене. Безусловна љубов не е да се држи детето во стеги, да му се наметнува начин на живот, да му се покаже еден пат и да му се посочи дека мора да го следи тој пат. Безусловна љубов е да се прифати дека детето е посебна индивидуа со свои размислувања и да му се даде слобода, а родителот да биде тука секогаш за помош и разбирање. Да се одгледа дете, да се воспита, да се израсне во самостојна личност и притоа да биде тоа исправно, не е лесна работа. И родителите кои грешат кон своите деца не секогаш се свесни дека грешат, некогаш сакаат да му помогнат но го прават спротивното. На пример, кога секогаш, од љубов кон него, сакаат да му помогнат буквално за сѐ, тие всушност му наштетуваат затоа што, детето подоцна не може самото да се снаоѓа или нема да знае како да направи нешто затоа што тоа некој друг го правел место него. Грешат и кога не му го даваат потребното внимание, кога не разговараат доволно и за сѐ што треба (постојат табу теми) и ред други работи. Пред сѐ, би сакала мое дете да знае дека во мене ќе најде најдобра пријателка која никогаш нема да го осуди, да го навреди, да му наштети, да му го скрши срцето како што многумина веројатно ќе му го скршат, затоа што светот е таков. Никој не би го посоветувал подобро од мене и не би го сакал повеќе од мене. Притоа, ќе има слобода за да живее и да учи од животот. За мене тоа е безусловна љубов. И само таква ќе пружам.
Сведочам љубов на родители која е условна. Мислам дека се претерува со зборувањето дека родител каков-таков МОРА да те сака, СИГУРНО те сака. Мора да се согласиме дека не е така и дека проаѓа под некоја социјална норма дека така треба. Сведоци сме на мнигу случаи каде родителите ги злоставуваат своите деца. Последно кампањите против насилство врз децата покажаа дека во Македонија многу често децата се малтретирани. И не мора да е така драстично, некогаш се работи за суптилни работи, како емотивни уцени, глумење на жртва, условувања итн итн. Да престанеме со шарените и посакувани глупости. Свекрва ми на пример ги сака своите деца само условно. Ако и одат по ќејфот и ако прават да сњ фали, инаку или станува жртва или станува зло које хода. Се работи веќе за возрасни деца, но сепак не било поинаку и кога биле мали. Не е љубов кога на маж од 26 години му ја зимаш цела плата со уцени и го тераш да ти купува апарати за домаќинство и при тоа да му правиш мајнд фак. И има други милијарда примери. Или да им завидува на децата константно и да се мери со се што прават, особено ако е врзано со нивниот веќе фамилијарен живот. Очекувам кога ќе останам трудна и она да посака да биде трудна, а може и психолошка бременост ќе доживее од пуста мука. Моите се сосема спротивни, дури претерано. Никогаш не пррефрлиле ради тебе ова и ова направивме и жртвувавме. Ама го гледам и самата. Особено последниве години не знам како егзистираат само заради мене и ниеднаш ништо не рекле и секогаш се со насмевка, никогаш ништо не им е навидум тешко, а знам дека дека не се качува притисок 200 од убавини и тоа ми јасно, и болно. Дм ги сака повеќе од родени родители. И не, не секој родител би го дал животот за своето дете. Многу од родителите гледаат на своите деца како на свое продолжение, кои ќе ги пополнат нивните недостатоци и животни утки. Сите идеално зборуваат како треба, а како е реалноста... друга работа. Мислам слушам една таква ноторна лажга - јас на моите деца никогаш за ништо не сум им се мешала. https://www.psychologytoday.com/us/blog/communication-success/201602/10-signs-narcissistic-parent Не знам каков родител ќе бидам. Знам дека е тешко да бидеш се што треба да бидеш, ама знам дека ќе го имам дететот од што сакам да го имам, а не зошто сите имаат деца. И знам дека од првиот момент на светов не ми е должно за ништо и од првиот момент е човече за себе, а не за мене или татко му.
Не на секои родители љубовта е безусловна и не секој заслужува да се нарече родител. Реално. За да си родител не е доволно само да го направиш и родиш детето. Туку најголемите обврски и предизвик доаѓаат баш после тоа. Децата не се сопственост, исполнувачи на туѓи желби или копија на родителите, туку сопствени индивидуи кои самите ќе си го изберат животниот пат. Задача на родителот е да ги поттикнува, да ги поддржува, да ги сака и почитува своите деца за она што се, да ги прифати нивните животни избори без разлика колку се/не се согласува со истите, и да им укажи кога грешат.А не да ги споредува со други деца, да ги тепа, навредува, да не ги сфаќа сериозно кога им е потребен со изговорот "деца се, сите сме поминале низ тоа". Кој ќе го сфати тоа може да се нарече родител кој ги сака своите деца безусловно. Јас не сум родител, но според моите родители ќе се потрудам да не ги правам истите грешки со моите деца како што тие прават со мене.
Па мислам дека треба тука да се стави до знаење дека едно е кога родителот прекинал секаков контакт со своето поради некоја „X“ причина, а друго е кога станува збор за некакви неисполнети желби на самиот родител. Зошто ако говориме за првово тогаш можам да кажам дека љубовта на било кој родител спрема своето дете подлежи на некакви граници и норми. Зошто се спомена расправија и прекин на контакт. На пример, многумина родители знаат и да се откажат (и со право) од своите деца ако на пример истите ја преминале секоја граница и секој праг на толеранција. Значи мора да има добра причина за да дојде до тоа (до прекин на контакт), барем кога говориме за повеќето родители, не за сите, зошто сите се различни. Кога станува збор за второво (на пример кога родителот очекувал од своето дете да стане адвокат а станало нешто сосем друго во животот) можеби родителот ќе доживее некакво разочарување но на крајот (како и секој нормален човек) ќе се помири родителот со тоа и ќе го прифати секако своето дете какво што е.
Ако немале право да коментираат тие што се немајки, нека не коментираат и тие што не осетиле неправда од родител. Ама малку е невкусно кажано од моја страна нели? Сум пишувала стопати за ова Ќе сфатам во иднина дека најдобро мислела за мене. Како и' мислиш добро на ќерката ако ја нарекуваш курва? Како и' мислиш добро ако сакаш да и' ja расипеш среќната врска зошто ти си имала лош брак и си болно љубоморна на нејзината среќа? Како и' мислиш добро ако во лице и' кажуваш дека пред останатите луѓе ти е срам од неа само затоа што девојчето е повлечено и тешко комуницира со секого? Ако мислењето на комшиите ти е поважно од неа? Или ако финансиски не сакаш да ја обезбедиш зошто сметаш дека не е твоја работа? И овие нешта се одвиваале на многу посуров начин од овде кажаново Ќе звучам неблагодарно знам. Ама мене исто ќе ме боли шлаканицата што ќе ми ја удри родителот или парнерот. И тоа со партнерот ќе раскинам, а родител? Останува да трпиш. Мислам на она што го спонав претходно во темава. Лицемерна љубов е да го повредуваш детето, а да го заштитуваш од други, то ест глумиш дека го заштитуваш. Само не сакам никој да ме повредува.
@Kitten , @Someonespecial Во рани 20-ти сум. Спешлка е во право.Различни луѓе имаат различни животни искуства. Родител кој вистински и безусловно си го сака детето,не го уценува,не му се заканува,му помага кога има потреба,се тресе и гори за него/неа.Моите не се такви.
Начинот на воспитувањето и воспитните мерки кои ги превзема родителот, се утвари негов одраз, тоа што е он во суштина. Нормално дека не постои рецепт за успешно родителство, ама би рекла дека се стига близу до таму, ако и детето само на некој начин учествува во изградба на својот лик, а не да биде моделирано по шаблон од својот родител. Едноставно треба да се опсервира и да се забележуваат потребите и желбите на детето, и секако, во раните години, со благо умерени ограничувања и рестрикции. Никогаш не сум за конзерватизам, а мислам дека сите ќе се согласиме дека конзервативното подразбира построг начин на одгледување и некои не толку цивилизирани воспитни мерки. Ако еден ден бидам родител, едноставно знам дека повеќе ќе тежнеам кон полибералното.
Мислам дека родителската љубов најчесто Е безусловна. Проблемот е што доколку детето забега по грешен пат, без разлика дали е тоа дрога, коцка, насилство или недајбоже да стане убиец, родителот има право да се разочара. И кога детето ќе попушти со учење, критиките и притисоците не значат дека љубовта не е безусловна. Едноставно, не секој родител може да си дозволи да ги остави децата да грешат без да им помогнат да се сменат. Нормално, се треба да има граници и пристапот кон проблемот мора да е што е можно подобар за детето да сфати дека советите се добронамерни. Моите родители се далеку полиберални од родителите на моите другарки, но си имаат свои граници. Кога ќе ми спискаат затоа што не сум положила нешто, не значи дека моите оценки им се поважни од мене.
Знам за примери со кои можам и да го потврдам и да го демантирам прашањево. Затоа би рекол дека све зависи од личноста и нејзиниот ментален склоп.
Што според тебе е добра причина да се прекине контакт со своето дете? Еве ќе го кажам мојот пример. Мајка ми прекина секаков контакт со мене и со брат ми затоа што почнавме да го посетуваме нашиот татко. Добра причина, а?
Сум пропуштила, не сум видела за кој пример станува збор. Сеедно. Пак останува прашањето што е добра причина да се прекине контакт со сопственото дете?
Само сакам да кажам дека љубовта од родителите кон децата, не значи дека децата треба да се однесуваат како што сакаат спрема своите родители и воопшто да не ги почитуваат. Познавам пријателка на мајка ми што детето душата и ја извади. Ако нема добар однос родител-дете љубовта спласнува. Така мислам. Се оддалечуваат. Треба да се негуваат врските поготово во семејството.
Па досега сите коментари беа за тоа дека родителот секогаш го сака детето, дури и кога греши. Не викам дека е должен, ама и според логиката на повеќето и тогаш не би требало да се откаже од него. Велам според логиката. А дали ќе биде така, секој индивидуално одлучува.
Знам дека е само за родителската љубов темата. Но, сакав да спомнам малку и за односот на детето кон родителот.