1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали родителската љубов е навистина безусловна?

Дискусија во 'Дете' започната од RainBow, 16 декември 2018.

  1. +++

    +++ Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2017
    Пораки:
    1.752
    Допаѓања:
    8.058
    Па мислам дека споменав во последниот дел од мојот коментар дека кај повеќето постои добра причина што не мора да значи дека со сите е исто. А што се однесува на твојот пример: Ниту знам што се случило кај тебе, ниту пак сакам да се мешам. Не е тоа мој стил и начин.
     
  2. TashSefton

    TashSefton Популарен член

    Се зачлени на:
    30 септември 2016
    Пораки:
    224
    Допаѓања:
    1.743
    Немам многу време, дете спие... може ќе спие 3 саати, може 13 минути :)
    На темава: ја имав таа среќа да станам мајка и можам да кажам дека воопшто не ми се смениле ставовите од времето кога не бев родител. Го сакам безусловно и безгранично своето дете. Моја должност е да се погрижам да има безгрижно детство и да поставам цврсти темели за да се изгради во стабилна личност. Но, "фасадата" ќе си ја гради он, бидејќи е посебна индивидуа со свои афинитети, а не моја сопственост. Ако израсне во човек со доблести, емпатија, независност и чесност, тогаш ќе знам дека сум била добра мајка. А со што ќе одлучи да се занимава во животот, со кого ќе го дели креветот, дали ќе сака да има деца или не, тоа се работи за кои само тој одлучува. Мое и на татко му, е да му дадеме до знаење дека секогаш ќе ја има нашата поддршка и љубов, и тука сме кога ќе затреба.
    Но, немам намера да "живеам за него", и да го запоставувам мојот живот и брак, за да ги исполнам сите негови потреби. Таков товар и притисок нема да му наметнам, и од тоа не излегува ништо добро - ниту самостоен човек, ниту добар брак.
    А љубовта кон него секогаш ќе биде безусловна.
     
    На Sexybaby86, Someday, M&M и 3 други им се допаѓа ова.
  3. NarCis@

    NarCis@ Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2018
    Пораки:
    10.617
    Допаѓања:
    170.486
    Пол:
    Женски
    @nextredstyle во друга тема пред одреден период се искажа дека тантрумите се всушност невоспитаност, а после и да додадеш дека тантруми се јавуваат кај деца кои имаат недостаток на внимание. Сакам да кажам, дека со вакво мислење ако бидеш и кога ќе станеш родител, па и сега, не си ништо поразлична од оние кои не им веруваат на децата изложени на булинг. И за да не биде рекла-казала:
    Прочитај повеќе и немој да бидеш пример за "Крушата под круша паѓа.".
     
    На Sexybaby86, M&M, Lianna Anna и 3 други им се допаѓа ова.
  4. RedRevolution

    RedRevolution Популарен член

    Се зачлени на:
    7 август 2015
    Пораки:
    1.333
    Допаѓања:
    3.451
    Пол:
    Женски
    Според видеото во првиот коментар од темата, децата треба да се сакаат безусловно и да не очекуваме ништо од нив, да ги прифатиме такви какви што се, а што кога родителите кои целиот свој живот и внимание си го посветиле на детето добиваат шамар кога ќе остарат и се немоќни, а децата им се јавуваат еднаш месечно или одат да ги посетат кога имаат некаква потреба од нив или само колку да се рече заради тоа што им препишале некаков имот, или па и воопшто не ги посетуваат, тогаш домот и самотијата ли е решение за родителот...

    Што кога некои деца имаат страшни пороци, дрога, коцка, знаете колку родители се соочуваат и со физичко и психичко насилство од страна на децата за пари или имот?

    Морални услови секако дека постојат, очекувањата на родителите доаѓаат од посветеноста и љубовта кон децата, секако дека сите родители се трудат да ги воспитаат и издигнат своите деца, вложуваат напор да ги направат со еден збор добри луѓе своите деца.

    Никој не вика дека е нормално на родителот услов да му бидат конкретни очекувања како на пример, детето не станало доктор, врвен музичар или инжињер во НАСА, тоа е се веќе лични фрустрации на родителот, тоа се родители кои имаат деца кои сакаат да ги претворат во трофеи за фалба пред пријателите и општеството и да го покажат тоа како нивен личен успех.

    Но едни општи услови секако дека постојат, иако родителите никогаш не ја губат љубовта кон децата, сепак децата можат да им донесат огромни разочарувања и навреди на родителите, и тогаш ли треба да ги прифатат децата такви какви што се, секако дека не.

    Родителите не се безгрешни иако секој родител е нормално да го прави она што мисли дека е најдобро за своето дете, голем дел од однесувањето на сите нас е резултат на воспитувањето и љубовта од страна на нашите родители, но дел е и вродениот карактер на секој од нас.
     
    На Mari*, +++ и M&M им се допаѓа ова.
  5. NarCis@

    NarCis@ Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2018
    Пораки:
    10.617
    Допаѓања:
    170.486
    Пол:
    Женски
    И тука родителите потфрлиле. Некогаш, некаде, за нешто.
     
    На zuto му/ѝ се допаѓа ова.
  6. RedRevolution

    RedRevolution Популарен член

    Се зачлени на:
    7 август 2015
    Пораки:
    1.333
    Допаѓања:
    3.451
    Пол:
    Женски
    Верувај знам неблагодарни деца чии родители мака мачат од нив ни криви но должни.

    Родители грешат и потфрлаат, па луѓе сме сите, не сме совршени машини, а и секогаш грешките на родителите се ненамерни, секогаш е се со најдобра намера кон децата.

    Ама воспитувањето на една личност не трае само додека мама и тато ја држат за рака, потоа децата растат и созреваат и надвор од семејството, се надградуваат како личности, преку дружба со пријатели, образование, работа, созреваат и и самите можат да ги увидат грешките на своите родители па да не ги повторуваат во воспитувањето на нивните деца.

    Безусловната љубов е обострана во раното детство, после е нормално родителите да бараат резултат од нивните вложувања, не е лесно воспитувањето деца, па така доаѓаат и разочарувањата.
     
  7. NarCis@

    NarCis@ Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2018
    Пораки:
    10.617
    Допаѓања:
    170.486
    Пол:
    Женски
    Мислам дека не се разбираме.
    Кој мисли дека греши намерно или па дека греши воопшто? Еве пример од претходната страна, мајка ја тера да се мажи ќерката за да има место за братот и снаата. Мислиш дека таа мајка мисли дека греши? И дека не е во ред тоа што го прави? За сѐ има акција и реакција. И кај родителите што мислат дека на децата им даваат "сѐ", очигледно не им го даваат тоа што им треба.
     
    На Rebecca_R и RoseRain им се допаѓа ова.
  8. RedRevolution

    RedRevolution Популарен член

    Се зачлени на:
    7 август 2015
    Пораки:
    1.333
    Допаѓања:
    3.451
    Пол:
    Женски
    Прво не сме сите луѓе исти, секакви не има, дури и онакви кои сопствената среќа ја ставаат пред таа на децата, потоа и оние кои фаворизираат едно дете над другото и други разни за мене несфатливи примери.

    Јас мислам дека убаво те разбрав, лошото однесување на детето е резултат на пропусти од страна на родителите, тоа сакаш да ми кажеш, разбирам. Се сложувам, во некои случаи таму лежи проблемпт целосно а во некои делумно.

    Затоа и реков дека децата се дооформуваат и надвор од домот на мама и тато, и доколку сфатат каде грешеле нивните родители, не треба да ги повторуваат грешките.

    А конкретно во случајов се работи за традиционално воспитана мајка, ситуација каде веројатно и просторот се стеснува како се шири семејството, а она не мисли дека греши, веројатно така била традиција во нејзиното семејство и никогаш тоа не го сметала за погрешно, затоа и ја продолжува традицијата, смета дека така е редот.

    Но ќерката утре нема да ја продолжи традицијата, затоа што знае дека тоа е погрешно. Мене ми се повраќа конкретно од примери '' се или повеќе на машкото'' во 21 век... ужас.

    Но сепак овој пример нема врска со љубовта, има со традицијата.
     
    На +++ му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Peperutce1115

    Peperutce1115 Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јануари 2014
    Пораки:
    2.488
    Допаѓања:
    22.683
    Со оглед на тоа што не сум родител не сум ни доволно компетентна да зборувам за безусловна љубов од страна на родителите. Но можам да зборувам од аспект на дете, како јас ја чувствувам љубовта од моите родители.

    Да, ќе кажам дека јас ја чувствувам како безусловна. Љубовта се покажува на различни начини и низ различни ситуации. Од моментите кога ми било тешко, кога сум била болна и врзана за кревет, до моментите кога сум врескала од среќа, секогаш биле до мене. Постоеле моменти и кога сум ги разочарала и не сум ги исполнила нивните очекувања, но повторно биле тука до мене. Можеби сметале дека грешам и не сум во право, ми укажувале, но никогаш не направиле да се чувствувам лошо поради тоа и не влијаеле на моите одлуки. Напротив, се труделе да ми укажат на грешката и да ме натераат да извлечам поука од сето тоа. Едноставно прифатиле дека јас сум индивидуа одвоена од нив и треба да станам стабилна личност која утре сама ќе се носи низ животот и треба да донесува одлуки во суровиот свет. Тоа се луѓето што ме научиле да го почувствувам првиот облик на љубовта, се потрудиле да имам прекрасно и безгрижно детство. Дури и во моментите кога не биле физички блиску до мене (што во мојот случај било доста често) јас едднакво сум ја чувствувала љубовта од двајцата.

    Пак ќе кажам, не сум родител, но во моите очи родителската љубов изгледа безгранично и безусловно. Се надевам, дека моите ставови нема да се сменат и ќе можам на моите деца да им го пружам барем половина од тоа што тие ми го пружиле мене.
     
    На Melinda85, Luminary и zuto им се допаѓа ова.
  10. LaDyDoLl

    LaDyDoLl Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    4.223
    Допаѓања:
    30.303
    Пол:
    Женски
    Безусловно дадена од моите родители и безусловно ја пренесувам на моето дете. За моето чедо да ме засака, не треба да го условувам со нешто. Тоа невино суштество или сака или не. А децата најискрено ја искажуваат својата љубов.
    Па какво гушкалче и мазалче имам дома, нон стоп не' гушка и ни' кажува колкава е неговата љубов кон нас.
    И знаете, прашува дали сонцето е подалеку од облаците, па ќе му одговориме и вика,, ете до таму ве сакам и назад и подалеку,,
    Е таа е суштината на безусловната љубов.
    Да умееш да сакаш без да бараш за возврат.
     
    На Lolipop23 и Luminary им се допаѓа ова.
  11. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.793
    Допаѓања:
    65.509
    Пол:
    Женски
    Мислам дека дури и кога родителите се свесни зошто детето не сака да збори со нив не го кажуваат тоа, туку само викаат еххх, ете неблагодарни, они најдобри родители, а детето така им враќа. Ама во повеќето случаеви секогаш има причина за однесувањето на детето и што тој родител му направил за да не сака веќе да комуницира со него. Кој би отфрлил грижлив родител и полн со љубов? Дури и најзафатени да сме ќе се најде време да се искомуницира.
     
    На Lolipop23, zuto, Tan4ence и 2 други им се допаѓа ова.
  12. NarCis@

    NarCis@ Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2018
    Пораки:
    10.617
    Допаѓања:
    170.486
    Пол:
    Женски
    Тоа ми е цело време поентата. Секогаш има силна причина за таков однос. Ама секој си ја врти приказната во негова корист.
     
    На zuto, Tan4ence, Rebecca_R и 2 други им се допаѓа ова.