До каде може да оди човековата злоба? Зошто луѓето не знаат да шират љубов и позитивна енергија? Изреволтирана од еден настан, цел ден ми се вртат овие прашања. Како може возрасна жена (не би можела да ја наречам госпоѓа, затоа што не го заслужува тој епитет), вербално да нападне дете со посебни потреби. Коментари од типот: многу си досадна, не престана да пишуваш, направи некој домаќински муабет, уште ли не излезе од групата. прекини да објавуваш твои фотографии, сите од култура ти викаат дека си убава итн итн... Зошто ако некое дете го прават среќно убавите зборови на една нејзина фотографија, желбата да се спријатели со некој и да може да биде иста како сите останати, на некој тоа му пречи и му ја уништува среќата? Не сретнав до сега ваква тема доколку има, слободно избришете ја.
Има добри луѓе ама добрите луѓе наидуваат на отфрлања. Едноставно, сум забележала дека лош човек и добар човек не можат да бидат во тандем, било да станува збор за пријателство или врска. Едноставно, карактерите не им се поклопуваат. Ќе се најде некој да плука по добрите па после вели А каде се добрите? Факт е дека добрината се бара ама не се цени. Има исклучоци. Секоја чест за тие што знаат да препознаат вистинска добрина и истата да ја ценат. И да возвраќаат со добро. Инаку, за жал, денес се повеќе луѓе ги има како во примерот во воведот, што немаат толеранција, разбирање, емпатија, грижа... Состојбава со човештвово е навистина загрижувачка. Родителите најпрво треба да се погрижат какви генерации оставаат. Но денес се' во пропаст оди.
Знам за што збориш. Не видов дека девојката е со посебни потреби, но јасно беше дека има некој проблем со себе си. Зборот ми беше да ти кажам дека мојата претпоставка е дека ја заебавале на школо дека нема никој, нема пријатели и некој и предложил за групата и тоа е таа манипулација што се сведува на нејзино ниво. За жал, не велам дека не е интелегентна туку дека е премногу опседната со фејсбукот и виртуелните пријатели. Не верувам дека некој ќе и пружи рака и ќе пие кафе со неа, само и ласкаат а нејзе тоа и годи и мисли дека сите ја сакаат, ја обожаваат, а сите само ја сожалуваат што според мене тоа е лицемерие. Сметам дека девојчето има потреба од стручно лице кое ќе и помогне да се пронајде себе си, да се засака самата себе си, да излезе од овој виртуелен свет. Мене ми е жал за неа, што одреден круг на луѓе ја учат како да постапи и да се однесува. Сите луѓе се добри, само треба да се искорени добрината од нив.
Постојат луѓе кои не мислат така. Тоа се оние кои се свесни за своите постапки и имаат високо развиена совест.
,Доволно е една слика нејзина да видиш и да сфатиш дека е со посебни потреби. А претпоставката мислим дека не ти е на место по мое од причина што девојчето пред 5 години има завршено школо. Опседната е со фејсбукот можеби затоа што во реалниот свет нема многу пријатели,а сепак сака да ги има. Не се сите така лицемерни, јас прва би и пружила рака и би пиела кафе со неа. И да подобро на такво девојче да и ласкаш ако тоа ја прави среќна, отколку да ја вреѓаш и напаѓаш, тие лица се многу поосетливи. Некои изгледа злобата ги обзела, па заборавиле за добрина.
Ме претрка моме, ме превари, што би реклеУБАВА ТЕМА НАВИСТИНА Пред некој ден и јас размислував за вакви моабети, сакав да отворам слична тема, но мојот наслов ќе беше заклучок, се разбира мој, тврдење дека ЛУЃЕТО ВО НИВНАТА ПРИРОДА СЕ ЛОШИ, СЕБИЧНИ САМОЖИВНИЦИ.... Тие што се добри наизглед, всушност само умеат добро да глумат пред народ, добро да ја кријат својата темна страна.
Се повеќе расте бројот на таквите луѓе, и се повеќе секојдневно се разочаруваме од тоа какви луѓе постојат. Повеќе гледаат да наштетат и да навредат, понижат некого, отколку да направат некое добро дело.
Не ме разбра убаво душо, јас тврдам дека човекот по природа е лош...се згрозувам од секојневниве морбидни работи како и во комшилуков, како и во државава, така и во цел свет. Денес видов слики на изгладнети бебиња, живи мали костурчиња.. Душава ми се стегна, не сакам да ги постирам сликите оти се премногу тешки за гледање, жалосно...во денешно време кога храна се фрла со тони!???
Мислев и јас пред некое време, но така ме разочарале, фрапирана сум...мислев дека скапоцен камен се крие во школката, но излезе добро маскиран лошотилук.
Расте. Се ситат, понижуваат, навредуваат, се прават паметни. Добро дело, ооооф па тоа е непознат поим за многу луѓе. Луѓето се хранат со злоба.
Добри луѓе има. Може се во помал број од лошите, но ги има. Прочитав една статија пролетва мислам беше за една баба што закачила лист со оглас во влезот на нејзината зграда дека ги загубила последните 500 денари. На авторов му паднало жал, зел 500 денари од своите и се качил до кај нејзе да и ги "врати". Таа културно се заблагодарила и му рекла дека тој е 5тиот чесен "пронаоѓач" тој ден. Не знам дали е вистинита, но без разлика, кога читам вакви приказни, душата ми се исполнува. Јас не сум совршена, а тие ме инспирираат да се подобрам за самата да бидам промената што ја барам во светот. Денес е тешко за да опстане еден добар човек, оти ако си добар е исто како да си овца меѓу ѕверови што одвај чекаат прва прилика да ти ги заријат ноктите. Семејства се караат за пари, браќа не зборуваат заради имот што еден ден ќе стане прашина, сопружници што изневеруваат. Ако си добар со луѓето ќе те згазат. И затоа доста често добриот човек се крие зад маската на злото, само за да преживее во таа јама со ѕверови без да сфати дека таа бргу ќе зарасне за неговата кожа, па тој станува нешто што си ветил дека никогаш нема да биде...
Според мене, состојбата е таква каква што сите сме забележале дека е, токму поради една причина: сиромашна (опустошена) држава. Во ситуација каде секој се бори за да преживее, трпи секојдневен мобинг за да обезбеди храна и плати сметки, се крши нешто во човекот и станува волк. Затоа и со посебно уживање се гледа на нечија несреќа. Има исклучоци од ова, се разбира, ама мнозинството се препуштаат на инстинкт за преживување. Не постои никакво оправување, ама пак ќе потенцирам, сиромаштијата и нискиот стандард го прават своето.
1. Како бе сите сте добри, и се некој ве заебува баш вас? Како сите се злобни и користољубиви, освен вие шо се жалите, секако.. 2. На темава ќе кажам само дека жената е дебилка, а не цел човечки род. П. С. Денес не се луѓето полоши од порано, него можете подобро да ги запознаете преку социјалните мрежи.
Пред да коментираме дали и колку сè уште постојат, треба пред cè самите да се потрудиме да бидеме од тие добри луѓе во денешно време.