1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали сè уште постојат добри луѓе?

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од sunshine96, 24 октомври 2017.

  1. sunshine96

    sunshine96 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 март 2017
    Пораки:
    104
    Допаѓања:
    223
    Пол:
    Женски
    До каде може да оди човековата злоба?
    Зошто луѓето не знаат да шират љубов и позитивна енергија?
    Изреволтирана од еден настан, цел ден ми се вртат овие прашања.
    Како може возрасна жена (не би можела да ја наречам госпоѓа, затоа што не го заслужува тој епитет), вербално да нападне дете со посебни потреби. Коментари од типот: многу си досадна, не престана да пишуваш, направи некој домаќински муабет, уште ли не излезе од групата. прекини да објавуваш твои фотографии, сите од култура ти викаат дека си убава итн итн...
    Зошто ако некое дете го прават среќно убавите зборови на една нејзина фотографија, желбата да се спријатели со некој и да може да биде иста како сите останати, на некој тоа му пречи и му ја уништува среќата? (facepalm)

    Не сретнав до сега ваква тема доколку има, слободно избришете ја.
     
    На Плавуша123, Crna Dama, Meckicja и 3 други им се допаѓа ова.
  2. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.055
    Допаѓања:
    76.056
    Пол:
    Женски
    Има добри луѓе ама добрите луѓе наидуваат на отфрлања. Едноставно, сум забележала дека лош човек и добар човек не можат да бидат во тандем, било да станува збор за пријателство или врска. Едноставно, карактерите не им се поклопуваат. Ќе се најде некој да плука по добрите па после вели А каде се добрите? Факт е дека добрината се бара ама не се цени. Има исклучоци. Секоја чест за тие што знаат да препознаат вистинска добрина и истата да ја ценат. И да возвраќаат со добро. Инаку, за жал, денес се повеќе луѓе ги има како во примерот во воведот, што немаат толеранција, разбирање, емпатија, грижа... Состојбава со човештвово е навистина загрижувачка. Родителите најпрво треба да се погрижат какви генерации оставаат. Но денес се' во пропаст оди.
     
    На Arthur, Crna Dama, PaLaVa и 8 други им се допаѓа ова.
  3. Mamli

    Mamli Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2017
    Пораки:
    1.501
    Допаѓања:
    4.239
    Пол:
    Машки
    Сите луѓе за себе мислат дека се добри.
     
    На Lolo5, Arthur, Nausicaa и 12 други им се допаѓа ова.
  4. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.169
    Допаѓања:
    177.062
    Пол:
    Женски
    Знам за што збориш.
    Не видов дека девојката е со посебни потреби, но јасно беше дека има некој проблем со себе си.
    Зборот ми беше да ти кажам дека мојата претпоставка е дека ја заебавале на школо дека нема никој, нема пријатели и некој и предложил за групата и тоа е таа манипулација што се сведува на нејзино ниво. За жал, не велам дека не е интелегентна туку дека е премногу опседната со фејсбукот и виртуелните пријатели.
    Не верувам дека некој ќе и пружи рака и ќе пие кафе со неа, само и ласкаат а нејзе тоа и годи и мисли дека сите ја сакаат, ја обожаваат, а сите само ја сожалуваат што според мене тоа е лицемерие.
    Сметам дека девојчето има потреба од стручно лице кое ќе и помогне да се пронајде себе си, да се засака самата себе си, да излезе од овој виртуелен свет.
    Мене ми е жал за неа, што одреден круг на луѓе ја учат како да постапи и да се однесува.
    Сите луѓе се добри, само треба да се искорени добрината од нив.
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.055
    Допаѓања:
    76.056
    Пол:
    Женски
    Постојат луѓе кои не мислат така. :) Тоа се оние кои се свесни за своите постапки и имаат високо развиена совест.
     
    На Lolo5, Arthur, Meckicja и 3 други им се допаѓа ова.
  6. sunshine96

    sunshine96 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 март 2017
    Пораки:
    104
    Допаѓања:
    223
    Пол:
    Женски
    ,Доволно е една слика нејзина да видиш и да сфатиш дека е со посебни потреби. А претпоставката мислим дека не ти е на место по мое од причина што девојчето пред 5 години има завршено школо. Опседната е со фејсбукот можеби затоа што во реалниот свет нема многу пријатели,а сепак сака да ги има. Не се сите така лицемерни, јас прва би и пружила рака и би пиела кафе со неа.
    И да подобро на такво девојче да и ласкаш ако тоа ја прави среќна, отколку да ја вреѓаш и напаѓаш, тие лица се многу поосетливи.
    Некои изгледа злобата ги обзела, па заборавиле за добрина.
     
    На Плавуша123, BabyStyle и Tanjamm им се допаѓа ова.
  7. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.582
    Пол:
    Женски

    Ме претрка моме, ме превари, што би рекле;)УБАВА ТЕМА НАВИСТИНА(y)

    Пред некој ден и јас размислував за вакви моабети, сакав да отворам слична тема, но мојот наслов ќе беше заклучок, се разбира мој, тврдење дека ЛУЃЕТО ВО НИВНАТА ПРИРОДА СЕ ЛОШИ, СЕБИЧНИ САМОЖИВНИЦИ:wasntme:....
    Тие што се добри наизглед, всушност само умеат добро да глумат пред народ, добро да ја кријат својата темна страна.:emo:
     
    На Lianna Anna, Dust, Crna Dama и 3 други им се допаѓа ова.
  8. sunshine96

    sunshine96 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 март 2017
    Пораки:
    104
    Допаѓања:
    223
    Пол:
    Женски
    Се повеќе расте бројот на таквите луѓе, и се повеќе секојдневно се разочаруваме од тоа какви луѓе постојат. Повеќе гледаат да наштетат и да навредат, понижат некого, отколку да направат некое добро дело. :wasntme:
     
    На PaLaVa, TRANSPORTER086, Tanjamm и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.582
    Пол:
    Женски
    Не ме разбра убаво душо, јас тврдам дека човекот по природа е лош...се згрозувам од секојневниве морбидни работи како и во комшилуков, како и во државава, така и во цел свет.
    Денес видов слики на изгладнети бебиња, живи мали костурчиња.. Душава ми се стегна, не сакам да ги постирам сликите оти се премногу тешки за гледање, жалосно...во денешно време кога храна се фрла со тони!???;(
     
    На Lianna Anna му/ѝ се допаѓа ова.
  10. LanaSGirl

    LanaSGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2016
    Пораки:
    372
    Допаѓања:
    1.116
    Пол:
    Женски
    Постојат! Баш тие лошите
     
  11. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.582
    Пол:
    Женски
    Како му доаѓа ова...две во едно!??
     
  12. shz

    shz Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    5.920
    Допаѓања:
    49.981
    Пол:
    Женски
    Постојат добри луѓе, но многу тешко се наоѓаат и се многу ретки како некои скапоцени камења.
     
    На Crna Dama, BlackAndWhiteSwan, TRANSPORTER086 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.582
    Пол:
    Женски
    Мислев и јас пред некое време, но така ме разочарале, фрапирана сум...мислев дека скапоцен камен се крие во школката, но излезе добро маскиран лошотилук.
     
    На shz му/ѝ се допаѓа ова.
  14. TheGirl23

    TheGirl23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 септември 2017
    Пораки:
    308
    Допаѓања:
    2.904
    Пол:
    Женски
    Со лупа да ги бараш, тешко ќе ги најдеш.
     
    На Crna Dama и baba Rada им се допаѓа ова.
  15. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.004
    Допаѓања:
    11.125
    Расте. Се ситат, понижуваат, навредуваат, се прават паметни. Добро дело, ооооф па тоа е непознат поим за многу луѓе. Луѓето се хранат со злоба.
     
    На eliesaab, PaLaVa, sunshine96 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. MynameisHelen

    MynameisHelen Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2015
    Пораки:
    289
    Допаѓања:
    4.219
    Пол:
    Женски
    Добри луѓе има. Може се во помал број од лошите, но ги има.

    Прочитав една статија пролетва мислам беше за една баба што закачила лист со оглас во влезот на нејзината зграда дека ги загубила последните 500 денари. На авторов му паднало жал, зел 500 денари од своите и се качил до кај нејзе да и ги "врати". Таа културно се заблагодарила и му рекла дека тој е 5тиот чесен "пронаоѓач" тој ден.

    Не знам дали е вистинита, но без разлика, кога читам вакви приказни, душата ми се исполнува. Јас не сум совршена, а тие ме инспирираат да се подобрам за самата да бидам промената што ја барам во светот.

    Денес е тешко за да опстане еден добар човек, оти ако си добар е исто како да си овца меѓу ѕверови што одвај чекаат прва прилика да ти ги заријат ноктите. Семејства се караат за пари, браќа не зборуваат заради имот што еден ден ќе стане прашина, сопружници што изневеруваат. Ако си добар со луѓето ќе те згазат. И затоа доста често добриот човек се крие зад маската на злото, само за да преживее во таа јама со ѕверови без да сфати дека таа бргу ќе зарасне за неговата кожа, па тој станува нешто што си ветил дека никогаш нема да биде...
     
    На Tanjamm, PaLaVa, mami blue и 4 други им се допаѓа ова.
  17. Aquamarine93

    Aquamarine93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2016
    Пораки:
    815
    Допаѓања:
    3.753
    Пол:
    Женски
    Според мене, состојбата е таква каква што сите сме забележале дека е, токму поради една причина: сиромашна (опустошена) држава. Во ситуација каде секој се бори за да преживее, трпи секојдневен мобинг за да обезбеди храна и плати сметки, се крши нешто во човекот и станува волк. Затоа и со посебно уживање се гледа на нечија несреќа. Има исклучоци од ова, се разбира, ама мнозинството се препуштаат на инстинкт за преживување.
    Не постои никакво оправување, ама пак ќе потенцирам, сиромаштијата и нискиот стандард го прават своето.
     
    На Nausicaa, Tanjamm, PaLaVa и 6 други им се допаѓа ова.
  18. melnicanecot

    melnicanecot Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2016
    Пораки:
    255
    Допаѓања:
    786
    Пол:
    Машки
    има погледни во огледало .....
     
    На Arthur му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Gosh

    Gosh Мразачка на луѓе

    Се зачлени на:
    10 октомври 2015
    Пораки:
    2.500
    Допаѓања:
    33.310
    1. Како бе сите сте добри, и се некој ве заебува баш вас? Како сите се злобни и користољубиви, освен вие шо се жалите, секако..

    2. На темава ќе кажам само дека жената е дебилка, а не цел човечки род.

    П. С. Денес не се луѓето полоши од порано, него можете подобро да ги запознаете преку социјалните мрежи.
     
    На Arthur, Lianna Anna, Nausicaa и 7 други им се допаѓа ова.
  20. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.088
    Допаѓања:
    163.456
    Пол:
    Женски
    Пред да коментираме дали и колку сè уште постојат, треба пред cè самите да се потрудиме да бидеме од тие добри луѓе во денешно време.
     
    На Lianna Anna, Nausicaa, poenta и 6 други им се допаѓа ова.